Исчезнати лица

Член од
14 август 2018
Мислења
4.633
Поени од реакции
10.320
Пред неколку години (не многу одамна, мислам 2016/7та?) имаше случај каде тренер по стрелаштво, со убава историја и награди, почитуван во градот, беше во неколку наврати силувач на малолетно девојче, се додека истото не собра храброст да го пријави. Потоа се собраа докази, и мислам дека сеуште е во затвор. Некои луѓе знаат добро да ги кријат своите психички недостатоци, тоа најчесто ескалира со семејно насилство и слично, или нешто посериозно како ова. Прашањето е само: Кога ќе ескалира?..

Како и да е, не смееме да судиме додека не се докажи спротивното. А тогаш, следува друг принцип, како што пишал Ќосето.
Знаеш, не за џабе се вика,пресумпција на невиност! Треба да се докаже првин кој и за што е крив…
Тука се согласуваме.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.633
Поени од реакции
10.320
Да сеуште не се знае, и тие што не се извршители неможам да разберам зошто не пријавиле ако биле сведоци на такви чинови.
Треба да се одовара за соучесништво.
Истото ова и мене ме буни…
Пр. јас сум возачот, а патниците прават голема беља! Сведок сум на нешто!
Па мајке му, ако имам грам совест ќе најдам начин да се пријавам и јас а богами и нив!
Ако не си направил ништо лошо, а ќутиш, уште поголема беља правиш. Соучесник стануваш!
 
Член од
20 декември 2013
Мислења
203
Поени од реакции
110
На овој последниов што го привеле устата му е врзана или ја трипам?
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.637
Поени од реакции
5.489
Истото ова и мене ме буни…
Пр. јас сум возачот, а патниците прават голема беља! Сведок сум на нешто!
Па мајке му, ако имам грам совест ќе најдам начин да се пријавам и јас а богами и нив!
Ако не си направил ништо лошо, а ќутиш, уште поголема беља правиш. Соучесник стануваш!
На фејсбук пишува дека тренеров порано има работено како возач, но во право си, секој од нив треба да одговара за своите постапки а и за непостапување, оти ако се вкупно 5 души барем тројца или четворица имале шанса да пријават.
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.451
Поени од реакции
1.886
Знаеш, не за џабе се вика,пресумпција на невиност! Треба да се докаже првин кој и за што е крив…
Тука се согласуваме.
Апсолутно, не ми текнуваше само точно. Учевме во средно за тоа, Конституционо право.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.633
Поени од реакции
10.320
На фејсбук пишува дека тренеров порано има работено како возач, но во право си, секој од нив треба да одговара за своите постапки а и за непостапување, оти ако се вкупно 5 души барем тројца или четворица имале шанса да пријават.
Не знам дали ти текнува, за убиството во рибниот ресторан во СК?! (Поодамна е!)
Малку обратен случај од овој, каде должник ликвидира лихвари со калаш!
Поентата ми е: меѓу жртвите имаше и еден генерација ми беше. Братучед му бил на Ркулот, а инаку лузер како таксист работеше.
Е баш тој ден, се нафанал да ги вози за ск, да изиграва мафијаш покрај тие.
Го утепаа ни крив ни должен како куче! Остави жена и дете.

Е тоа е што викаат: покрај сувото гори и суровото.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.308
Поени од реакции
18.528
Малце офтопик ќе одам, овие сторителите се ист профил на луѓе како оној шо го отепа соседот заради нарушување на ред и мир, значи кога му отвораш профил и ги гледаш со знамето Вергина, со сабји со некои језиви психопатски содржини, влезени во некој "патриотски" филм .
Во нормална држава овие ќе се уапсени пред да се деси нешто
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
284
Поени од реакции
614
Малце офтопик ќе одам, овие сторителите се ист профил на луѓе како оној шо го отепа соседот заради нарушување на ред и мир, значи кога му отвораш профил и ги гледаш со знамето Вергина, со сабји со некои језиви психопатски содржини, влезени во некој "патриотски" филм .
Во нормална држава овие ќе се уапсени пред да се деси нешто
Јас мислам дека тоа е он-топик во случајов, барем како елемент. Сите осомничени се радикални следбеници на езотерични идеологии, почнувајќи од букефалистички, супремацистички антички бљуботини, завршувајќи со по распространети теории на заговор како ротшилди, масони, централни банки етц. исто сите изгледаат како орбитери околу тој Палчо кој изгледа како лидер и главен пропагатор на култот.

Мислам дека како минимум треба да се елиминираа таа нивната партија затоа што очевидно е расадник за опасни психопати, а како максимум ние Македонците треба да имаме сериозна рефлексија врз идеолошките криви паланки кои до ден денес циркулираат во одредени кругови.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Малце офтопик ќе одам, овие сторителите се ист профил на луѓе како оној шо го отепа соседот заради нарушување на ред и мир, значи кога му отвораш профил и ги гледаш со знамето Вергина, со сабји со некои језиви психопатски содржини, влезени во некој "патриотски" филм .
Во нормална држава овие ќе се уапсени пред да се деси нешто
Пример во која држава, кажи ми пример каде ги приведиле на време, и по кој основ би ги приведила?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.308
Поени од реакции
18.528
Пример во која држава, кажи ми пример каде ги приведиле на време, и по кој основ би ги приведила?
Си велам, за време на корона сите лажни вести се санкционираа, барем таму кај шо живееш ти.
Овие тука јавно на ФБ пишат статии, се закануваат со колење со бесење и никој со прст не мрда.
 
Член од
12 април 2013
Мислења
5
Поени од реакции
27
ovie dvajca likovi od stip i veles, direktni ucesnici, ne se do toj stepen napredni sami da gi planiraat ovie raboti, edniot raboti vo ugostitelstvo, drugiot raboti so kamen, sto gi vrzuva dvajcata e partija so somnitelni ubeduvanja, da ne recam sekta, likovi sto sirat propaganda shto gi znam se nebitni dzankeri. Prvo ubieniot, frizer od Veles imal politicka aktivnost vo minatoto a i do posleden moment bil politicki aktiven. Navodno imal pari i druga rabota sto go vrzuva so Palco i drugiot od veles e baranje na zlato, Poso palco e faten za baranje na zlato kaj tunelite kaj demir kapija. Sega pred izbori site partii sobiraat pari, znaci se raboti za golemi sumi na pari, najverojatno prvo ubieniot e sreden so umisla, verojatno ne mu e nesto nepoznato toa na palco, likot od stip se gleda po suratot deka e psihopat, pa verojatno bez mnogu mislenje go ima skinato, go zakopale, i ne znaele sto da pravat so avtomobilot. Znaat deka celo mvr e okolu zafateno okolu samitot, odibraat pogoden moment da dejstuvaat ponatamu. Kaj nas koga se raboti za postaro lice voopsto ne se diga nekoja fama, i najcesto ne se rasvetluvaat takvite sluaci. Voziloto e prijaveno za isceznato, pa sigurno se dvizele po sporedni patista. vo momentot koga devojceto bese na site televizii so sliki, nesto sho se nema deseno kaj nas, bese jasno deka narodski kazano e na "nekoj", ne e deka nemale neprijateli. Dedoto na devojceto pred 20 godini bil pretepan, edvaj ziv ostanal i fakt e deka imale pari, mozebi ne samata majka, no imale target za iznuduvanje. Kolata bese najdena istiot den so prijavuvanjeto, najverojatno e zabelezana vo reonot na izceznuvanje na devojceto, i vednas e otvorena istraga, kamerite vo sistemot na safe city po tablica ja imaat locirano kade se dvizela, dali imalo vtoro vozilo, dali tatkoto bil direktno involviran ke kazat samite organi. No koristenjeto na istoto vozilo e klucno vo istragata, dokolku koristele drugo vozilo ke imalo dve oddelni istragi. Pari za lihva kolku mozat da bidat 5-10k evra, za tie pari nema 5 dusi da se stavat vo grev, celta e mnogu pogolema iznuda, 100-200k potencijalno mozebi i poveke, pa zatoa za polesno da se izvede verojatno go koristat i tatkoto, da mu dadat del od parite, a devojceto da bide oslobodeno, no otkako se diga pregolema vreva uste vednas, znaejki deka prethodno veke imaat izvrseno ubistvo i deka po voziloto vednas ke gi povrzat so deloto, go ubivaat devojceto so nadez deka dvete dela nema da bidat otkrieni i ke izbegaat na vreme. Voziloto e opozareno verojatno nemalo dnk tragovi, no se okolu vo beganje verojatno lesno navelo koi se zrtvite, a i sugren sum deka se gledaat na poveke kameri niz gradot. Glupo e da misli nekoj deka go mestat palco koga ovie dvajcata veke go priznale deloto. Zalno za devojceto a i za covekot od Veles, ne mi e jasno do kade moze da odi covekoviot ne(razum).
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.451
Поени од реакции
1.886
Око не можам да склопам, ни парче леб да каснам од прееска. Трагедија. Чисто ги набљудував профилите на Facebook на сите приведени, фотографии и пријатели. Сакав да им го истражам блиското минато, онака, дали нешто алармирало за ваков чин. Освен ликот со мачета и фантомка, ништо друго не ми остави впечаток. Заедничко е очигледно форсираната идеологија на Палчо, како што напиша Vasileos коментар погоре. Но, нешто за масакр, не. (Језив) е моментумот на нивните пријатели кои објавиле заедничка слика неодамна (нормално, и други пријатели, роднини со кои виновниците имале неодамна контакт) и истите тие пријатели ја споделиле објавата за исчезнатата Вања. Грозно! Замислете, си се поздравил со пријател, незнаејќи дека истиот ден тој убил двајца, меѓу кои, невино дете. Или, близок роднина да е извршувач на ваков масакар. Тешко и на луѓето околу виновниците, а сигурно се повеќе од колку што се приведени, кои за жал ќе продолжат "нормално" да си живеат меѓу нас. Ова е тек почеток на настаните кои следат. Ова ќе има огромни, огромни последици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom