Начин за добивање клиенти за изработка на веб-сајтови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата codeflux
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 октомври 2023
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво друштво, релативно сум нов во светот на самовработувањето. Досега сум имал неколку клиенти и се доста задоволни од сајтовите кои им ги направив. Сите клиенти ги добив преку "word of mouth", па сега ме интересира на кој друг начин јас би добил нови клиенти бидејќи не секогаш може да чекам на некој да ме најде мене.
 
Прво дефинирај си ги клиентите (држави од каде сакаш да бараш, колку големи проекти можеш да завршиш).
После тоа бараш фирми кои влегуваат во таа дефиниција (најлесно е да ги ископаш преку Linkedin Sales Navigator/Google)
Наоѓаш e-mail/telefon/linkedin профил на тие што одлучуваат (кај фирми до 50 вработени барај го исклучиво газдата) и ги контактираш со прашање дали може да им направиш презентација.

Ако немаш време да ги правиш овие работи, барај некој што работи marketing/sales и давај му процент за секој најден клиент (или уште подобро ако имаш некој дома што може да го прави ова за тебе), а ти фокусирај се на техничкиот дел.

Има луѓе што работат доста на upwork, јас имам пробувано таму, но најчесто не се исплати да си го губиш времето (силна конкуренција, најчесто ниски цени).
 
Ти благодарам, ќе го пробам овој метод.

Сподели некој линк од сајтовиве што си ги направил, ако сакаш мислам :D
 
Ако сподели може ќе најде нови клиенти од овде, и нека пише во просек цена.
Штом веќе отврорил ваква тема нека даде понуда.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom