Ќе те цитирам тука да не одиме офтопик.Ова ви го зборував тука уште пред 1.5 година, ама ме правевте будала.
И од искусните ќе се бара се поголема продуктивност, со АИто едно чудо код се куца автоматски, гратис и пазарот е во се полоша состојба, се потешко се наоѓаат инвеститори.
Индустријата не се разви како што треба за да имаме континуиран и одржлив раст. Немаме доволно фирми со свои продукти кои ќе се пробијат на пазарот или нудење целосни решенија и изработка туку 90% се прерентање на програмери. Веќе наоѓаат поефтини решенијам, ЈУжна Америка, Азија па и Африка ќе почне. Најверојатно го достигнавме врвот и треба да се адаптираме за понатаму. 1000 годишно нови програмери/тестери ќе има.
Веќе почнаа кај нас во фирма да се бара, од само бекенд најверојатно ќе треба и ФЕ и ДевОпс да почнам барем со нешто. Секако планирав ФЕ фрејмворкот што го работиме ама изгледа ќе ме забрзаат.