Прегледај го приврзокот 397429
Невкусно е денешното монструозно злосторство кое се врши врз Палестинците да го ставаш во поинаков контекст за да го опрвдауваш.
Нема разумна аргументација и оправдување на такво злосторство.
На оние што се убиени, колку и да звучи сурово, ништо не им значи како се убиени.
На пример овој ако настрадал, што би рекла дали е на хуман или нехуман начин на елиминација(еутанизација)?
Те молам немој многу високо, ништо не гледаш или тоа што го гледаш погрешно го толкуваш.
Сметаш дека судирот таму е од 7 октомври, дека немало ништо претходно?
Колку децении Палестинците се во логори, и дали тој Хамас е продукт на тие услови, или пак сметаш дека станале едно утро и одлучиле да станат тоа што се?
Дали ти е познато дека тероризмот како мотив има политички цели?
Колку од тие 1300 или 1400 убиени од Хамас се цивили а колку се припадници на безбедносни сили, дали ти е познат тој факт?
Тоа што во Македонија е прифатливо да се помириш со судбината (да те избришат од регистарот на човечки суштества и да те трансформираат во Северџган) во други региони е неприфатливо, и веројатно на многумина им смета тој пркос кај Палестинците што ете и по толку страдања не се откажуваат и се борат до последна капка за своја слобода, да оваа е навистина незамисливо!
Ако им јаа исклучија струјата, водата и интернетот на кој начин ги известиле дека ако не го напуштат тој простор самите се виновни што ќе страдат?
И за какви терористички објекти станува збор кога се во прашање болници и училишта?
Ако ... по професија си лекар, значи една хумана професија, со која аргументација оправдуваш геноцид врз еден народ?
Веројатно како и многу други ... жртви на добрата пропаганда сметаш дека тие го заслужуваат тоа што ги снашло, но тое е погрешно.
Прво на сите страни се одеше со ДЕХУМАНИЗАЦИЈА на Палестинците.
Значи тоа не се луѓе туку животни и затоа треба да се третираат и убиваат како животни, според мене предмет за некои установи ако воопшто постои лек за психопати и социопати.
Второ, се криминализираа, значи тоа се криминалци кои вршат злосторства и нема потреба од нивно приведување на суд и судење туку веднаш по нивното воочување треба да се елиминираат. Не е тоа направено случајно туку со намера.
Секогаш кога се има проблем со терористички групи се употребуваат посебни единици, а не војска, авиони, тенкови ракетни единици и се што една војска поседува.
Тие единици најчесто се познати како национална гарда и сл.
Токму заради тоа и на нас во 2001-та ни се бараше армијата да не биде вклучена (заради тоа што некое копито рече дека се работи за домашни а не уфрлени групи од протекторатот Косово )туку тоа да биде работа на полицијата.
За нив е неразборливо што немаме единици како национална гарда која е полувоена формација и која е наменета за внатрешни работи, дури и денес по толку години ние и понатаму немаме такви единици, значи лекцијата не сме ја научиле и затоа ќе си ја повториме.
Проблемот е во неприфаќањето на реалноста а таа е:
...ако Хамас се терористи, тогаш
...Израел е новиот нацизам!
Кога тогаш ќе мора да се соочите со фактите и реалноста, колку побрзо помало ќе биде...
Не постојат конвенции (Женева), повелби (ОН), право (меѓународно), има само сила и тоа е единствениот јазик кој Западот добро го знае и за цело време го практикува.
Сите се прашуват зошто Ким прави А-бомба, додека гладуваат во неговата земја, но ако и денес не можете да видите дека тоа е единствениот начин да ја натераш бандата да те остави на мира, тогаш страдањата ќе продолжат.
П.С.
Се извинувам што го искористив твојот коментар за да дадам пошироко видување кое пак повеќето се однесува до оние кои со крв во очите гледаат како секојдневно гинат деца во Палестина и тоа им причинува задоволство.