- Член од
- 22 август 2022
- Мислења
- 453
- Поени од реакции
- 1.584
Абе, постојат неколку главни моменти коишто кога би се почитувале би имало мир.Ево чисто машко мислење..
Прегледај го приврзокот 390375
Жени, прво главно правило, никако не веруваш на симнување ѕвезди на почеток. Кај мажите чувствата се развиваат поспоро. Тоа на почеток што се гледа е реакција на работа на друг физиолошки систем, не е емоционално поврзување.
Друго, ова за маживе. Жената повеќе се заљубува во она што ќе го слушне отколу во она што ќе го види. Ама, никако лажење, мистеријата на тоа наше 6то сетило ни фби не може да ја реши.
Трето, од другар ми директно пренесувам, периодов го смируваме со женската никако да се решиме, попрво името на државата ќе го решиме : ,, Ако сме раскинале по моја грешка и има љубов, би се вратил на 80% од бившите да не ми досаѓаа и пишуваа првите три недели. " Значи го прифаќаме текот на настаните. Нејќам значи нејќам кај машко. Во многу случаи во самиот момент кога ќе прифатиш раскинување во секундата како добро, во право си, нормално не криејќи дека ти е малку жал, но никако цмиздрење, машково одма почиња да ја преиспитува одлуката.
Една од главните грешки кај машките е дека мислат дека жена/девојка којашто многу не ги рецка, да не речам им досаѓа е кул и вистинската. Не се далеку од вистината. Квалитетен партнер не го става партнерот на центарот на живеење, туку не си ги запоставува ни другите сегменти. Но таквиот отсекогаш бил таков.
Но, има дел жени на коишто молчењето и не сфаќањето на работи лично е почеток на нивно заминување. Не стана одеднаш она кул и полна разбирање. Едноставно престанало да ѝ е гајле и ако нема силна причина, ќе си замине.
И златно бонус правило и за едните и за другите. Не праќаме повеќе од две пораки едно по друго. И ако немаме одговор во рок од 72 часа сем ако не е некоја екстремна причина, ставаме цртка на дечкото, девојката. Пријатно. Оти тие веќе се откажале.