Да ја тргнеме на страна вмешаноста на шоферов, дали бил дел од екипава монструми или не знаел ништо, ќе истражат и ќе се дознае, веќе сто пати беше и тука пишано и од медиуми соопштено, Палчо од Македонија искача најнормално, ко слободен граѓанин во тој момент. Палчо во Турција влегува најнормално, ко слободен граѓанин во тој момент, сабота навечер, значи скоро 24 часа пред воопшто да се објави дека е главен осомничен во неделата навечер. Не знам која е тоа цела држава што го бара во сабота навечер. Монструмот воопшто до неделата навечер никој не го ни спомињаше на било кој начин со случајов. Тек во неделата искочија некои шпекулации дека има приведени лица, па и да се сомневаат се повеќе дека детето е киднапирано. Полицијата го сомничи уште од петокот, ама исто и знаеле уште од тогаш дека он веќе не е во Македонија. Така да, кога одат у Туриција, не само што не го бара цела држава, туку никој (освен МВР) не ни помислува дека он има било каква врска со случајов.