Зошто не сум сигурен дека ова нема да оди до крај, или ако отиде ќе отиде се у к*рац!
На еден член вчера-завчера упорно се обидував да му објаснам дека не се толку битни тие што лаат, туку тие што молчат!
Он упорно за Иран се фана, и да, најгласни се они! …ама па они секогаш и за се, се најгласни и никогаш не испуштаат прилика да им дадат на ционистите тоа што им следува…
Не знам колку од вас пратите тие “ќутливите” што прават?!
А тие се тие од кои многу зависи…
Та-даам! Саудиска Арабија е во прашање за тие што не знаат..
Довчерашен верен сојузник на америте, и амбивалентна странка кога е Израел во прашање…
Нашиве подопашници од медиуми верно ја пренесоа западњачката пропаганда за посетата на Блинкен!
Ама заборавија да пренесат што му кажале таму!
А тоа е дека хуманитарните и меѓународни закони мора да важат за Израел!
(дипломатски, но еднакво на шамарница!)
Покрај тоа СА се повлекува од воспоставување дипломатски односи со Израел… (уште еден шамар)
И ова беше вчера…
Ама пропагандата исто така заборави да спомне дека ако Блинкен бил третиот-четвртиот ден oд срањава(у превод закаснил)… Првиот ден уште сабајлето Бин Салман разговарал со Раиси, а наредниот ден со Ванг Ји!
За да биде поинтересно за оние што знаат, дури и благослов добил од Камнеи…
![Ангел :angel: :angel:](/styles/default/xenforo/emot/angel1.gif)
За утре СА на нејзина иницијатива свикува итен состанок на Исламскиот Совет!
Да сум на местото на Уса/израел, јас би бил многу загрижен…
Не само што изгубија сојузник… туку СА е се поблиску до линиите на Иран и Кина…
Куче што лае не каса, ама куче што ржи…