Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Драги колеги, не знам како да ви напишам а да не се навредите, ама врска немате. Рашфорд во моментов, со исклучок на две три екипи каде што има директни конкуренти за својата позиција како Мбапе или Винициус, би влетал во прва постава во било која европска екипа. Во Челзи на пример, наместото на Мудрик би им се гледал како Марадона. Во Сити да игра, нас на навивачите на Јунајтед би ни се гледал како Марадона. Во Арсенал би играл пред белото циганче. Сакате континуитет од Рашфорд? Не постои играч кој би можел да има континуитет во Јунајтед во поседните 5-6 години. Нема таков. Мбапе да беше тука, Халанд, сите ќе имаа очајни сезони или полусезони. 5 години средниот ред на Јунајтед беше составен од Мектоминеј и Фред. Од 20 екипи во ПЛ 16 имаа подобар среден ред од тоа.
Добро е ти што си тука да не просветлиш со твојот непресушен извор на фудбалско знаење. Ооо ти богу на оваа величенствена игра.
 
Добро е ти што си тука да не просветлиш со твојот непресушен извор на фудбалско знаење. Ооо ти богу на оваа величенствена игра.

Нема проблем, сериозно. Прашај било кога не ти е нешто јасно, ќе гледам да ти помогнам.
 
Ако продолжи вака Рашфорд ќе биде следниот Марсијал, премногу потенцијал премалку залагање.
 
Ми падна парето мене денес да го бранам Рашфорд. јас навистина не знам што очекувате од него. Рашфорд е крилен фудбалер, и за позицијата која игра доставува доволно голови. Да не заборавиме дека поголемиот дел од кариерата ја помина без класичен центарфор до него, и без десно крило да одвлече барем малку од вниманието на одбраната од левата страна на која игра Рашфорд. После короната, неколку месеци Јунајтед играше најатрактивен фудбал во Англија, а најдобри играчи беа Рашфорд и Бруно. Лани кога малку од малку заличи тимот на нешто, најдобри играчи беа Рашфорд, Касемиро и Мартинез.

Значи Рашфорд не е ниту Руни, ниту Кејн.
Автоматски споено мислење:

Пола сезона сега, и уште половина сезона пред неколку години, не повеќе од тоа. Ама ти гледам си многу упатен.
Дали ти или некој друг го бранел Рашфорд нема врска со мојот коментар, едноставно така се погоди моментот иначе постот од поодамна ми беше на ум да го напишам само немав време.

Не ми е првпат ова да го напишам за него и Марсијал, веќе добри 5 години сум на истиот став.
Али коментарот ми беше повеќе за состојбата во клубот него ли за нив двајца.

Пример Ливерпул кога едвај фаќаа Топ 4 првите две сезони со Клоп се знаеше кога тогаш дека ќе се борат за титула бидејќи примаа ама и лупаа голови ко ненормални. Малку стегнаа одбраната и тоа беше тоа, две сезони со по 100 бода.

Кај Јунајтед таа леснотија за давање гол не постој веќе 10+ години. Најдобар напаѓач од Ван Перси навака е 40 годишен Роналдо. Што поише да се каже?
 
Јас генерално се согласувам со тебе, но како е проблем на Рашфорд што Јунајтед не успеа 10 години да купи нормален центарфор? Дури и Марсијал беше земен повеќе како крилен напаѓач отколку како центарфор. Оваа година конечно купија добар напаѓач, Тен Хаг нема поставено никаква игра за него. Удри ја топката кон Рашфорд и чекај тој да помине двајца тројца па некако да асистира кон Хојлунд. А мора да помине двајца тројца затоа што на десната страна сме со Пелистри кои сам се чува, додека Тен Хаг со Санчо се скара, а 100 милионскиот Антони донесен по негово барање има проблеми во љубовта.
 
Не викам дека е негова вина, само на моменти ме чуди неспособноста на тие што го водат клубот. Како може после толку време пак Рашфорд и Марсијал да се најдобрите двајца во нападот кога беше очигледно уште пред 5 години дека сериозен тим не смее да се ослони на нив.
За Санчо и Ентони лупнаа 200 милиони а двајцата и кога се во нормална психичка состојба пак не се подобри од Рашфорд и Марсијал.
И Гринвуд да беше нормален пак не е нешто подобар.
Сите се овие топ играчи али како втора или трета виолина, никако прва.

Центарфорите што ги купија низ годините се Фалкао, Ибра, Лукаку, Кавани и Роналдо. Само Лукаку дојде во најдобри години, другово се пред пензија али и покрај тоа пак си изиграа топ за нивните можности. Клуб како Манчестер не смее со такви играчи да брка титули освен ако не се Карабао куп и Лига Европа целта.

Според мене требаше ол ин да одат на Кејн уште пред некоја година. И 300 милиони да му дадеа на Леви ќе вредеа, а они тие пари ги лупнаа на Санчо, Ентони и Мегваер.
 
Исто така Хојлунд + Онана = Кејн. Just saying.
 
Лага, Рашфорд е изворот на сите проблеми во Јунајтед. Беа други па ги нема сега останаа уште тој и Бруно а на вториов уште икони што не му направивме овде па се знае засега Раш. Интересен ќе биде изборот штом демантира или отпадне овој на некој начин
 
Само едно нешто би дополнил на претходниот муабет. Елитни играчи ќе бидат кога нема да ги фаќаат вакви "морбили" како сега, кога не им се излегува на терен.
Играчи што неможат да се соберат психички после кикс или тоа што другарчето добило клоца од клубот, можат само да сонуваат да бидат елита.
А моментално тоа што Регилон и Хојлунд покажуваат најмногу желба за игра на терен кажува се. Толку од полемизирањето за елитни играчи во овој тим.
 
Рашфорд изгуби многу кога излезе да му се смее на Гринвуд преку инстаграм со тогашната девојка / свршеница, истата онаа која ја остави пред пар месеци. Кога на некој не можеш да му помогнеш, не му одмагај, а Рашфорд (на кој брзо му врати кармата) баш тоа му го направи на Гринвуд.
Рашфорд не е зрел фудбалер, ниту е елитен фудбалер ниту е одличен фудбалер, туку баш напротив просечен фудбалер кој зависи многу од колективот. Незнам дали ви текнува пред година - две, можеше да ја стигне топката пред голманот, но он едноставно се откажа од таа идеја и почна да џогира назад. Тогаш го плукаа по портали баш поради таа одлука иако имаше и многу други такви пред тој инцидент.
Рашфорд никогаш нема да биде добар, ниту сега ниту после 5 години .. него нешто му се случува во тоа главата, а што тоа останува мистерија.
 
Последно уредено:
Вечерва натпреварот против Барнли е како финале на ЛШ за Јунајтед. Ќе видиме дали на играчите им се игра за Тен Хаг, или ќе замине по вода.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom