Исчезнати лица

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Чим образование е задолжително, да, децата мора да ида у школо.
Тоа можеби за тие што се сомневаат во своите деца, па сакаат образованиетп да им ги поправи грешките во воспитувањето. Љубовта кон школото првенстено е задача на родителите!!! Образованието треба да е прв чекор во самосталноста на детето.
Автоматски споено мислење:

Епа ајде ако не да го укинеме образованието, чим не е битно дали некој е присутен или отсутен на училиште. Нека има доброволна настава кај некој мудрец во некоја планина. Кое дете сака, ќе иде и ќе научи тоа што го интересира.
Никој не го спомна тоа, и мојот став не значи тоа.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.601
Поени од реакции
22.597
Прва изјава на Спасовски за случајов

ЅИРНАВМЕ ВО СЕКОЈ ПОДРУМ, ИЗГЛЕДАВМЕ НАД 50 СНИМКИ Во потрагата по Вања се вклучени стотина полицајци
Подигнати се снимки од преку 50 камери од објекти во близината и сите се прегледани. Земени се сите податоци од телеком-оператори, а исто така и снимките од „Сејф сити“. Испрашани се десетици и десетици лица од коишто се земени информации и податоци за да се дојде до некој важен детал во однос на целиот случај, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Го пребарувавме речното корито на Вардар, ги прегледавме подрумите не само во околината, туку и малку пошироко. Работевме и на добивање податоци и од манастирите и од црквите во близината на Скопје. Ова е една опсежна активност и тука нема да се застане, бидејќи интензивно работиме да го решиме случајот“.

Ова го кажа денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на прашањето до каде е потрагата по исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, по која веќе петти ден се трага.

– Ова е најважната работа за секторот во СВР Скопје и во кој е формиран специјален тим кој работи заедно со семејството и познаниците, пријателите, соучениците на исчезнатото девојче. Секојднево се преземаат низа на активности за овој случај и вклучени се стотина полициски службеници кои исклучиво работат на овој случај, предводени од началникот, помошниците началници, значи целото раководство на секторот – изјави министерот Спасовски при посетата на СВР Скопје.

Тој додаде дека се преземаат опсежни мерки и се користат сите можни капацитети за јавната безбедност.

– Подигнати се снимки од над 50 камери од објекти во близината и сите се прегледани. Земени се сите податоци од телеком-оператори, а исто така и снимките од „Сејф сити“. Испрашани се десетици и десетици лица од коишто се земени информации и податоци за да се дојде до некој важен детал во однос на целиот случај – рече министерот.

Спасовски истакна дека се преземени сите електронски уреди од семејство и девојчето и се вештачат и веќе имаме дел од одредени податоци, а кои може да бидат од помош за истрагата.

– Секојдневно сме во комуникација или работиме заедно со родителите и со семејството. Целиот овој тим работи до доцна наутро сите овие денови откога започна истрагата – вели Спасовски.

Тој упати благодарност и до медиумите и до медиумските работници коишто објективно ја информираат јавноста, бидејќи, според него, заеднички се бориме против сите оние лажни вести и сензации во медиумите и социјалните мрежи.

– Морам да кажам дека сите оние профили коишто објавуваат било какви лажни вести се детектираат, дел се повикани во полициска станица на разговори. Таму каде што ќе се утврди дека тие ја загрозуваат истрагата и безбедноста на исчезнатото лице, ќе се преземаат мерки заедно со Јавното обвинителство. Ова сериозно го кажувам, затоа што ваквите работи не се тема со која можеме ние да се забавуваме, затоа сметам дека максимално треба да бидеме посветени во добивање на резултатот од тоа што го работиме – рече министерот.

Спасовски најави дека наскоро во одделот за форензички испитувања после 30 години за првпат ќе може да се пребаруваат ентитети, покрај со отпечаток од прст, и преку лице (face recognition).

– До 10 декември ќе можеме да го ставиме во функција системот за препознавање на лица а додека надградбата на системот Сејф сити е во тек. Сега системот функционира и сериозно помага – посочи министерот.

Овој случај го отвори прашањето за итно воведување на американската алатка „Амбер Алерт“, која веќе успешно е имплементирана во соседна Србија. Но и кај нас се очекува во втората половина на декември, за што Плусинфо веќе неколкупати пишуваше.

Со овој систем треба да се алармира веднаш во првите часови од исчезнувањето на детето, преку пораки на мобилни телефони со фотографија, во такси компании, јавен превоз, банкомати но и во хотели.

Инаку, целиот регион, вклучително и Интерпол, се вклучи во потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која исчезна на 27 ноември на пат кон училиште.

Јавноста во Македонија е загрижена за нејзиното исчезнување, имајќи предвид дека Вања исчезна во еден од најпосетуваните делови на градот, Дебар Маало. Вања е исчезната веќе петти ден, а веста за нејзиното исчезнување се споделува во медиумите и на социјалните мрежи низ целиот регион, вклучително и Србија.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Значи ајде децата да ги ставиме во трло, а наставниците да ги напрвиме овчари, а агенциите за обезбедување кучиња, не децата да сакаат да одат у школо, туку да мораат. Па после ќе се чудиме од каде депресија и анксиозност и неспособност да се прилагодат во реалниот свет. Фабрика за куртони.
Заостанато мислење, од наше време :D

Не е така. Работите се сменети на подобро. Постојат системи кои функционираат, како примерот што го објаснив. Ако сакаме да промениме било што, мораме да тргнеме од образованието. Кај нас е нормализирано веќе учениците да прават што сакаат. Големи се, пушти ги. Не оди тоа така веќе...
 
Член од
21 јуни 2019
Мислења
49
Поени од реакции
54
Прва изјава на Спасовски за случајов

Четврти ден а тој го пребарува речното корито на Вардар од друга страна 4 дена му биле потребни за да дојдат до податоци кои ќе биле од корист, ги прегледале сите камери и според ова на ниедна го нема девојчето.. Страшна држава имаме браво.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Заостанато мислење, од наше време :D

Не е така. Работите се сменети на подобро. Постојат системи кои функционираат, како примерот што го објаснив. Ако сакаме да промениме било што, мораме да тргнеме од образованието. Кај нас е нормализирано веќе учениците да прават што сакаат. Големи се, пушти ги. Не оди тоа така веќе...
Тоа што денеска 90% завршуваат факултет не значи дека образованието е тргнато нагоре, напротив, тоа кажува дека сме го девалвирале. Во мое време тие што завршија машински, елеткро и градежен, на запад автоматски се водат со мастер.

Ние самите ги девалвиравме воспитно-образовните структури, највеќе со тоа што ги разгаливме децата, па така сега воспитачката не го сака, учителката не му обрнува внимание, професорот го мрази па автоматски следи на работа на шефот му е страв да не му ја земе работата и не му дава на напредува.... и сега бараме со строга контрола да ги оправиме. Следно што е? Да ги надгледуваме кога се клецаат?

Не дечко, кога растев јас, тоа беше нормално, ова што се случува сега е тотално ненормално. Фали уште у дубаче да ги праќаме у школо, да не паднат по пат.

И дај да не одиме офтопик.
 
Последно уредено:

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.578

Каде треба според тебе да се пребарува на пример? Човек крајот не може да ви го најде. Значи ако се пребарува, зошто таму, ако не се пребарува, зошто не. Ако е таму зошто таму, ако не е таму зошто е ваму. Незнам дали воопшто имаш претстава како се води истрага, што е доказ, и што и кога треба да оди во јавност. Доволно е човек да ги прегледа коментарите на ФБ и да му е јасно за какви луѓе станува збор.
 
Поентата ми е што четврти ден а го истражуваат коритото на Вардар и ако за тие 4 дена немаат ништо значајно најдено тек четвртиот ден доаѓа со изјава дека ја нема на камери што нема шанси да е точно и дека имаат информации кои би помогнале. Или и ти си од тие еден што е задоволен од истрагата и стои нс старна нс мвр?
 
  • Хаха
Reactions: Syn

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.578
Или и ти си од тие еден што е задоволен од истрагата и стои нс старна нс мвр?
Ти прво треба да научиш што е истрага, па после да си задоволен или не од истата.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Тоа што денеска 90% завршуваат факултет не значи дека образованието е тргнато нагоре, напротив, тоа кажува дека сме го девалвирале. Во мое време тие што завршија машински, елеткро и градежен, на запад автоматски се водат со мастер.

Ние самите ги девалвиравме воспитно-образовните структури, највеќе со тоа што ги разгаливме децата, па така сега воспитачката не го сака, учителката не му обрнува внимание, професорот го мрази па автоматски следи на работа на шефот му е страв да не му ја земе работата и не му дава на напредува.... и сега бараме со строга контрола да ги оправиме. Следно што е? Да ги надгледуваме кога се клецаат?

Не дечко, кога растев јас, тоа беше нормално, ова што се случува сега е тотално ненормално. Фали уште у дубаче да ги праќаме у школо, да не паднат по пат.

И дај да не одиме офтопик.
Јас ти кажувам како ова функционира во понапредни средини. Ти ми викаш да оставиме како што беше во наше време, што сега ќе се замараме...

Во школите се уште се работи како во наше време. Се сменија други работи во општеството, како последица на тоа се изгуби контрола врз ситуацијата. Ти викаш да оставиме така, кој дојде дојде, кој не сака не мора, кој го киднапираат на улица не му бил денот... Едноставно сакаш ништо да не се менува а некако да се подобрат работите сами од себе.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Заостанато мислење, од наше време :D

Не е така. Работите се сменети на подобро. Постојат системи кои функционираат, како примерот што го објаснив. Ако сакаме да промениме било што, мораме да тргнеме од образованието. Кај нас е нормализирано веќе учениците да прават што сакаат. Големи се, пушти ги. Не оди тоа така веќе...
Еве го најсовршениот систем во Свет

ова им е ко добро утро таму

Во однос на какви поединци произведува тој систем

иронијата е што во дигитален свет базиран на информации, кога никогаш не било полесно да се дојде до некаква информација, има луѓе што не знаат да читаат и немаат основни математички вештини.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
552
Поени од реакции
1.797
Имам видено пракса по некои приватни школи (не во МК) , чекање академска четврт, шо ја викаме, 12 или 15 минути, после праќање порака во група од школо, не од родители.

1А отсутни... 2А и тн.
После, секретар, директор и заменик директор во рок од саат / саат и пол колку веќе време треба, пробуваат да ги контактираат сите родители на отсутни деца. Ми се чини ефикасно.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Јас ти кажувам како ова функционира во понапредни средини. Ти ми викаш да оставиме како што беше во наше време, што сега ќе се замараме...

Во школите се уште се работи како во наше време. Се сменија други работи во општеството, како последица на тоа се изгуби контрола врз ситуацијата. Ти викаш да оставиме така, кој дојде дојде, кој не сака не мора, кој го киднапираат на улица не му бил денот... Едноставно сакаш ништо да не се менува а некако да се подобрат работите сами од себе.
Ако го рачунаш воук општеството во САД и на запад како понапредна средина, тогаш да. Ајде да им дадеме пристап на педофилите наставници облечени како жени пристап до женските вц-иња у школото. Да ги обучиме децата од прво одделение како се става куртон, практично на дилдо. Да им носиме транс-плесачици со миничи и без гаќи.

Јас сум пред се човек кој е во тек со науката и техниката, тоа ми е уствари работа. Тоа го работам цел живот, не сум некој затуцан кој не видел компјутер и сега се праи паметен, па да можеш да ме сметаш дека е човек кој се плаши од промени. Јас сум за промени, но не за деградацијата што ни се случува. Јас гледам сега што се случува и накаде оди све. Детето ми нема петки, ајде ќе го запишеме у друго школо, па карање со учителки, наставници професори. Па не смее да им се викне на децата, а они можат да прават што сакаат.

На кратко, ги испуштивме децата низ раце и наместо здрава младина, ствараме лигави куртони, неспособни да се грижат сами за себе, ментални инвалиди, кои доживуваат мелтдаун ако нешто не е по нивно.

Насоката во која се движат промените (кај нас) последните 30 години не е на арно, туку на лошо. А трендот со овие промени што ги кажуваш само го зголемува аголот на низбрдицата по која сме тргнале.
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Еве го најсовршениот систем во Свет
Ако го рачунаш воук општеството во САД и на запад како понапредна средина, тогаш да.
Никаде не спомнав запад. Посебно не мислам на УСА каде е комплетен хаос во моментов и не би пуштил дете да оди во школо таму.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.993
Поени од реакции
9.667
Наместо во првите 3 часа да се активираа сите специјални полициски и воени единици и дури со хеликоптери да се скенира цел шумски и планински регион којзнае какви мерки се преземаат за да се пронајде исчезната особа. За вакви ситуации треба насекаде да има блокади и претреси а не само кога има гости од ОБСЕ. Ете колку вреди вашиот живот овде се си функционира нормално ко да ништо не се десило. Да беше киднапиран нечиј син или ќерка на премиер или на претседател е тогаш ќе повикаа и странски служби. Ебати виртуелната држава која постои само на хартија.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.601
Поени од реакции
22.597
Ако го рачунаш воук општеството во САД и на запад како понапредна средина, тогаш да. Ајде да им дадеме пристап на педофилите наставници облечени како жени пристап до женските вц-иња у школото. Да ги обучиме децата од прво одделение како се става куртон, практично на дилдо. Да им носиме транс-плесачици со миничи и без гаќи.

Јас сум пред се човек кој е во тек со науката и техниката, тоа ми е уствари работа. Тоа го работам цел живот, не сум некој затуцан кој не видел компјутер и сега се праи паметен, па да можеш да ме сметаш дека е човек кој се плаши од промени. Јас сум за промени, но не за деградацијата што ни се случува. Јас гледам сега што се случува и накаде оди све. Детето ми нема петки, ајде ќе го запишеме у друго школо, па карање со учителки, наставници професори. Па не смее да им се викне на децата, а они можат да прават што сакаат.

На кратко, ги испуштивме децата низ раце и наместо здрава младина, ствараме лигави куртони, неспособни да се грижат сами за себе, ментални инвалиди, кои дожуваат мелтдаун ако нешто не е по нивно.

Насоката во која се движат промените (кај нас) последните 30 години не е на арно, туку на лошо. А трендот со овие промени што ги кажуваш само го зголемува аголот на низбрдицата по која сме тргнале.
Сега мешаш баби и жаби.
Ова што го пишуваш е 99,9% точно, ама нема врска со претходната дискусија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom