Хелиоцентризам - религија или лажна наука?

Член од
28 март 2023
Мислења
640
Поени од реакции
1.006
@The Savior ништо лично ама видеава што ги прикачуваш се за некој тепан без сон и изгладнет и без вода, на раб на халуцинација, но сеуште перципира што е реалност а што проекција на неговиот измачен ум, за конечно да го скршиш. Циа тактика = рамна земја е конструкт на циа за перење мозок на слабоумните.
 
Член од
18 декември 2020
Мислења
145
Поени од реакции
94
Генерално, движењето (маса на луѓе) на рамна земја има многу поширока порака вградена во него. Она што е суштински за нив (рамноземјашите) е да се биде скептичен кон големите институции кои веројатно ве набљудуваат, го контролираат вашиот живот, кои најверојатно ве хранат со лоши информации за да ја задржат својата моќ. Тоа е основата , тоа е нивната пропаганда која ја шират... преку која сакаат да ни го исперат мозокот, преку која сакаат да убедат голем дел на луѓе дека се ова досега што го знаеме е една голема заблуда и лага. Крајната нивна цел е да убедат што повеќе луѓе да веруваат во нивните лаги, со тоа да се хранат самите себе, да воспостават надмоќ и со тоа зад грб да се „потсмеваат“ на широката маса на луѓе на која што им го испарала мозокот, се со цел да докажат колку се моќни и влијателни и како можат да си поигруваат и да го мамат обичниот човек да поверува во нивните лаги и теории
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.606
Поени од реакции
43.597

Па треба да си скептичен. Тогаш ќе излезеш од матриксот кога сам ќе мислиш со своја глава.
 
Член од
18 декември 2020
Мислења
145
Поени од реакции
94
Па треба да си скептичен. Тогаш ќе излезеш од матриксот кога сам ќе мислиш со своја глава
и што треба да значи ова? Земјата е рмана плоча а? :D Еј да не пукните бре, ме убедивте и мене а и други челенови тука на форумот. Посебно Зуки со видеава за трето одделение не убеди дека земјава е рамна :pos::pos::pos:

П.С и да е рамна, што? Ајде кажете ми ШТО ? Што ни менува нас тоа како обични смртници? Кои бенифити ќе ги имаме ние?
 
Последно уредено:

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.203
Поени од реакции
9.926
Ајде кажете ми ШТО ? Што ни менува нас тоа како обични смртници? Кои бенифити ќе ги имаме ние?
Токму за тие прашања имаш погоре во едно од видеата што ги постирав. Не се работи толку за формата на земјата се работи за тоа дека сме прелажани,измамени... Еве само за тебе по втор пат одговорите за твоите прашања во првото видео:
Автоматски споено мислење:

"Scientist are much closer to make science fiction a reality"
 
Последно уредено:

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.203
Поени од реакции
9.926
This world is not what you think it is...
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.298
Поени од реакции
5.573
П.С и да е рамна, што? Ајде кажете ми ШТО ? Што ни менува нас тоа како обични смртници? Кои бенифити ќе ги имаме ние?
„..Што ни менува?...„...:facepalm:

Младиќу, во прашање е (обид за) целосна промена на модерниот светоглед, кој е заснован на еклектично толкување на светот, животот и на самиот Бог, со „позајмување„ на, пред се‘, „научно докажани вистини„ од разлнични области, со чие „комбинирање„ се изведува „мозаикот„ за „големата слика„ за трите наведени нешта: светот, животот и Бог.

Значи, „само„ промена на светогледот, кој ваков каков е‘, е настроен Богоборно, без давање на никава смисла и цел во овосветовното битисување и сведување на светот и на животот на случајни/спонтани настани, за чие постоење Бог не е потребен...
 
Ок, точно е се ова наведеното што си го пишал, но знаеш што? Нема да има ништо од тоа... а знаеш зошто? Затоа што верувате во илузија. Затоа што е сфера младиќу, сфера. Еднаш кажав, во еден сончев систем нема логика сите небесни тела да се сфери а токму нашава да е рамна плоча. Потајно се надевам дека се слагаш, сигурно имаш набљудувано и ти самиот со телескоп други планети, гледаш совршена сфера, гледаш ли е Месечината така? Сфера е итн. Сега овој период се гледа јасно Јупитер, земи телескоп на пр. види ја младиќу и мудро размисли, стави го прстот на глава и речи: Има ли логика, има ли .. ? Има ли логика токму нашата да е рамна? :)
 
Хммммм...

По твојава логика (не е твоја, така те научиле, ама ајде...), ако другите небесни тела се „топчести„, со тоа и Земјава автоматски „мора„ да е топчеста?...:icon_lol:

Не, немам ниту телескоп ниту „Никон 1000„, но верувам дека досегашните набљудувања на небесниот свод укажуваат дека видливите тела (другите планети, Сонцето и Месечината) се „топчести„ по облик и тоа за мене не е спорно, што не значи дека и Земјава „има обрска„ да биде топчеста.

Самиот Сончев систем не мора да е онаков каков ни го кажаа уште во „основно„, односно не мора планетите да се „вртат„ околу Сонцето, само затоа што тој модел (хелиоцентричниот) е геометриски по прост и по лесен за објаснување од геоцентричниот, а воено (хелиоцентричнот) е по бесмислен и по бесцелен и потполно изрелативизиран...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom