Еве ти, убаво знам што сум прочитал од законот за работни односи, тоа што ти го кажуваш е за прекувремена работа кај тој со полно работно време и е максимум 190 часа годишно.
Еве го законот, последна измена како што гледам е 2016, веројатно немаат нешто драстично изменето од тогаш.
Закон за работните односи
Дополнително работење
Член 121
(1) Работникот, кој работи полно работно време, може по исклучок да склучи договор за вработување со неполно работно време со друг работодавач, меѓутоа најмногу за десет часа неделно, со претходна согласност на работодавачите, каде што е вработен со полно работно време.
(2) Обврзен составен дел на договорот за вработување според ставот (1) на овој член е договорот за начинот на остварувањето на правата и обврските од овој работен однос со оглед на правата и обврските на работникот кај работодавачот, каде што е вработен со полно работно време.
(3) На работникот, кој склучува договор за вработување според ставот (1) на овој член, престанува да му важи договорот за вработување во согласност со овој закон, по изминувањето на договореното време, или ако е повлечена согласноста на работодавачот, каде што работникот е во работен однос со полно работно време.