Колку и да сакам да сте во право за темава мислам дека грешите, наталитетот секако работи за нив, зошто на пример за разлика од Србите на Косово каде ненормално е наталитетот во пораст и скоро секое семејство е многудетно, кај нас наталитетот е во огромен пад и не гледам никаква промена по тоа прашање, нивните генерации се женат покасно но сепак се женат, сеуште функционираат на договорени бракови, може не оној ултра традиционален но и тоа како постоат во една умерена форма, кај нас се случува тотален распад од секоја можна точка по ова прашање, ова посебно е најбитно за оваа тема ама ќе отидам оф топик, без здраво семејство нема ништо. Настрана тоа што нивната младина е тотално воспитувана во духот на 2001 додека нашата младина не ни знае дека имало војна, освен многу мал незначителен ден на поединци, за останатите Вејце, Карпалак, Радуша не преставува ништо, клучната работа е во историјата и нејзиното познавање, без тоа исто нема ништо. Плус фактот што политички ќе тераат, меѓу нашите редови се случува кланица помеѓу три страни кои никогаш нема да седнат и да се договорат за некоја кауза (и сите три страни влеваат по ова прашање тотално погрешно)
Свесни и самите они дека немаат население и ќе ги изеде и нив модерното време па затоа политички со моќ и преку бизнисите ја превземаа цела држава, ниеден наш бизнисмен не се најде да проба да направи нешто за каузата, сите како пички дозволија едноставно да преовладеат во секое поле само за да може нивниот бизнис да тера, примери има мал милион за тоа.
Јебига не се најде човек за овие 30 години да го извади оној каурски менталитет од населението, барем мене не ми текнува на некој таков ни во политиката а ни вака во јавниот живот, без таков човек нема да има никаква промена никогаш. А она, Албанците сфатиле дека ги лажат нивните, Албанците сега биле модерни, Албанците не се замарале веќе за политики се смешни муабети, секако дека новото време носи големи промени, но идејата им останува исто, што е и нормално, како што секој нормален Македонец би сакал да сме ние нивна положба на влијание во Пиринска и Егејска, така се и они сега на Косово и во Македонија, ама кај нив нема Трифуновци кој ќе викаат, Егејците да си гледаат за Грција да не го караат со неговите браќа Албанци, за сега кога го сјебаа да изиграва патриот и Македонец. Какви чорбаџии, таков и народ.