Сакам да гледам атрактивен фудбал. Многу сум задоволен кога некој натпревар ќе заврши 4-3 на пример. Но тоа не значи дека е поквалитетен натпреварот затоа што имало повеќе голови, тоа ми беше поентата. Во многу слаби лиги се игра офанзивен, напаѓачки фудбал и се постигнуваат многу голови. Убаво е тоа, на крајот на краиштата, публиката доаѓа за голови.
Но дека Италијанските дерби, или Италијанскиот фудбал се досадни, далеку од тоа. Едноставно тој фудбал си има свој шарм и своја филозофија која е подлабока од “kick&run" филозофијата на Премиер лигата. Италијанските дерби средби се борба за секоја педа од теренот, вистинска војна на гладијатори во која топката може да помине, ама играчот не. Битка во која навивачите чувствуваат дека секој момент може да значи победа за едната, и фатален крај за другата страна. Битка во која головите се прославуваат со невидена страст на теренот, клупата и на трибините. Мечеви во кои владее невидена тензија...
Најголема причина поради која Италијанскиот репрезентативен фудбал е успешен за разлика од Англичаните кои заборавија кога последно освоија титула, не е големиот број странци како што се вадат (порано сите имаа по 3 странци па исто беше), туку тактиката, здравиот фудбал кој го преферираат Италијаните. Тоа се гледа и по ангажманот на Италијанец на клупата на Англија, веднаш дојде до подобрување.
И кога ги споредуваме лигите, еднаш веќе пишував за тоа: Во Премиер лигата навистина има 4 екипи кои се класа. Поради нив може да се каже дека Премиер е најсилна лига: Калчото има 3, Примера 2, Бундес 1 екипа, од тој ранг. Но во целина, секоја екипа во калчото ќе го преслуша Стоук на пример. Во Сериа А требаат огромни напори да се совлада било кој противник, пак поради истата причина: се игра здрав фудбал со многу разбирање. Ретки се високите резултати, додека во Премиер лигата има екипи на кои големата четврка си ја подобрува гол разликата.
Премиер лигата никогаш не може да ме привлече да гледам меч ако во него не играат Манчестер (посебно Манчестер), Ливерпул, Челзи или Арсенал, додека во Калчото би гледал било каков меч со задоволство.
На крајот, се работи за вкусови и сваќања за фудбалот. Секој си се наоѓа себеси некаде.