Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
 
Се надевам ќе му биде од помош на некој човеков. Работи со кучиња трагачи на исчезнати лица. Да не ме разберите погрешно, не му правам реклама, без паричен надомест помага.
 
Чудни работи се случуваат
Screenshot_20230508-213006_Chrome.jpg

 
Чудни работи се случуваат
Прегледај го приврзокот 377830

Ги пронајдоа.
 
Чудни работи се случуваат
Прегледај го приврзокот 377830

Мене сето ова ми е многу чудно и нејасно. Како се изгубиле, со мобилни телефони во рака? Од местото каде што се изгубиле, до местото каде што се најдени и не е баш некоја огромна дистанца, а беа исчезнати од 16ч до 12ч? Каде биле, што правеле? Толку ли не можеле 15 годишни деца да побараат помош од некој посериозен човек кој што ќе наиде?

Фала Богу сè добро се заврши, девојчињата ги пронајдоа здрави и живи, но и понатаму прашањата кои заслужуваат одговор, остануваат неодговорени, а родителите треба да се запрашаат во какво општество одгледуваат деца.
 
За Америка имам гледано безброј вакви случаи за исчезнати деца на истата возраст од 70тите,80тите, некои добро завршуваат, некои не и во сите полицијата првично рекла на родителите да почекаат 48h, бидејќи на таа возраст преголем е случајот на runaways (бегалци од дома), деца што сакаат сами да живеат на дрво во куќичка направена или пак дошле до пари и сега ќе ги трошат, во тие 48h не превземува ништо полицијата, за да не троши залудно ресурси. Веројатно нешто слично од тој тип и сега се случило кај девојчињата, едноставно возраста - пубертетот го наложува тоа. Не велам дека сега треба полицијата да не прави ништо 48h, ама ист случај имаше кај девојчиња од Чаир пред некое време, во меѓувреме се јавуваат безброј размислувања кај јавноста како децата се киднапирани, продадени за проституција, органи вадење, откуп ќе бараат итн итн, некако како да не се зема онаа најочигледната причина за исчезнување во предвид, од што само црнила ни се сервирани на вести и нашиот мозок само црни мисли генерира.
 
Мене сето ова ми е многу чудно и нејасно. Како се изгубиле, со мобилни телефони во рака? Од местото каде што се изгубиле, до местото каде што се најдени и не е баш некоја огромна дистанца, а беа исчезнати од 16ч до 12ч? Каде биле, што правеле? Толку ли не можеле 15 годишни деца да побараат помош од некој посериозен човек кој што ќе наиде?

Фала Богу сè добро се заврши, девојчињата ги пронајдоа здрави и живи, но и понатаму прашањата кои заслужуваат одговор, остануваат неодговорени, а родителите треба да се запрашаат во какво општество одгледуваат деца.
Најверојатно една од нив имала дечко во Скопје па намерно со другарка и се одвоиле од групата. Потоа се правеле недоветни дека им се исклучиле телефоните и ги нашле на 1000 метри од местото каде што требале да бидат. Многу провидно.
 
Препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица
  • Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.
  • Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато
  • Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови
  • Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни - Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.
  • Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни
  • Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.

...аууу колку исчезнати лица и колку долго ги снемало без инфо.
 
Ооф душа мила.:( тешко на родителите, скршени се:place:
Има ли некои новости, проверени ли се камери, лоциран ли е телефонот, кажаа ли нешто ново на вести?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom