Мене ми е јасно што постигна Хамас. А тоа е конкретно зло на Палестина и терор врз Израел. Патем тие се права секта, штета на каузата.
Ама па и Арафат и Фатах се или биле исто гомно.
Мада после конфликотов малце појасни се контурите во муслиманскиот свет.
Јас не го купувам тој наратив дека Израел потфрлил. Тој наратив го продаваат пред јавноста. Неможе земја што активно војува веќе децении да заспие на момент. При тоа веќе имале информации што Хамас спрема, и така без искуство да го игнорирале се тоа. Веројатно тоа го направиле со цел после да им се истурат во Газа. При тоа го имаш Биби со искуство против Палестинците, веројатно и тимот што е со него со исто така искуство. Едноставно проценлие што Хамас ќе направи и им го знаат добро мајндсетот. Дека ќе извршат терор и после тоа лесно е.
Нарачител зад сето ова не е Иран. Веројатно муслиманското братство. Но целта е или беше да се намами Иран да се активира преку Хезболах. Нешто што не им успеа. Да не заборавиме дека Турција војуваше против Сирија ака Иран во Сирија. И дека Хамас обработуваше таму за Турците и за САД против Иран и Сирија.
Се согласувам.
Ако има некој што е најмалку веројатно виновен е Иран. Погоре кога ги подредив по веројатност, Иран го ставив на последно место.
А Турција на прво место.
Веќе неколку години во процес е помирување на Израел со околните исламски земји.
С. Арабија, како предводник на истите, особено на сунитите е во преговори со посредништво (или иницијатива) на САД да воспостават односи со Израел.
Ова никако не е во корист на Турција, Катар и други сили кои тежнеат да доминираат што повеќе во регионот.
Оттука, ваков судир, би предизвикал само влошување на односите со скоро сите исламски земји, и би ги одложил процесите за помирување. Оттука најмногу веројатност има тоа да е Турција или Катар или двете.
Да се потсетиме само дека токму Турција и тоа на своја територија обучуваше терористи меѓу кои и овие на Хамас во војните во Сирија и Либија.
Не би се согласил само за делот за тоа дека Израел знаел или не.
Хамас е непријател на Израел со децении и се борат постојано. Непријател што не е за потценување, впрочем како и секој непријател. Шверцуваат оружје, сами прават ракети, импровизирани експлозивни направи, свои рачни фрлачи со против-тенковско полнење, мрежи од тунели и што уште не.
Не е воопшто чудно да изведат ваков напад. Со доволно планирање се е изводливо. Во тајност. Ги набљудуваат Израелците, тие што можат, знаат каде имаат пунктови, ѕидови и сл. Имаше видеа каде комуницираат исклучиво преку жица, без користење мобилни направи.
Да се разбереме, не тврдам дека Израел не знаел, или немал некакви наоди дека припремаат нешто, едноставно укажувам на можноста дека таква операција е изводлива без да знае другата страна.
Затоа што ги немаат. Или ќе видевме видеа како ги симнуваат дотичните дронови... Или и овде станува за невидливи дронови, како невидливите „обезглавни бебиња“?
Не може да имаат еден куп оружја, а да го немаат "најмоќното", впрочем и најлесно за шверцување и употребување. Комерцијален дрон со врзана бомба. Толку. Секој од нас може да го направи.
Прашањето за тебе е, зошто не гледаме такви напади?
Да ти помогнам, зошто гледаме се помалку Украински вакви напади врз Руски позиции?
И не ајрон доум не е наменет за против такви дронови, колку и ти да мислиш дека е.
Многу јасно може да се види и од тестови и од документација и од реална борба дека Iron Dome и тоа како е способен да соборува такви дронови (како и некои елементи од Руската и Украинската ПВО што веќе ги видовме во акција). Да, главната намена му се ракети и гранати, но е доволно добар и за комерцијални дронови.
Конечно стигнавме на тоа што ти зборував пред одредено време. Напредок!