- Член од
- 4 август 2023
- Мислења
- 373
- Поени од реакции
- 940
Нажалост, апсолутно е така засега, претпоставувам дур да го воиграат Хојлунд и да почнат да му веруваат на терен. Рашфорд е многу лош пасер кога се работи за носење одлуки дали да шутне или додаде. Најчесто е погрешниот избор.
Ја не го напаѓам Рашфорд, збориме дека лани тимот играше за него, затоа и имаше фантастични бројки, ама дека не земавме ништо од битните купови. Она што не можам да го разберам е дека онака лесно може да џогира на терен, дур го ебе цел концепт на игра, бега од дуели, не игра пресинг. И ова ке ми биде тешко да го прифатам од било кој играч. Се друго што прави екипата на терен е буквално џабе ако имаш само 1 играч што не сака да трча.
Бруно е премногу топло-ладно играч, Мартинез е непрепознатлив од лани, лесно испаѓа од дуели, премногу нервозен на терен, 2-3 пати го вади Тен Хаг на жолт картон, Касемиро исто топло-ладно, одличен напред, позади знае да не си испрати играч по 2-3 пати на утакмица. Ерисксен ми се чини дека никогаш не го имал тој defensive awarness, па не ме ни чуди што сите не напаѓаат баш кај што тој мора да брани. Милион пати примивме голови заради него.
Јас кај Ериксен не наоѓам никаква кривица. Ериксен никогаш не бил добар дефанзивно, и не е добар на осмица. Ериксен треба да биде замена за Бруно, кој често знае да се изгуби, па во тие моменти Данецот одлично би одиграл на десетка. Кај Касемиро ја нема мотивацијата од лани, се надевам дека тоа ќе се смени за бргу, инаку ќе потониме само така. Исто и Мартинез, верувам дека повредата лошо му влијаеше, но мислам дека ќе се врати во форма. Со Бруно не знам што ќе се прави. Трча и се труди, не е спорно тоа, но продолжува да губи еден куп топки, и посебно ме нервираат оние пасови за кои од старт се гледа дека нема шанса да поминат. Тен Хаг НИКОГАШ нема да може да игра фудбал како Сити со Бруно во екипата. Ако тоа не може да го увиди, тогаш е очаен тренер.
Што се однесува до пресингот, вистина Рашфорд заебава, но не гледам ни некоја посебна потреба да се игра пресинг. Моментално сите се обидуваат да го копираат Пеп, а има и други начини да играш добар и успешен фудбал, не мора да се игра на посед и на пресинг. Јунајтед нема играчи за тоа.
Автоматски споено мислење:
Патем, се шушка дека Рашфорд е тој од кој протекуваат информации.
Не гледам зошто Рашфорд би го минирал Тен Хаг. Холанѓанецот буквално му ја спаси кариерата лани на Рашфорд, и му го овозможи новиот договор. Кај Тен Хаг Рашфорд е недопирлив. Ми нема никаква логика тој муабет.
Последно уредено: