Никаква поврзаност меѓу двете личности не можам да најдам. Стариот бил политички активен кај Бачев во партија, некогаш одамна бил и кандидат за градоначалник на Велес (мал број гласови), 74 години, активен по фб со поддршка на Русија и на Грујо.
Не би требало мотивите да ги бараме во неговите политички погледи, претпоставувам дека го намамиле за нешто друго со цел да му украдат пари.
Претпоставувам дека некој од нив ја има подведено Вања на социјалниве мрежи, можеби на Дискорд. Не верувам да било класично киднапирање сред Центар на рандом дете. Можеби ја таргетирале како дете на разведени родители, била повлечено девојче. Е сега кој им бил ќарот да ја прелажат и да ја земат? Можеби сакале да бараат откуп, па тргнало нешто надолу? Или од сексуални побуди. И не беше така одамна случајот со малолетното девојче од Велес и порнографскиот материјал.
Како и да е, апсолутно не можам да ги поврзам случаите.