jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.316
Генерално повеќето Евреи ционисти работат за интересите на Израелската држава, без разлика каде се наоѓаат. Нема потреба тука тоа да се сатанизира. Камо да работеле Македонците така, кај ќе ни беше крајот. Дали се дел од Олигархијата на САД, тоа нема никаква разлика во интересите на сопствениот народ. Еврејската дијаспора во САД ги има создадено најголемите компании во САД, google, facebook, oracle, dell... и многу многу други. Исправно е и нормално е таа дијаспора да работи во интересот на Израелската држава.Набројаните не. Израел е единствениот што е сомителен, само они имаат мотив и можен профит. Кажав веќе... Ако искочи макар само северна Газа да ја исчистат, за нив ова е добро - до некоја следна криза и следен касус бели за чистење на јужна Газа. Мислам и сега дека ќе пробаат. Исто Западниот Брег го чистат, следиш претпоставувам.
Инаку што се тиче генезата на Израел, додека е точно тоа што го кажуваш: „Израел е трн на раздорот во муслиманскиот свет, уште пред САД да биде позади Израел“ ти сепак сети се кој стои позади создавањето на државата Израел, и дали потомци на истите не се значаен дел од сегашната олигарија во САД.
Крајно Израел секако е создаден за да биде трн на раздорот на Блискиот Исток. Тоа дали САД или други западни држави биле позади Израел на почетокот не е толку важно колку што е важно дека се работи за истата олигархија (тогаш и аристократија).
Што се тиче колку тесно ги контролираат муџите/исламистите, сеедно - на крај секако ги контролираат доволно ефикасно за да си ги остварауваат целите.
За вмешаноста на СФРЈ во било што таму во регионот сум слушнал само нафрлања, ама не знам детали. Кажи нешто повеќе кога ќе имаш време.
Но во време на создавањето на Израелската држава, дијаспората во САД, скоро и да нема врска со тоа. Создавањето на Израелската држава произлегува од војна со Британија. После првиот ден од создавањето, Израел е под ембарго од САД и Британија, и под интензивно вооружување од СССР. Така и ја победува првата војна. Тие што го создале Израел потекнуваат од Хашомер и Палмах во борбите против арапите, нацистите и Британците, како што сегашните владетели се воени ветерани. Бен Гурион, Моше Дајан, Јицак Рабин, Ариел Шарон, па и Нетанјаху, све се тоа на некој начин воени херои на Израел. Токму финанскиски и медиумски јаката дијаспора во САД го прави Израел независен во одлуките (не викам дека одклуките му се исправни, туку независни). Може да се рече дури и обратно, Израел влијае врз некои одлуки на САД. Имај во предвид дека Google и Facebook го донесоа и го симнаа Трамп од власт. Затоа се и 3 носачи на авиони во регионот.
Идејата и основата на Израелската држава ја дава Теодор Херцл, кој умира во 1904 година. Тогаш САД е многу далеку од светска сила. Типот вода у очи немал, не пак да бил некаков си олигарх. 90% од Евреите му се исмејувале на идејата. Само имал визија, која ете силом прилике се остварила.
Нема никаква глобална конспирација во создавањето на еврејската држава. Само многу труд, жртва и пари на Евреите и нели понешто Палестинска крв. Но кога ќе ја гледаш историјата, секаде е тоа така, не се нешто специјални Евреите. Види ги нашите комшии и ќе видиш дека дури било и побрутално.
Не сакам да релативизирам потенцијални злосторства, туку само укажувам дека нема бајки у позадина, хазари, мазари, рептили и разни чуда. Тоа е што го гледаш.
Хамас нападнал сам од себе или во склоп на поголема акција на муслимански браќа, дека е тоа што браншите на муслимански браќа го прават. Израел реагира така, затоа што Израел спроведува одмазнички напади уште од кога Моше Дајан ја има оформено Единицата 101 (Unit 101), BTW, таа или слична таква единица има раководено Биби и во иста таква единица загинува брат му. Поентата е, Израел го водат воени лица, а Палестинците ги водат терористи. Никој никого не контролира, едноставно се убиваат меѓусебно.