Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Види "уништувал" е дискутабилно. Сите ја знаеме приказната за како во Албанија под Енвер Хоџа се јадело земја и се правеле бункери и како Бугарите под Тодор Живков доаѓале во Југославија за фармерки да видат што се. Али за разлика од нив двајца само, "најголемиот син на нашите народи" изгради една пита од гомна која се распаѓаше за време на целото нејзиното постоење и ги осуди скоро сите народи кои живеат во нејзе на мизерија во следните 100 години како што тргнало.

Сами сме си криви за "шиптaрскиот" проблем. 60 години на нашите комуњарски елити главна цел во животот им било да отидат во Белград да живеат како господа. Буквално ги гетоизирале Албанците по селата и ги оставиле да се варат во својата мизерија, и што мислеле ќе биде резултатот? Целиот проблем можел да биде решен до 70тите ако ги применувале истите проекти како што правеле врз остатокот од државата:
  1. Зошто не им извршиле урабнизација и да ги извадат од селата?
  2. Зошто не им ги праќале жените на школо и на работа?
  3. Зошто не вршеле културна асимилација?
Или изврши геноцид/раселување или најди начин за коегзистенција, не можеш само да ги изолираш и да ги тепаш цело време. Мислам можеш некое време али после не се чуди кога ќе ти се создадат вакви монструми како што имаме ние денеска. Ништо не направиле 60 години да решат едно прашање кое секој со два грама мозок ќе можел да предвиди дека во иднина ќе биде огромен проблем. Али тоа е кога имаш искомплексирана "елита".
Како тоа сами сме си криви? Сами сме си криви може да биде точно ако ги сметаме тогашните комунисти за легитимни македонски претставници, а мнозинството македонците денес многу по отворено гледаат на тие години и се одрекуваат од тоа минато и тогашните политики, се разбире не во случајот со кодификација на македонскиот јазик и другите национални придобивки но има безброј негативности, албанството во вардарска македонија јас го гледам како српски проект и на тогашните комунисти во македонија, албанството е насадено баш поради големо српскиот проект.
Кој не ги читал книгите на историчарот Јован Трифуновски треба да ги чита, он ја застапува таа идеја дека ако демографски македонија продолжи да се албанизира да гледа кон српскиот идентитет, он тоа во една негова книга и образложува, демек македонските словени се срби, се разбира он не негира дека е македонец ама поради албанците да се прифати српството.
Еден негов цитат „Физички сум во Белград, но впрочем сум во Скопје и во мојот дом во Вруток на изворот на Вардар. Вруток сега е муслиманско-албанска населба. - Се надевам дека тоа ќе послужи како повод за размислување.“
Јас не се согласувам со него, но интересно е да се види дека албанците се инсталација во македонија кои реално се доселеници но служат за големо српската, големо бугарската па и големо грчката идеја.
Тоа дека ние Македонците сакаме своја држава е неспорно но прашање е дали волците околу нас некогаш тоа ќе го дозволат.
И не се сложувам дека ние сами сме си виновни, виновни се изродените комунисти кои служеле за српските интереси а не за македонските.
 

Све ми се чиниТ дека @SharpShooter му е ментор на буцковски...партон, на министеро‘...кога е речникот му негов во прашање.

Инаку, ептен ми е гајле што рекле и што сториле во ЕУ и во ОТАН...посебно за „севернава„.
Автоматски споено мислење:

Ќе ги сменат, исто онака како што промената на личните важечки документи ќе биде бесплатна.

Прегледај го приврзокот 390710

Па уште и гарантира. Со што?

Како „...со што...„ гарантира? Па со неговиот збор, нормално...еве ја‘ на пример, све му веруем на Зоќета (жими мајка!), особено кога ја навалува десната рака на срцката и ветува...Зоќе е извор на сушта вистина!
 
Ја разрешиле директорката на филхармонија. Очекувам "новинарот" и "независниот" политички аналитичар Зоран Иванов да почне на телевизија со критики кон власта се додека ќерка му не ја стават пак директорка.
 
Koj е тој што изградил онолкаво зградиште на општинско земјиште у Бутел, без срам и перде и сега му се заканува отворено на градоначалникот, а он мора јавно да побара подршка?
Демек, полиција не може тука ништо, па мора јавност да се мобилизира. А медиуми не ни смеат да објават за кој станува збор, за време док овој си иде у општина со свои луѓе и праи заседи за градоначалникот.
кој е тој лик?
 
Не е важно што сакала другата страна во случајов. Во тоа време и другите во голем број не сакале да ги напуштат своите села и да бидат префрлени во градовите ама се случило истото сакале они или не. Они тогаш можеби немале апсолутна власт али имале огромен степен на моќ и можност да делуваат на начин на кој што сакаат без поголеми замерки и контрола. И они што правеле 45 години, се вретеле по Белград.

Недозволиво е да оставиш 10%+ од популацијата која има суштински разлики од остатокот да се гетоизира и со декади внатрешно да се шири шовинизам и комплекс на инфериорност. Не разбирам што мислеле каква ќе била разврската? Што планирале на долг рок да прават со нив? Да не ни почнам за тоа што го кажа Инглориус со Оџите и со анти-Енвер Маркстистичко-Ленинистичките паравоени структури. Тоа е веќе надреална неспособност, глупоќа и предавство.

Имаш цели региони каде што комплетно различна етничка и религиозна група има х2 од твојот наталитет и целодневно се шири религиозна и идеолошка пропаганда која е против се што ти се залагаш. А ок е, ај до Трст да купиме фармерки, "глупите Шиптaри" никогаш нема да направат ништо.

„Увозот„ на „брачата„ од Албанија на Косовска територија е чинет како дел од намерата за остварување на налудничавата идеја за внесување на Албанија во склоп од Југословенската федерација. Откако таа идеја се изјаловила, „брачата„ остануваат на Косово и Метохија и продолжуваат да битисуваат според нивната традиција, која нема „благе везе„ со идеите за управување со Федерацијата од страна на тогашните комунисти, кои се нашле „во небрано„, ни самите не знаејќи „што понатаму„ со увезеното население.

Подарувањето на КиМ за автономна покраина за Албанците не е никакво решение, туку намера за ослабување на тогашна Србија, со одземање на дел од нејзината земја и создавање на практично уште една федерална единка со склоп од втората Југославија.

КиМ беше т.н. „недоволно развиено подрачје„ како дел од Федерацијата, во кое се истурааа пари од соодветниот Федерален фонд и пак од таа покраина не бидна ништо сериозно по прашање на унапредување на живеењето од увезеното население.

Напросто, ако некој нејќе „на сила„ да му дадеш, не му давај...полесно е да му земеш.
 
Koj е тој што изградил онолкаво зградиште на општинско земјиште у Бутел, без срам и перде и сега му се заканува отворено на градоначалникот, а он мора јавно да побара подршка?
Демек, полиција не може тука ништо, па мора јавност да се мобилизира. А медиуми не ни смеат да објават за кој станува збор, за време док овој си иде у општина со свои луѓе и праи заседи за градоначалникот.
кој е тој лик?
Дури ни градоначалникот нема објавено за ова, од каде ти е информацијава?
 
Дури ни градоначалникот нема објавено за ова, од каде ти е информацијава?
Не се работи за Бутел, туку за Гази Баба.


Либија, откако стана демократска, по мерак на Западот.

 
Не се работи за Бутел, туку за Гази Баба.


Либија, откако стана демократска, по мерак на Западот.

Не, туку има една зграда која се гради кај старата општина во Бутел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom