Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Ова со задушување во гепек ми држи вода, бидејќи е останата да дише само преку нос (бидејќи устата е залепена за да не писка), а во таа паника, пулсот чука на максимум и телото не може да се снабди со доволно кислород, па следи удар.

Киднаперите немаат грам мозок за вакво сценарио да предвидат. Жално.

Атлетичарите најдобро знаат на каков пулс станува невозможно да се дише преку носот.
 
Ќе видиме тоа. Уште од сам старт смрди како сам он е побегнат, а другиве клошари се поапсени.
Па нормално дека ќе бега, имаш 5 сведоци од кој едниот е таткото, знае дека ќе пропее некој, зошто да седи и да го апсат. Овие клошариве немале можност да бегаат иначе и они ќе биле некаде.
 
Атлетичарите најдобро знаат на каков пулс станува невозможно да се дише преку носот.
Ја знам, али тоа е од преголем напор и замор, не на психичка база.
Мене после една трка, саат време ми требаше да го вратам дишењето на нормала.
 
1. Ова убиството нема форми на "користољубие"

2. Не постои конкретно дејство на уцена и изнуда.

3. Девојчето е киднапирано за да биде егзекутирано.

4. Причината за тоа може да биде, дека таа нешто знаела, била сведок на нешто што можело да упропасти нечија кариера бизнис или живот, можеби сакала да обзнани нешто, можеби била злоупотребена од некоја битна (моќна) фаца или сл.

5. Телото мора да биде на детална и професионална обдукција под независен и сигурен надзор од повеќе лица, за да не се остави простор дека ќе се прикрие нешто што може да даде вистински показатели за причините за убиството.

6. Признанијата на учесниците не смеат веднаш да се земат здраво за готово без разлика колку и да соодветсвуваат со некакви материјални докази зошто истите можеби да се и така наместени да изгледаат баш така. Нивните искази во побитниот дел се сведуваат дека така им кажал егзекуторот (планерот) , а тоа никако не мора да значи дека тој им ја кажувал вистината.

7. Не е ништо толку едноставно, ниту лесно и наивно, да се убиваат луѓе , а извршителот првото убиство многу повеќе денови , а второво (малолетно девојче) три дена откога е егзекутирана, убиецот да функционира нормално и мува да не го лази. Тој се чувствувал многу сигурен и доволно безбеден и си функционира како и секој друг ден, а таков може да биде само и само ако нарачателот или оној за кого работи е многу моќен за да му ја обезбеди таа комоција.

8. Да имате храброст да егзекутирате втора жртва со возило кое е сопственост на веќе убиено лице по кое полицијата трага мора да произлегува од висока моќ.

9. Да вмешаш толку сведоци (непрофесионалци) кои брзо ќе "пропеат" и да оставиш толку видливи траги (пред камери и сл.) мора да си сигурен дека тоа никој нема да го гледа.

10. Треба да се бара нарачателот, тој е најбитниот во овој случај, актерите се повеќе или помалку ете сите тука.

Има уште многу прашања , има уште многу за докажување и ова не смее да заврши само на исказите на двајца учесници кој очигледно се најмени и не биле и сеуште не се ни свесни самите во што се сплеткани и за што точно ќе бидат употребени.
И ти ли ќе алудираш на: дип стејт, масонски ложи кои ги местат “патриотиве”?!

Алооо! Тој што фали е психопатскиот мастермајнд, и веруј ми дека за брзо ќе го најдат! Не ве спасуваат ни харпови, ни кем треилс муабети!
 
А да не е некоја педофилска афера? Не ми е логичен мотивот за изнуда на пари.
 
Палчо заминал уште во средата, за 5 дена тој може слободно кај сака да отиде. Господ не го наоѓа веќе. Ништо чудно да продава идеологии во Еквадор негде сега.

А за таткото ништо чудно и да го пуштат на слобода ако не најдат докази дека навистина им дал информација. Зборот на оние што ги уапсија не вреди ич моментално. Така да само може да негира и на слобода ќе си е.
 
Чим е волку ладнокрвен и после 2 убиства си пишува на фб наредни 5 дена ова 100% не му се први убиства

Илија се нашол на погрешно место дур овој барал и копал злато околу Демир Капија и бил убиен, најверојатно Палчо и тогаш го фатило паника, дека Илија го следи или му се споила некоја друга теорија на заговор
Јас 90% се сомневам на него пошто момчето го знаело теренот и често си планинарел на околните ридчиња
Чекајте сега, не сум во тек. И друг ли случај има или ова е нешто од претходно за кое што се мисли дека го направил?
 
Која педофилска афера бре, 4 се замешани.
Плус убиството на старецот од Велес, тоа од старт се елиминира.
Знае некој после колку време следи обдукција и кога ќе изнесат во јавност ?
 
Чекајте сега, не сум во тек. И друг ли случај има или ова е нешто од претходно за кое што се мисли дека го направил?
Моментално се потсетува народот на сите стари и нерешени случаи…
Наоѓаат некоја заедничка нишка и пробуваат да поврзат дали можеби постои вмешаност на истиот психопат!
 
Палчо заминал уште во средата, за 5 дена тој може слободно кај сака да отиде. Господ не го наоѓа веќе. Ништо чудно да продава идеологии во Еквадор негде сега.

А за таткото ништо чудно и да го пуштат на слобода ако не најдат докази дека навистина им дал информација. Зборот на оние што ги уапсија не вреди ич моментално. Така да само може да негира и на слобода ќе си е.
Палчо пиее коктели и гледа подкаст со Гревче Златев и Ивица Округлевски , а Обуџико појма немаше кај е заминат. Информацијата дека е у Бугарија му е лажна. Од Београд којзнае кај има летнато со авионче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom