Тебе како фан на клубот треба да те интересира успехот на клубот а не неговите мизерии кои ги доживува веќе 10 години ради wanna-be стучни лица и фудбалери. Не може да чека клубов некој да се оформува како стучно лице и да учи на клуб како Манчестер Јунајтед а да се смета за јак стручњак дека освоил лига со факинг Ајакс, или голманче кое тренирало со нашиот тренер и играл у умрена лига како италија. На клубов му требаат торфеи и успех веднаш сега, дека веќе предолг период се наоѓа на дното на океанот.
Немој да ми кажеш на оние потрошени милијарди ова е тоа и максимум кој клубот може да го постигне, или дека е ова транзиција, или дека допрва следат резултати ...... НЕ ..... сега веднаш му се потребни победи и напредок како колектив. Овој колектив не мрдна милиметар напред кон подобрување ниту се надѕира некаква светла иднина напред ... На дното на океанот сме предолго и одма, сега, веднаш му се потребни победи, а не секоја недела да гледаме порази со примени 2-3+ гола во мрежата без никава идеја и игра !!!
Јас не гледам напредок, незнам што гледате вие но ова е веќе мизерија, и не сакам да гледам уште помизерен голман кој не може да се спои со топка !!!! Онана има 27 години а не 18-20 па да кажеме дека овој допрва треба да учи како да се справува со притисок, овој треба да е изграден голман кој ќе знае да додаде до играч без да го намести на црвен картон, и да има барем една одбрана во текот на натпреварот а не секој шут во рамки на гол да биде гол. Прими 20 комада, на ни еден од тие голови не беше ни блиску до одбрана, што е мизерно за голман кој го смени Де Геа и кошташе 60 милиони.