Исчезнати лица

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
За жал во таква "држава" живееме каде што тоа не само што е разумно решение туку кај нас би требало да е нормално. Каква младина и однесување имаш таков одговор на таа ситуација мораш да вратиш. Нон стоп патролирање и легитимирање.
Колку киднапирања се случуваат годишно во државава, што ја прави ненормална кога е тоа во прашање?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Nimalku ne sfativ licno, jas nitu sakam da imam deca nitu imam konj vo kako treba edno dete da se raste a najmalku se drznam da ucam nekogo kako toa se pravi. Vie go pravete toa i od visoko, iskulirano po doma, pisete nekomu srekja ne e majka i nikogas da ne bide kako da e najlesnoto nesto na internet.
Лол. Дискутираме на тема за исчезнато 14 годишно девојче,тргнато на школо во понеделник во 7:30 сабајле, некој лик тука пишува дека да било нејзино дете најверојатно таа до вечерта не би сфатила дека детето и го нема, коментаров наидува на осуда и ние сме криви?
Извини ама за ова уопште не се согласувам со тебе. Коментарите ич не се од искулирана состојба, случајов со Вања ми го стега желудникот, се будам и легнувам надевајќи се дека ќе има некои позитивни вести. И некој тропнува ваква глупост, за мене ова е буквално врв на глупавоста, сори нот сори ама тоа е што е. Ако си во својство на витез на темава слободно продолжи.

Излеа на голем дел од членовиве тука им е тешко да сфатат дека секое семејство си има своја динамика, и секоја отстапка од тоа вклучува аларм. Можеби имале навика да пишат кога ќе стигнат во школо, можеби од претходно се знаело дека ако ѕвони родител мора веднаш да се крене, има еден куп интимни детали кои не ги знаеме, кои најверојатно на мајката и биле доволни за да сфати дека нешто не е во ред. Истрагата не е започната 75 мин после пријавувањето, тек околу 13 часот Вања е додадена на стоп листата за премин на граничните премину. Тоа се скоро 6-7 часа. Ваљда и полицијата по некои наоди сфатила дека ситуацијата е сериозна.

За коментарите на мнозинството тука, не знам што да кажам. Не посакувам никому, ама утре да снема ваше дете, или ваш близок, да тргнете во полиција во таа ментална состојба, и прва работа што полицијата ќе ви каже да биде абе чил малце, оди дома, сврти едно кругче, сигурно ќе го најдеш, наместо да понуди некаков вид поддршка ( што реално и е работа на полицијата ), па не верувам дека голем дел од вас ќе реагирате како што претпоставувате и како што пишувате дека би реагирале во таа ситуација.

Не знам зошо упорно на темава како репер за тоа како треба да се растат деца се земаат примери од 80-90ти. Тоа што ние пораснавме така, свесни за сиромаштијата на нашите родители, со насилство на секој чекор, не значи дека и нашите деца треба да растат така. Цел свет учи од грешките, оди напред, креира системи за превенција, само ние сме заглавени во минатото. Наместо да се поздрави иницијативата на родителите и наставниот кадар да се во константна комуникација, тука се плука по таквиот систем, претерано било, параноични биле родителите. Во денешно време и те како треба да се параноични.
Како и за многу работи, чекаме да ни се деси некоја трагедија, па после да разглабаме зошто и како би можела да се спречи. И ништо да не научиме од тоа.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Скорз нормално и исправно е класната да пише зошто детето не е во клупа кога почнува час, ако предходно родителот не кажал дека детето нема да се појави, а го имаат тој начин на функционирање, макар биле и 7 минути. Само у нездрав систем може да биде ненормално дете да не се појави во школо, макар и каснело, една минута, а да не се запраша или исконтактира наставникот, што се случува.
Незнам тоа дали е нормално, јас имам дете и никад нит сум очекувал тоа да го направат, ниту пак го направиле. Имам многу пријатели со деца и на никој не му се случило да му се јави наставник, само после 7 минути каснење. Значи не е normal behavior.

Да се работи за твое дете, прв ќе се буниш, зошто уште пред ѕвончето не те исконтактирале. Скроз е нормално, ако детето треба да ти е во школо, а телефонот му е исклучен, последно бил активен на место кое не е во правец на школото, не го видел или чул никој, ни татко, ни роднини, ни другари, телефонот е недостапен повеќе од саат време, да сконташ дека нешто не е во ред со детето и да пријавиш во полиција, а си го пратил во школо. Дали имале предходни стравувања и сознанија, може да шпекулираме во моментов, ама ако имале претпоставувам немало да ги пуштаат сами да одат децата у школо. Иначе ептен е вообичаено и нормално дете да го изгаси телефонот, да не го видел и чул никој, не е таму каде што треба да е, последниот сигнал да е вон рутата за школо, у 7:20 наутро. Која од која понормални работи, поготово кога ќе бидат на куп. Абе за сопствено дете сите исто би постапиле како и овие родители, ама на туѓа мака е ептен лесно да се биде храбар.
Се работело за мое дете, каснело и не сум добил повик дека касни. Му бил исклучен телефонот и не сум пријавил во полиција, не сум ни помислил да се јавам, ниту ми отишол паметот натаму дека е киднапиран. Сум му бил љут и тоа е тоа. За еден саат сигурно не би ми поминало у памет дека е киднапиран, ако сум немал некаква индикација или закана од претходно.
Автоматски споено мислење:

Не знам зошо упорно на темава како репер за тоа како треба да се растат деца се земаат примери од 80-90ти. Тоа што ние пораснавме така, свесни за сиромаштијата на нашите родители, со насилство на секој чекор, не значи дека и нашите деца треба да растат така.
Еден од главните аргументи на Злате беше дека тогаш било побезбедно од сега... на пример.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.016
Поени од реакции
9.696
Колку киднапирања се случуваат годишно во државава, што ја прави ненормална кога е тоа во прашање?
Не се работи само за киднапирања. Се работи за друг психолошки момент. Ако со тек на време постојано надвор гледаш полициски патроли кои се раздвижени низ градот или воопшто низ државата добиваш впечаток на сигурност и безбедност. Однесувањето на луѓето ќе се промени. Ќе се намали процентот на разни криминални дејствија и прекршоци. Тоа е поентата.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Излеа на голем дел од членовиве тука им е тешко да сфатат дека секое семејство си има своја динамика, и секоја отстапка од тоа вклучува аларм. Можеби имале навика да пишат кога ќе стигнат во школо, можеби од претходно се знаело дека ако ѕвони родител мора веднаш да се крене, има еден куп интимни детали кои не ги знаеме, кои најверојатно на мајката и биле доволни за да сфати дека нешто не е во ред. Истрагата не е започната 75 мин после пријавувањето, тек околу 13 часот Вања е додадена на стоп листата за премин на граничните премину. Тоа се скоро 6-7 часа. Ваљда и полицијата по некои наоди сфатила дека ситуацијата е сериозна.
Не збориме тука обична динамика за семејство, туку влегуваме во однесување на наставничката која јавува одма после 7 минути, и полиција која моментално алармира и крева сериозна истрага. Значи збориме за алармирање на гранични премини и така натаму. Ова збори дека имало претходни наоди и затоа е тоа така.

И пак прашање на кое не добив одговор, дали треба за секој тинејџер кој го исклучил мобилниот да се алармира полиција во првиот саат и да се прави истрага. Сигурно има стотици такви случаи на ден.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.919
Вчера или денес. Во Грција "исчезнале" две малолетни девојки, сега читав на фб, случајност?? А и таа другата девојка не знам од која населба и таа исчезнала, тој стариот од Велес? Многу "исчезнати" во последно време....
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Вчера или денес. Во Грција "исчезнале" две малолетни девојки, сега читав на фб, случајност?? А и таа другата девојка не знам од која населба и таа исчезнала, тој стариот од Велес? Многу "исчезнати" во последно време....
Исто се исчезнати, само кога ќе се појави случај кој прави хистерија, се навраќаме да ги видиме и тие случаи за кои појма сме немале, ниту пак не интересирале кога сме ги прочитале насловите по порталите онака маргинално поставени и само коментираме како се многу у последно време.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.390
Поени од реакции
4.352
И пак прашање на кое не добив одговор, дали треба за секој тинејџер кој го исклучил мобилниот да се алармира полиција во првиот саат и да се прави истрага. Сигурно има стотици такви случаи на ден.
Според поединци и треба да се пријавува секоја ситница, секоја тепачка, секој инцидент во школо или надвор. Е тек тогаш кога стварно ќе ти влезе крадец дома и ќе се јавиш да го пријавиш, ќе ти речат - абе чекај, ние бараме 5 деца у маало, не се јавуваат на телефон веќе 90 минути.

Не се потсмевам на ниту еден случај, и секој си е своја историја за себе, но сакам да кажам кои ќе бидат последиците од претерано стварање паника и пријавување во полиција на секоја една ситница.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.919
Исто се исчезнати, само кога ќе се појави случај кој прави хистерија, се навраќаме да ги видиме и тие случаи за кои појма сме немале, ниту пак не интересирале кога сме ги прочитале насловите по порталите онака маргинално поставени и само коментираме како се многу у последно време.
Не од порано, ова сега за неполна недела од исчезнување на стариот и Вања и другана девојка од Скопје.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Еве веќе 5-ден како ја нема Вања, извршена е и сеуште се врши опсежна истрага, а сепак нема ниту една најмала трага која ќе посочи барем која е причината за исчезнувањето на девојчево и дали е воопшто жива.
Сега баш читав на порталиве некои интересни информации кои досега не ги сретнав.

Моментот е несомнено тоа што мобилниот и бил исклучен кратко време после излегувањето од дома.
Пошто е прилично темелно прочешлана целата област па и пошироко, прегледани биле дури и подрумски простории во Скопје и околината, а сеуште нема никаква ниту најмала трага, сега за сега дефинитивно како најверојатна опција останува киднапирање.
Дури и мајката изјавила дека се сомнева во киднапирање.

1.Локален социопат од тој регион е малку веројатно да има направено злостор врз девојчево.Фактот дека деноноќно биле проверувани простории, места, вршени разговори со сомнителни лица од тој регион, остава малку простор дека некој локалец има направено беља.

2.После новиве информации и теоријата за самоубиство ми е малку веројатна.Мајката изјавила дека ја испратила Вања насмеана на школо, после исчезнувањето и ги провериле сите профили на социјалните мрежи и не забележале ништо чудно.
На крај краева, девојчето не е најверојатно до толку паметно да избега од дома со цел да изврши самоубиство, а притоа да не остави ниту еден траг сега за сега.

3.Фактот дека и Интерпол се вмешува укажува на тоа дека е можно киднапирање од страна на сериозна криминална организација(Косовари најверојатно) која се бави со трговија со луѓе.
Втора можна варијанта околу киднапирањето е некој типичен заостанат Косовар да ја има посакано за жена, па да има наредба дадено на неговиот чопор да направат некоја таква гнасотија.Овоа го оставам како помалку веројатно.

Сите овие анализи ги правам врз основа на досегашните информации.Можеби сосема нешто друго е во знак прашање,не мора да значи дека ќе испаднам во право.
Само нека биде пронајдена жива и здрава.Се друго е небитно.
Ако е опција 3, ме буни зошто би ризикувале да киднапираат некој во центарот на градот и да го возат цел град, кога има населби кои се на 5 мин од обиколница, и скоро и да немаат камери по улици.
Во секој случај такви организации имаат човек во полиција кој ги покрива и известува, ама пак, не ми држи вода да киднапираат во фрекфентен дел од градот.

Евентуално ако дечкото, или некој од познатите е дел од група што се занимава со вакви срања, па доброволно на доверба да си има влезено во кола/стан.

Друга опција ако се влијателна фамилија која се има закачено со некој (политика, тендери, бизниси, имоти, лекари кои некому направиле штета), па да им враќа на овој начин.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.791
Поени од реакции
30.650
Не збориме тука обична динамика за семејство, туку влегуваме во однесување на наставничката која јавува одма после 7 минути, и полиција која моментално алармира и крева сериозна истрага. Значи збориме за алармирање на гранични премини и така натаму. Ова збори дека имало претходни наоди и затоа е тоа така.

И пак прашање на кое не добив одговор, дали треба за секој тинејџер кој го исклучил мобилниот да се алармира полиција во првиот саат и да се прави истрага. Сигурно има стотици такви случаи на ден.
Многу го тупиш, шо е чудно денешно време каде има вибер групи наставничката да праша зошто ученикот не е на школо.
"Здраво Вања не е денес на школо дали има некои здраствени проблеми "
10 секунди е тоа.
Мајката добива порака знаејки дека ќерката и отишла на школо пробува да се јави ама мобилниот исклучен...доволно за паника.
И кај нас у школо скоро секое отсуство се пријавуваше, ако не по мобилен,телефон, по другарче некое, тој и тој е болен нема денес да дојде на часови.
 
Чудно е дека до сега незнам за случај на 7-8 одд што се јавиле одма после 7мин каснење, ако немало друга причина. А на пример да немале класен час, ќе се јавел ли другиот наставник? Сите ли наставници ги имаат броевите на сите родители ?
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Според поединци и треба да се пријавува секоја ситница, секоја тепачка, секој инцидент во школо или надвор. Е тек тогаш кога стварно ќе ти влезе крадец дома и ќе се јавиш да го пријавиш, ќе ти речат - абе чекај, ние бараме 5 деца у маало, не се јавуваат на телефон веќе 90 минути.

Не се потсмевам на ниту еден случај, и секој си е своја историја за себе, но сакам да кажам кои ќе бидат последиците од претерано стварање паника и пријавување во полиција на секоја една ситница.
Ако ти влезе крадец дома и сега си заебан, не те спасува полиција во таков момент туку самиот ако имаш оружје, или ако имаш доволно луд комшија да проба да ти помогне.

За такви работи само што е можно повеќе оружје меѓу народот, како во САД, не имаат правено будали со @Bafra кога поддржуваме народот да поседува оружје, ама крадци во тој случај ќе помислат 50 пати пред да влезат.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Не збориме тука обична динамика за семејство, туку влегуваме во однесување на наставничката која јавува одма после 7 минути, и полиција која моментално алармира и крева сериозна истрага. Значи збориме за алармирање на гранични премини и така натаму. Ова збори дека имало претходни наоди и затоа е тоа така.

И пак прашање на кое не добив одговор, дали треба за секој тинејџер кој го исклучил мобилниот да се алармира полиција во првиот саат и да се прави истрага. Сигурно има стотици такви случаи на ден.
20 страни и уште ти е тешко да се помириш со фактот дека постојат школи кои функционираат на овој принцип. Доколку школото на твоите деца не го практикува ова, не значи дека ниедно школо го нема. Јас пред 15 години посетував приватни часови по математика во приватна школа, уште тогаш се јавуваа дома во рок од 15 мин доколку некој не беше присутен.
Ако тој дел го разјаснивме, да продолжиме понатака.

Прв час во понеделник ваљда е класен, на времето така беше. Прва и најбитна работа на класен: изостаноци. Нема друга агенда. Претпоставувам доколку имало и други отсутни, ненајавени ученици, класната ги известува сите родители. Мајката на Вања се обидува да стапи во контакт, не може да ја добие. Глеа последен сигнал на телефонот надвор од нормалната рута до школо. Се јавува по познати, никој нема инфо. По еден сат контактира полиција. Полиција по 6 часа ја става на стоп листа.
Кој би бил прифатлив тајмлајн според тебе?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Прв час во понеделник ваљда е класен, на времето така беше. Прва и најбитна работа на класен: изостаноци. Нема друга агенда. Претпоставувам доколку имало и други отсутни, ненајавени ученици, класната ги известува сите родители.
Истото го помислив. Да не било понеделник можеби подолго време не би информирале. Иако во случајов тоа не направи разлика, во други случаи брзото информирање може да помогне.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom