Случајот е апсурден да, ама незнам зашто ги кривите МВР за све.
Тоа е пред се медиумска некомпетентност што се шират сикакви информации по јавноста пред да бидат проверени.
А и МВР да објавиле погрешен датум за јавноста, додека тоа све им е евидентирано како што треба во пријавите што ќе ги предадат на обвинителството нема да има никаков спор низ судењето. На 25ти е пријавен човекот од Велес за исчезнат, претпоставувам на МВР им требало некој ден да утврдат дали стварно и возилото е исчезнато или го има он негде паркирано низ Велес.
Не е дека МВР се некометентни него и они имаат милион процедури кои треба да ги завршат пред да ги објават информациите за јавноста. Освен тоа ова е група која најверојатно многу работи како и убиството и киднапирањето ги направиле некако спонтано, па и на МВР им е најверојатно тешко да воочат одеднаш што се случило и све тоа треба да иде низ низа распити. А во исто време низ социјалниве мрежи се шират секакви теории што исто им пречат. Кажаа дека имаат поднесено кривични пријави за секој од нив над 100 страни, што значи дека имаат доста докази собрани и не верувам дека е можно да го заебат случајов.
Јас до сега сите работи што ги имам пишано на темава се стриктно од изјави од официјални лица, кои потоа нашиве новинари verbatim ги имаат пренесено директно од официјални лица.
Да претпоставиме дека кога во петокот рекоа дека воделе разговори/земале искази со многу лица, помеѓу кои сигурно биле и овие сега што се притворени, до понеделникот кога излегоа на прес, ваљда тоа детективите на распит успеале да извлечат повеќе информации во врска случајот и да пренесат одредени информации до јавноста за случајот.
И доаѓа пресот и ваљда обвинителот беше, не ми текнува точно кој, кажува го утепале девојчето и потоа ќе барале пари?
И сега тука некои членови што изиграваат натмени и како они да се најпаметните на светот, ќе кажуваат како не треба да го дискутираме ова?
Обуџико вика за колата дознале на 27, додека во медиумите има информација за тоа дека возилото е пријавено дека фали на 25, два дена порано од тоа што го вика министерот.
Едно е да е лапсус, другу е да е контрадикторна изјава спротивна со познатите факти.
Потоа имаш и за мотивот, пак од обвинителот изјава, еднаш вика дека е користољубие, потоа вика најверојатно мотивот е користољубие. Едно е кога тврдиш, друго е кога е најверојатно.
И кажи ми како да не дискутираме за самото киднапирање?
Во сред бел ден, кога тој дел од Дебар Маало е прилично раздвижен, они киднапираат девојче во влез кои потоа го ставаат во вреќа за спиење и го ставаат во гепек.
Што треба да правиме, да го игнорираме ова и само да ја земеме информацијава здраво за готово?
Не е чудно ова, или ќе вртиме во круго и ќе кажуваме што смее и што не смее да дискутираме за ваков случај кој што прв пат се случува во Македонија?