Исчезнати лица

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мојата последна слика е стара 12 дена.
Ама познавајќи ги моите родители би објавиле нешто од пред 12 години. :D
Али не би било релевантно затоа што имам промена на боја на коса.

Може не е од пред 6 дена, ама не е од пред 2 години.
Да ама телефонот ќе биде со тебе. Реков достапна слика за објавување каде ќе ти се гледа ликот како што треба. :D Нема врска ми ја сфаќаш поентата.

Двете слики што кружат од девојчево се како да гледаш две различни ликови. Многу подруго и многу појасно би се створила слика за изгледот нејзин доколку се најде достапна снимка од таму каде што е последен пат видена. Може некој од луѓето ќе се сети дека ја видел, ќе му стане нешто познато, некое деталче, можда цвикери носела, капа, косата врзана, може скренала внимание на некој рандомец со некоја ситница од типот претрчала улица надвор од пешачки, и паднал телефонот, некоја глупост не знам се накашлала и слично.

Еве да ти покажат слики од ликови со кои си била у контакт денес верувам нема ниеден да погодиш ама ако ти покажат снимки од моментите кога биле пред тебе одма ќе се сетиш.

И не е никакво откривање на траги ако пуштиш снимка, знае и киднаперот за тоа. Откривање е ако кажат иаме информации дека ја кријат у куќа у Дебар, на пример.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279

А нели кај нас во Македонија има некое правило за приватни камери да не снимаат јавни површини, туку само тоа што е во приватна сопственост?

Може па на тие снимки има нешто што не треба да видиме, не знам? Може баш на тие снимки е во контакт со осомничениот.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317

Поставени се, снимаат, ама неможат да се користат на суд дека се нелегални. Али како и да е, трага даваат.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
А нели кај нас во Македонија има некое правило за приватни камери да не снимаат јавни површини, туку само тоа што е во приватна сопственост?

Може па на тие снимки има нешто што не треба да видиме, не знам? Може баш на тие снимки е во контакт со осомничениот.
Не смеат да снимаат приватни површини. Тука не збориме само за приватни камери, збориме и за државните што ги има на семафори и насекаде у централно градско подрачје.

Не возможно е да ја нема на ниедна камера, на буквално ништо. Или се камуфлирала некако или не знам, стварно чудно.

Абе сеа ми текна, за една жена што исчезна у Драчево пред некое време, ја најдоа на камера од месара како поминува улица, со црвена коса беше една жена. У Драчево и тоа, а не у сред центар у 7 ипол сабајле.
 
Член од
28 март 2023
Мислења
640
Поени од реакции
1.005
Се ми е јасно мене, дури имам и фаќано врски за побрзо да реагираат за случај. Одговорот беше ако реагираме на секој загрижен родител, ќе треба да ви зголемиме даноци пати три само за дневници на полиција. Ако при пријавата има кредибилна потреба за итност (депресија, закана, друг град, чудно однесување) само тогаш реагираат итно.

Ама јебига, нема понеразумно суштество од уплашен родител.
Не е темава за тоа ама, се спремаш за министер? :D

Напишав еден пост па избришав за тоа како реагираат во вакви случаи, сметам дека не кажав нешто што веќе не е обзнането. Инаку министерот беше транспарентен колку што можеше, дали имаат релевантни иформации нема да потврди ниту негира.

Во поглед на безбедност на население и остварување на истата, етика постои само на хартија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.762
Поени од реакции
34.014
А нели кај нас во Македонија има некое правило за приватни камери да не снимаат јавни површини, туку само тоа што е во приватна сопственост?
Нема закон за забрана за снимање јавни места. Има закон за нарушување на приватност (таргетирање поединец) и забрането е да се снима приватен имот... Настрана од тоа се е fair game само снимките што не може да се користат во судови како доказен материјал како официјални снимки.

Недокажани законски легислативи се тоа. Сега да искочи некој со снимка од камера со шофершајбна каде се гледа девојчето - ти гарантирам дека наеднаш таа снимка ќе стане доказен материјал.
 
Член од
21 јуни 2019
Мислења
49
Поени од реакции
54
Има нешто во случајов што не е во ред, а не се кажува јавно, што е нормално во секоја истрага. Сите очекуваме и се надеваме во среќен крај ама ако сме реални со секој изминат ден шансите се се помали. Мислам дека некои 48 часа според мене е некој тајминг за успешен исход, после тоа време тешко.

Имаше еден коментар во врска со случајов само не знам стручно дали е можно тоа и дали има таква технологија нашава држава. Да се идентификуваат сите мобилни телефони што биле во радиус од 100-ина метри околу девојката во времето на последната активност на мобилниот, значи во моментот кога се исклучил. Колку е можно тоа не знам, но ми звучи како реално нешто за да се дојде до вистината.
Можно е само во real-time ако се тука телефоните во моментот па да се истражат во радиус од 100м.
Така да невозможно е сега.
Автоматски споено мислење:

Има тука некои луѓе кои дома ги лигават децата и си мислат дека е нормално и својствено наставничката да се јави ако неговото дете закаснило на час, за да може да се јави во полиција првите 5 минути за да добие на време на пронаоѓање на детето, пошто ако го нема 5 минути, тогаш е киднапирано..

ХИСТЕРИЈА!!!!

Кога ќе биде детето 8мо одделение и кога наставничката ќе се јави за да каже дека закаснило и кога децата ќе го дупат заради тоа, тогаш цацко ќе биде крив.
Од последниот параграф што го пиша ми стана јасно какво размислување имаш
Автоматски споено мислење:

Колку повеќе ги чувате децата во стаклено ѕвоно, толку повеќе ќе се буди револтот во нив и ќе има тоа контраефект. И секое дете има право на извесен степен на приватност.
Кога детето ќе биде свесно за неговата околина и кога ќе биде свесно за тоа дека постојат секаков вид на луѓе што и сама знаеш дека не се случува на 14, 15 години особено во свет каде што најмногу влијаат социјални мрежи врз нив тогаш може да има степен на приватност
 
Последно уредено:

Outersprint

rags to riches
Член од
5 март 2018
Мислења
38
Поени од реакции
99
Не смеат да снимаат приватни површини. Тука не збориме само за приватни камери, збориме и за државните што ги има на семафори и насекаде у централно градско подрачје.

Не возможно е да ја нема на ниедна камера, на буквално ништо. Или се камуфлирала некако или не знам, стварно чудно.

Абе сеа ми текна, за една жена што исчезна у Драчево пред некое време, ја најдоа на камера од месара како поминува улица, со црвена коса беше една жена. У Драчево и тоа, а не у сред центар у 7 ипол сабајле.
Може, ако била напикана у гепек. Сепак и Дебар Маало не е Times Square, ама чудното е што нема ниту една трага, ни возило, ништо. Ако ја нема неа на камери колку е тешко да ги провериш возилата што ја поминале таа рута во тој временски период 7:30-7:37. Затоа мене ми беше прашањето дали воопшто тие камери на семафорите се функционални кај нас или се само за плашила да не поминеш на црвено. Како и да е, scary е случајов, девојче исчезнува сред центар од Скопје и еве го веќе 5ти ден, знаеш дека не избегала сама..
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
„Се работеше на пребарување, односно добивање податоци информации од црквите и манастири кои се во близина на Скопје.“

Баш ме интересира дали е ова стандардна процедура кога ќе исчезне човек или постапуваат по некои сознанија.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
„Се работеше на пребарување, односно добивање податоци информации од црквите и манастири кои се во близина на Скопје.“

Баш ме интересира дали е ова стандардна процедура кога ќе исчезне човек или постапуваат по некои сознанија.
Сигурно е стандардна, се случувало луѓе (млади и стари) да отидат во манастир…
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
„Се работеше на пребарување, односно добивање податоци информации од црквите и манастири кои се во близина на Скопје.“

Баш ме интересира дали е ова стандардна процедура кога ќе исчезне човек или постапуваат по некои сознанија.
Стандардна е, ама проблемот е што манастирите не кажуваат на МВР дека лицето е таму, доколку истото каже дека се крие.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Најјеза ми е што го пребаруваат коритото на Вардар и околните подруми.
Стандардна е, ама проблемот е што манастирите не кажуваат на МВР дека лицето е таму, доколку истото каже дека се крие.
Дури и да е малолетно лицето ? Не би смеело тоа да си го дозволат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
„Се работеше на пребарување, односно добивање податоци информации од црквите и манастири кои се во близина на Скопје.“

Баш ме интересира дали е ова стандардна процедура кога ќе исчезне човек или постапуваат по некои сознанија.
А во џамии дали се барало,м?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom