Да ги најдов објаснувањата за секоја класа на книги во LIBER 207.
Class "C" consists of matter which is to be regarded rather as suggestive than anything else.
Class "D" consists of the Official Rituals and Instructions.
Значи да го сфатам тој сугестивен материјал како влијание на потсвеста?
Знам што се инструкции и зошто служат, ама незнам која е користа од ритулите. Под ритуали подразбирам физички активности кои се повторуваат на одредени временски периоди.
А како ќе знам кога да престанам да ги собирам цифрите пр: 65 = 6+5 =11 = 1+1 = 2? Максималниот збир може да биде до 3760?
Ова веројатно е прво ниво на кодирање. Уште колку нивоа има во книгите на Алистер Кроули? Ова Гематрија треба да е, а знам дека може да има код со магични квадрати, Кабала - Тарот поврзани.
Благодарам однапред. Блгодарам и за претходно.
Ритуалот не е само физичка активност. Убаво што знаеш што се инструкции но дали знаеш што значи официјални инструкции?
Реков претходно на нет има сешто - од тоа 99% е глупости или искасапен текст, според волјата на авторот.
НЕ знам што си се фатил со глупата идеја дека некој ќе ти кодира умот, ќе ти влијае на потсвеста и слично. Сите муабети наназад на ова ме водат, дека вака размислуваш. Можеби грешам.
СИТЕ КНИГИ ОД КЛАСА C се само информации, философски расправи според мене, а не факти и се само основа за понатамошно истражување на поединецот.
Ете тоа е Класа C што си копирал. Класа D се официјални ритуали дадени од кој? Од A.'.A.'. - ете од таму.
И мислам дека не знаеш како одат имињата на книгите кои се објавени од страната која копираш - види најгоре во табелата што стои за прв ред, што стои за 4-ти, бидејќи едното е бројот на книгата, другото е класата
БИдете внимателно кога читате.
НЕ нафрлај поими без врска, бидејќи наместо да звучиш начитано ми изгледа како се да си собрал од метал песни и нивните текстови. Многу нивоа има во книгите и тие нивоа зависат од тебе, колку си начитан, колку си имал пракса итн итн...
И не постои мапа за ова ниво или она ниво...
Кога да престанеш да собираш? Тоа е добро прашање.
Се додека не одгатнеш за некој нов симбол што значење има практично, до тогаш ќе ги вртиш зборовите, мислите, идеите...
Читни ја „Кратил“.