Гледам се фативте за преспанскиот договор.
Да не заборавиме дека тој е насилно, нелегално и противуставно спроведен.
Во суштина, договорот да беше и најдобар во мултиверзумот(ама не е поштом договорот е во суштина ултиматум и капитулација за Македонија) фактот дека е спроведен надилно, нелегално и противуставно останува голем проблем.
Најчесниот политички став денес на било кој политичар е дека треба да де поништи практично било што што е донесено после 27 ми април 2017-та, бидејќи и тоа собрание е конституирано нелегално.
Се друго е мачкање очи.
Тука има еден „мал„ проблем-што ќе рече „газдата„.
Не случајно во „нашата земјата„ е инсталирана власт како збирка од плиткоумни послушници, на кои им беше дадена задача за извршување, а тоа е разнебитување на Македонија и се‘ што е македонско, а тоа разнебитување да биде изведено со привидно правна процедура, како што е изработката и потпишувањето меѓународни договори.
Се‘ што е/ќе биде спротивно на веќе потпишаното, нема да биде предмет на промена, затоа што државата „северна„ веќе потпишала, секако „доброволно„. „Севернава„ не е фактор за по дома, а не пак на ниво‘ од меѓународни односи, така да правната можност за промена на веќе потпишаните договори е само пуста желба.
Поновите историски искуства ни велат дека таква промена може да се случи само ако се случи и радикална светска промена, како што беа двете светски војни, после кои се врши ново прекројување на мапата на Светов, во нови сфери на влијанија...секако, од страна на победниците.