Исчезнати лица

Член од
18 јуни 2021
Мислења
284
Поени од реакции
614
Изгледа имаме различна дефиниција за голема тензија, најбитно немаше никаква ескалација а народот беше уште поусвитен во главата.
Автоматски споено мислење:

Јас мислам дека не му е прв пат на овие, само уште не ми штима целата приказна со поврзаност на таткото, а убиена во првите 2 часа. Еден саат имаат само возено до таму, значи за 1 саат одлучиле дека им вреди повеќе мртва. Кога станува збор за киднапирање и изнуда на пари, треба време, барем 1-2 денови.
Автоматски споено мислење:

Рамноземјаш е и овој, од ист калибар, од мудбакот ги собраа сите тајни на дипстејт ;)
Околу малиот временски рок меѓу киднапирањето и убивањето, сметам дека киднаперите не зеле во план дека учителката ќе и се јави на мајка и на девојчето во првите 15 минути, и полицијата ќе биде веќе вклучена во рок од 40 минути од исчезнувањето.

Мислам дека рачунале дека имаат барем неколку часа да ја контактираат мајката со закана да не се јавува во полиција, но кога сватиле дека полицијата е информирана буквално дури биле по пат, испаничиле, и решиле да ги уништат сите докази.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.472
Поени од реакции
65.788
Јас само да прашам (ко оние на шалтер)
ако целта била да изнудат пари од мајката - зошто таа го ризикува животот на девојчето и пријавува во полиција наместо да им ги даде парите?
Во случај да навистина не е финансиски способна нити да пак било кој од семејството е - која е поентатата да изнудуваш пари кои знаеш дека ги нема и дека со сигурност нема да ги добиеш и да си натовариш на врат мвр и интерпол? Руски рулет со само еден празен куршум..
Теоријава иако веројатна малце не држи вода..
Ако идејата им била да бараат откуп, веројатно целата работа се пореметила откако мајката го пријавила девојчето за исчезнато, само 15-20 минути откако излегла од дома, затоа што класната и јавила дека не дошла на прв час, и веста се прошири како канцер по социјалниве медиуми тоа утро. Мене ова ми е ептен сомнително, затоа што мајката не се решила да ја побара кај другарки првин, бегање од прв час, и тука ке изгубиш саат два барајки ја. Ми делува дека мајката можеби имала претходно некои закани или се сомневала дека вакво нешто ке се случи. Целата реакција е навистина брза.

Делува дека монструмиве не добиле прилика да се јават на мајката и да бараат откуп, со закана да не оди во полиција, затоа што веќе јавно се знаеше дека полицијата е вклучена. Претпоставувам дека се надевале дека имаат саат два дур да ја скријат некаде, па потоа да и се јават на мајката и да ја уценуваат.

Зошто се решиле да ја убијат потоа, дали ги фатило паника или сакале да направат скандал пред самитот на Нато, а девојчево е колатерална штета како долг на нејзиниот татко, што е монструозно само по себе... Тешко е да најдеш соодветен мотив. Не го разбирам овој момент со качувањето на девојчето во кола со татко и и убијциве. Ако сакале да ја уценуваат мајката, зарем девојчево немало да каже дека и татко и е вклучен во сето ова откако ке се заврши целиов случај?

Сеуште не ми се верува со какви монструми делиме воздух.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Околу малиот временски рок меѓу киднапирањето и убивањето, сметам дека киднаперите не зеле во план дека учителката ќе и се јави на мајка и на девојчето во првите 15 минути, и полицијата ќе биде веќе вклучена во рок од 40 минути од исчезнувањето.

Мислам дека рачунале дека имаат барем неколку часа да ја контактираат мајката со закана да не се јавува во полиција, но кога сватиле дека полицијата е информирана буквално дури биле по пат, испаничиле, и решиле да ги уништат сите докази.
Ако е вклучен таткото, не се уништени сите докази, по оваа логика требало да има егзекуција и врз него.
Единствено што оставам како можност е ако му се имаат закането по второто дете, во смисла ако не им даде пари дека ќе му го земат и него, ама пак не држи вода, многу аматерски.
 
Се сомневам дека таткото бил физички присутен, доколку бил вклучен, работел од позадина. Заради тоа што ако се сеќавам лично го пријавил изчезнувањето во 11:00 во полициска станица.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.324
Поени од реакции
18.547
Околу малиот временски рок меѓу киднапирањето и убивањето, сметам дека киднаперите не зеле во план дека учителката ќе и се јави на мајка и на девојчето во првите 15 минути, и полицијата ќе биде веќе вклучена во рок од 40 минути од исчезнувањето.

Мислам дека рачунале дека имаат барем неколку часа да ја контактираат мајката со закана да не се јавува во полиција, но кога сватиле дека полицијата е информирана буквално дури биле по пат, испаничиле, и решиле да ги уништат сите докази.
Не држи и ова вода, побргу би ја ослободиле и ќе избегале.
Ми изгледа на убиство од небрежност, нешто има тргнато наопаку.
Плус нели таткото пријавил во 11 часот, значи ако учествувал и тој во киднапирањето, ако Вања била убиена во 10, која е логиката таткото да оди да пријави во 11 часот, па за дете сопствено се работи, освен ако не е кој монструм
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.354
Поени од реакции
8.971
Ако е вклучен таткото, не се уништени сите докази, по оваа логика требало да има егзекуција и врз него.
Единствено што оставам како можност е ако му се имаат закането по второто дете, во смисла ако не им даде пари дека ќе му го земат и него, ама пак не држи вода, многу аматерски.
Vidi, najverovatno tatkoto ne im bese vo domet, nastanato e nepredvideno sranje i izvrsena e egzekucija a tie ne se vo moznost da go likvidiraat tatkoto.
 
Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Не држи и ова вода, побргу би ја ослободиле и ќе избегале.
Ми изгледа на убиство од небрежност, нешто има тргнато наопаку.
Плус нели таткото пријавил во 11 часот, значи ако учествувал и тој во киднапирањето, ако Вања била убиена во 10, која е логиката таткото да оди да пријави во 11 часот, па за дете сопствено се работи, освен ако не е кој монструм
Ај еднаш ама 2 пати убиство од небрижност не држи вода.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Vidi, najverovatno tatkoto ne im bese vo domet, nastanato e nepredvideno sranje i izvrsena e egzekucija a tie ne se vo moznost da go likvidiraat tatkoto.
Да, повеќе држи вода дека има излезено нешто непредвидено, ама ако е вклучен таткото како криеле инфо дека е мртва? Секој би побарал доказ, видео и слично.
Цела држава е на нозе со денови, дали има инфо кога е најдено телото?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.324
Поени од реакции
18.547
Ај еднаш ама 2 пати убиство од небрижност не држи вода.
Ништо не држи вода моментално, пробвам да поврзам ама никако не оди, многу нелогичности има во целата приказна, се надевам ќе се расветли случајот, сите не погоди веста. Јас ова само на филм го имав видено, како некој случај од ЦСИ делува упм
 
12212112

17.04.2024
Член од
25 октомври 2023
Мислења
155
Поени од реакции
136
Не држи и ова вода, побргу би ја ослободиле и ќе избегале.
Ми изгледа на убиство од небрежност, нешто има тргнато наопаку.
Плус нели таткото пријавил во 11 часот, значи ако учествувал и тој во киднапирањето, ако Вања била убиена во 10, која е логиката таткото да оди да пријави во 11 часот, па за дете сопствено се работи, освен ако не е кој монструм
Најверојатно. Дополнителен доказ што води кон овој заклучок е незакопаното тело.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.634
Поени од реакции
10.321
Најверојатно. Дополнителен доказ што води кон овој заклучок е незакопаното тело.
Ајде за девојчето им има тргнато наопаку..
Што правиме со пензионерот!?
Дали нас ни држи вода или не, мање битно!
Две егзекуции се извршени во краток рок! Има две тела!
Автоматски споено мислење:

Читам за овој третиов Боре дека бил океј лик ем работел со деца како тренер по карате
Се знае ли која е па неговата улога?!
За Вања не верувам да е вмешан.. ама со пензионерот?
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.649
Поени од реакции
5.560

Незнам колку што е достапно до сега, тоа и јас знам, сега имаше пред малку слика и од него кога е приведен, ќе пуштам линк.
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.451
Поени од реакции
1.887
Читам за овој третиов Боре дека бил океј лик ем работел со деца како тренер по карате
Пред неколку години (не многу одамна, мислам 2016/7та?) имаше случај каде тренер по стрелаштво, со убава историја и награди, почитуван во градот, беше во неколку наврати силувач на малолетно девојче, се додека истото не собра храброст да го пријави. Потоа се собраа докази, и мислам дека сеуште е во затвор. Некои луѓе знаат добро да ги кријат своите психички недостатоци, тоа најчесто ескалира со семејно насилство и слично, или нешто посериозно како ова. Исто имаше, бранител од 2001, почитуван исто, се до еден момент кога земал оружје и ги уби цело семејство во еден ден. Прашањето е само: Кога ќе ескалира?..

Како и да е, не смееме да судиме додека не се докажи спротивното. А тогаш, следува друг принцип, како што пишал Ќосето.

Да надополнам, менталната нестабилност зависи од многу фактори, меѓу кои е и претрпена траума, стресови на кои потсвесно реагираме подоцна, иако во моментот не се чини така, и слично. А со оглед дека живееме во Македонија, ова ни станува секојдневие. Па само денес, верувам, сите претрпевме невиден ментален терор. Колку од нас не можат да заспијат а часот е 3.15....
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.649
Поени од реакции
5.560
Пред неколку години (не многу одамна, мислам 2016/7та?) имаше случај каде тренер по стрелаштво, со убава историја и награди, почитуван во градот, беше во неколку наврати силувач на малолетно девојче, се додека истото не собра храброст да го пријави. Потоа се собраа докази, и мислам дека сеуште е во затвор. Некои луѓе знаат добро да ги кријат своите психички недостатоци, тоа најчесто ескалира со семејно насилство и слично, или нешто посериозно како ова. Прашањето е само: Кога ќе ескалира?..

Како и да е, не смееме да судиме додека не се докажи спротивното. А тогаш, следува друг принцип, како што пишал Ќосето.
Да сеуште не се знае, и тие што не се извршители неможам да разберам зошто не пријавиле ако биле сведоци на такви чинови.
Треба да се одовара за соучесништво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom