I uste edno prasanje neli treba bolnicite I se podlozni na sertifikacija za kvalitet I nachin na rabota.Koj Im dal serifikat Ako ima propusti vo evidencija na terapija?
...со донесување на Законот за здравствената заштита во 2012 година, создадени беа законски услови за основање на
Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, тоа е постапка на оценување на работата на здравствените установи врз основа на примена на оптимално ниво на однапред утврдени стандарди за работа на здравствените установи во одредена област на здравствената заштита, односно гранка на медицината , со постојаното унапредување на квалитетот на работата, зголемување на безбедноста на пациентите, создавање на еднакви или приближни услови за давање на здравствени услуги во целиот систем на здравствена заштита како и зголемување на довербата на корисниците во рамки на системот за здравствена заштита велиме здравствената институција доби акредитација за висок квалитет на давање здравствена услуга.
...во таа акредитација покрај другото се опфатени правата на пациентот кои пред сė се однесуваат на неговото право на живот и здравје и обврка на докторите да се грижат за здравјето и животот на пациентот и воедно да водат грижа и да ја почитуваат неговата автономија, достоинство и правото да одлучува за сопственото тело, сите овие права и обврски произлегуваат од законските прописи и судската пракса која се спроведува во сите цивилизирани земји каде, нели, спаѓаме и ние.
... менаџментот со ризик по однос на здравјето на пациентите е важна компонента во рамки на унапредувањето на квалитетот и создавање на безбедна средина во рамки на здравствената установа кој ќе придонесе во унапредување на здравјето на пациентот и намалување на ризиците кои би влијаеле на неговата безбедност при користење на здравствените услуги.
... основна задача на здравствените работници и раководството во рамки на здравствените установи е да утврдат програми, стратегии и политики на менаџмент со ризик на ниво на установата, при што истите ќе бидат достапни за сите и со нив ќе бидат запознати како пациентите така и нивните семејства, па со мплементирање на системот за управување со ризик ќе се овозможи зголемување на нивото на безбедност како на пружателите така и на корисниците на здравствените услуги и ќе се придонесе до зголемување на нивото на квалитет на услугите како и до зголемување на угледот на здравствената установа
... поради поефикасна координација на активностите поврзани со унапредување на квалитетот на здравствената заштита, во рамките на Министерството за здравство е формиран Сектор за следење и унапредување на квалитетот на здравствените услуги до формирање на
Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи кои поставуваат стандарди во врска со лекување на пациентите со цел да го следат процесот на лекување на пациентот од моментот на прием во здравствената установа, преку процена, планирање и спроведување на лекувањето, до отпуштањето на пациентот, обезбедени се стандарди за операционите сали, службата за ургентна медицина, одделенијата за интензивна нега и лабораторија, обезбедените стандарди за општите насоки можат да се применуваат во секое одделение во кое се врши лекување на пациентите.
...акредитираните јавни установи подлегнуваат на самооценување и надворешно оценување во сите сегменти на нивно работење, прием на пациенти и све што се случува во таа установа, така да болницата работи по пишани правила и процедури, постои
Управен одбор и Раководство кое е одговорно пред Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи.
...покрај другото поврзано со лечење на пациентот т.е. давање на терапија согласно со Закон за права на пациентите треба да се почитува достоинството, приватноста, доверливоста, заштита и безбедноста на пациентот, а сите здравствени работници кои се во контакт со пациенти и пружат здравствена заштита треба да располагат со лиценци за работа и соодветни кфалификации при ургентни случаеви, но важни се и други попратни регулативи во смисол на простор и апаратура каде треба да се згрижи пациентот или користи, а не да прими терапија во несоодветни простории (ходник) или да не им работи акцелераторот, ова конкретно за случајот на Клиника за Онкологија.
...со еден збор најмалку се криви 30 тина одговорни кои не превзеле мерки или биле инволвирани во немилите настани на Онкологија, а не да му се пресуди на последниот, туку на сите тие одговорни на овие сите функции кои добиваат плата токму ова да не се случи што се случи!