Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Колку брзо проаѓа времето.
Се сеќавам како вчера да беше денот кога загина Тоше. Толкава тага и болка немав почувствувано порано во животот, ниту пак сум плачела претходно за некого колку што плачев за него.

Мислам дека Балканот денес ќе беше многу подобро место за живеење да беше он жив. Не ради политичка и економска состојба, туку заради вистинските вредности кои настојуваше постојано да ги промовира преку неговите песни, настапи, интервјуа. Тој не беше уметник, тој беше ремек дело.
 
Тоше беше идеологија сам по себе.
Тоше беше надеж. Научени на мафии, протекции, спонзоруши, просеци и подпросеци, неговото беше еден вид приказна за убавина, чистота, борба. По толку време медиокритет или фијаско, вистинскиот човек го направивме познат.
 
Кога умре Тоше немавме часови и си отидов дома. Убав ден.
 
Јас ќе се солидаризирам со жени се до моментот кога син ми ќе донесе жена дома. Е тогаш има да се претворам во свекрвиште од пеколот... На секоја ќе ѝ наоѓам мани, ниедна нема да биде доволно добра за него... И пак Сусаро ќе ми биде крив. За сѐ!
 
Dear K,

Сите знаеме точно каде бевме и што правевме во моментот кога слушнавме дека починал Тоше.

Мал број на луѓе имаат таков импакт.
 
Читам Чебрен во Мариово че сме им го давале на Грците. Овие че ја изграделе браната, а производство на струја че бидело 70% за Грција, а 30% за Македонија. Плус водата од езерото че ја носеле со цистерни за наводнување на полиња кај нив во Егејска, шо исто ни ја зедоја. Турчин 5 века не успеа да не покоси, ама затоа овие, позлобни се и од турчин. До кога бе вака Македонецу? Малце е Мермерниот Комбинат во Прилеп шо е Грчки? Ако ви кажам дека за една година имаат изваено толку тони мермер колку шо ние вадевме во 20 години во Југославија, че ми верувате? И тоа од срцевината вадат, најубавиот каде што е, за да не може да се обнови.
А нивниот од планината Панатенаик од кој шо им е граден Партенонот е заклучен едно 100 години - да се обновувал минералот.
Од другите вести, потомството на најголемите Македонци, Мијалкови, славело свадба со Цеца во Монако. Таму ги однесоа милионите кои ги украдоа од оваа напатена земја? За да не подлежат на данок? Гревота. Со тие милиони ќе изградеја брана Мариово и производство на струја ќе беше 100% на Мијалкови. Од милиони ќе направеа милијарди. Или ете за Мицко велеа дека се бавел со електрани и такви работи. Зошто не тој? Зошто Грк. Ама јас на мојот народ неможам да му турам ум, ни со инка. Ах мое Мариово. Во тебе 5 века Џамија не се изгради, а сега грозни грчки опинци ќе те газат, мое Македонско. Мое исконско.
Голем палец надолу, ајде навалете со реакциите, посебно ботовите.
 
Тоше .... Overrated смрт . Класично од македонски ментализам и ретардираност направи ја циркус од несреќата и смртта . Беше обичен добар човек. Збогтисано ми е од "Тоше,Тоше,Тоше" . Нека почива во мир . Од негова година на смрт/на Тоше,умреа такви великани од македонското општество во сите сфери кои се и со поголема репутација од Тоше,вас кур не ве болеше ама баш,баш дека веќе не постојат . Оти бе нема исти третман и за нив ? Дволично ми е . Еве за Есма Реџепова .Беше од друг етникум,беше,беше добра,беше,посвои 100 деца и сите ги згрижи,беше славна во Македонија,беше,беше во Цела Југославија,беше,беше во цела Европа,беше,беше светска ѕвезда,беше,имаше светска слава,беше .... Па оти сте ретардирани и нема соодветен третман како Тоше ?! Оти нема бе Музеј ?! Ама децата и се скарани .Класика алиби. Кај Тоше изгледа мирно било значи .

Значи,значи,фул ретард на македонски ментализам. Имаш селектирање и популизам и демоде за курчење оти буквално Македонците владее од некултура и шо ти знам .

Криво,криво ми е,кај се Гоце Арнаудов, Ѓорѓи Колозов,,Гоце Николовски,Сариевски ....Еј Вања Лазарова како куче си отиде .


Тоше ....?! Тоше ....Само Тоше имаше цел Балкан ,така ?!


Нека почива во мир,ама болно и глупо е цело однесување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom