Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 4.996
- Поени од реакции
- 12.574
Не постои нешто како бон тон каснење, каснење не е бон тон.Не верувам дека има барем еден ваков случај во мк, ама ако сакаш да си ја поставиш догмата, нека ти биде. А и како што викаш 15 минути е по бон тон да се почека ако некој касни, 7:30 е рано сабајле нормално е некој да се успие, не се реагира панично (ако немаш инструкции дека нешто не е во ред). И башка имам внука во Песталоци на слична возраст така да тоа „да се помириш со фактот дека постојат школи кои функционираат на овој принцип“, ти е беден ад хоминем обид и не ти држи вода.
Ако часот почнува во 7:30, тогаш нема рано беше, се успав. Утре тоа дете ќе оди на работа, и таму ли ќе се успива? И да се успиела, ваљда мајката ќе ја известела класната дека ќе касни. Ваљда тоа подразбира мајката кога вика дека биле во постојана комуникација со класната.
Ама не знам како да ти објаснам дека без разлика која е причината за исчезнувањето, дали киднапирање, дали самоволно бегање од дома, фактот дека родителот не може да стапи во контакт со малолетното дете ( за чија добробит и општа состојба да не заборавиме, одговара пред закон ) извесен период, е доволна причина да се контактира полиција.Прво и основно, како родител, нема никад да претпоставам дека нешто му се случило на детето во првиот саат (ако немам некакви претходни индикации, закани и сл). Не верувам дека и да помислам да се јавам на полиција, ќе го изодам патот по којшто требало да оди, патем ќе звонам на еден куп луѓе, другари и све и свашта и на крај ќе се јавам у полиција, можда после 2 саати, пошто е женско у прашање можда и нешто порано. Ама еве и да се јавам у полиција, сум работел во полиција и знам дека прво што ќе кажат почекајте и само ќе ги проверат ноќните извештаи на колегите кои биле ноќна смена или дојави на случки што се десиле во регионот. Тоа е така пошто во Македонија има релативно мал број на исчезнати лица, и реално речиси и да не се има случено случај на исчезнат тинејџер да заврши кобно. Ако било самоубиство скоро одма се дознавало, а колку што ми текнува единствен случај на смрт во последно време беше девојчето од Лешани, Дебарца (зборам за тинејџери), и тоа беше замрзнато. Генерално во најголем случај на пријавени исчезнувања на тинејџер во Македонија (над 80%), се работи за намерно бегање од дома, илегални бракови и слично.
Но ако имало претходна дојава за некаква си закана, тогаш е друг муабет, полицијата делува инстантно. Они до 13 дента веќе ги извршиле сите интервјуа со можни сведоци и со usual suspects и границите веќе биле алармирани. Тоа не е редовна постапка на полицијата. Незнам дали си свесна како оди една истрага, но ако немаш никакви дојави, ако почнеш да истражуваш ваков случај ти е игла и сено, и да најдеш нешто во првиот саат што ќе те наведе да ги затвориш границите е речиси невозможно. Значи истрагата не е почната од нулта точка туку од негде.
И на крај, не пишувам тука како треба да биде у школо кој да се јавува и слично и за колку време треба да се јави некој у полиција. Јас само пишувам дека според тоа што се случило, многу веројатно е мајката да имала некакви индикации (закани или слично) и затоа динамиката на настанот е таква каква што е. Многу е малку веројатно да има толку многу среќа случајов во сите сегменти и наставничката да се јави за 7 минути и на полицијата за 58 минути и полицијата да ги затвори границите за 6-7 саати. Поентата ми е дека за џабе родителите на децата креваат хистерија и ги носат децата у школо, тешко веројатно е дека ова е некоја организирана банда која краде деца, туку е најверојатно некој индивидуален случај.
И на крајот на краиштата, ова е идеален случај на алармирање и на родител и на полиција и за активност на полицијата. И сепак пак 5 дена од девојчето ни трага ни глас.
Пракса во сите земји е при исчезнување на дете веднаш да се крене алармот на највисоко ниво, како што и многу пати пишаа низ темава, веројатноста за позитивен исход е најголема во првите 3 часа ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО, не од пријавувањето во полиција. Не сфаќам како некој на темава сеуште мисли дека соодветен одговор на полицијата при ваков случај би било - ништо.
Фактот што во МК има ниска стапка на исчезнување/киднапирање не мора да значи дека мвр или кој било од службите треба да спие на тоа уво дека не е тоа. Не мора да чекаме да се деси првото киднапирање на дете во МК за да воведеме некои практики на реагирање, па тогаш да се чудиме и туфкаме како поинаку можеше да се реагира. Итните служби треба секогаш да се спремни за најлошото сценарио, се друго е плус.