Од мала група која си градеше сопствена приказна, која дури имаше симпатии од доста групи поради здравото ткиво, Лозари спаднаа на дереџе да не смеат да отидат на едно ебано гостување, освен на дерби натпреварите помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. И тоа зошто? За да одржат во живот братство со група која квалитативно е десет пати полоша од нив. Уште не ми е јасно како си дозволија да се насанкаат на најглупата фора "Ајде заедно против Скопјанине"...
Да, Чкембари имаат екипи за респект, но се освен тоа е НУЛА. Вчерашниот натпревар е најголем доказ за тоа. Цел живот плачеа и кукаа како се запоставени, како немаат ЛШ, како само така ќе дојдат нови деца. И? Што се случи? Ете бидна ЛШ, бидна буџет, бидна титула, а во копот вчера ЗА ЖАЛ само 150+ луѓе. Кореографијата па...јас очекував искрено некој бум, нешто што ќе експлодира, со кое ќе се покаже поривот на Чкембари за докажување, а од сето тоа добивме само транспарент на ограда...Нема нови деца без здрава приказна и без добри авторитети на кои нема да им биде најважно на трибина да ги покажат тетоважите, туку поривот да работат и таму и надвор од трибина за тие деца и групата.
Од друга страна тоа не беше случај со Лозари. Но, за жал отиде возот веќе. Вчера Комити ги поставија таму каде што им е местото. Вчера разбраа дека едно е покажување муда на трибина, кога од ривалот те делат 15 кордона, едно е кога напаѓаш симпатизери, а сосем нешто друго е конфликт со ултрас група.