Дали е во ред да ги трошиме парите на одмор во Грција, Бугарија и Албанија, кај непријатели и душмани

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.108
Поени од реакции
12.792
Ова дека не било убаво да се иде у Грција на одмор важи ли за купување куќа/стан таму?
Фамилијарно планираме да купиме имот за некои 2-3 недели па да си знам :)

пс.Секако пред да се потпише договорот ќе побарам одобрение уште еднаш од кајгана днопертите :D

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.346
Поени од реакции
4.483
Хм, да, и од Грција, исто како и од Острелија, најлесно е да се глуми Македонски патриот....нели. Што подалеку од дома, домата ти е по мила...
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.260
Поени од реакции
1.974
Заглавени сме во лавиринт од неправди во политика од домашни непријатели, од околните држави и од Европска заедница, мора да почнеме од некаде против тиранијата што ни се врши, секој еден да придонеси, бидејќи секој чека на другите.
Генерациите пред нив гинеле ради соседите. Ден денес патиме поради соседите.
И нашиве идиоти пак одат.
Треба да бидат јавно посрамотени и секоја грешка што ја прават дома да им биде пријавена. Инаку, нема да се оправат.
А, може и да оставиме и на Господ, универзумот или кармата. Кој што сака.
Бел ден да не видат.
Од земјината правда се бега, но не и од Божјата.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.300
Поени од реакции
11.021

Значи не патиме ради соседите. Патиме ради себе и сопствената глупост. Патиме ради нашите глупи одлуки. Сега, секогаш и во вечни векови.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.024
Поени од реакции
3.779
Па нас цел свет ни се душмани. Сите соседи ни се отворени душмани, курвата европа ни се прикриени и подмукли душмани, америка маки мачи да не растури, турците си ги подржуваат браќата по вера. Слабо стоиме и со внатрешните можности за не душмански туризам, струга у аут, охрид така и така ама треба човек со многу внимание да пристапи кон трошење на пари, едино во дојран човек може со мирна совест да потроши некоја пара. И секако преспа ако човек може да го најде каде е избегано езерото...
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.061
Поени од реакции
7.135
Доколку отворите социјални мрежи како, тикток, фејсбук, јутуб, честа појава е на секоја содржина за Македонија и било што македонско да се јади лајна со навреди, пцовки, омраза и слично. Најгласни се грците, па бугарите, па албанците, а ние одвај спечалените пари гледаме да ги потрошиме на луксуз таму во една недела. Зарем не е време да им го кажеме местото што им припаѓа, пред 30 години ѓупци беа, сега глумат елита некоја си, благодарение на еу.
Гледам голема неслога во Македонија, секој за себе си гледа да се нафатира, и нема никаква сплотеност и обединување.
Мислам прв чекор е да формираме вебстрана, групи, страници, настани и да го обединиме народот, против тираните, каде секој ќе се едуцира со тоа како да постапува за да ја повратиме честа и заедно да им возвратиме удар на тираните. Потоа тие страници да се споделат по сите форуми во Македонија и по сите фејсбук групи за обединување и едукација.
Иако знаеме дека сакаме да се одмориме на лето на море, а Грција има поубави плажи со подостапна цена и е поблизу за нас, кој може да си приушти можност нека летува во Црна Гора, Хрватска и Турција, а да се избегнува летување во Грција, Бугарија и Албанија.
Втора работа е доколку мора да се оди Грција да се трошат што помалку пари таму. Настојувајте да летување во маји септември кога цените се најниски, купувајте храна само од Лидл бидејќи сепак е германски сопственик, избегнувајте да трошите пари на сувенири, брза храна, ресторани, играчки и разни глупости, доволно е вода, сјај и тоалет папир. Колку што можете носете си храна од Македонија. Ручек и вечера во ресторани избегнејте максимално по секоја цена.
Трета работа македонските сопственици на хотели, вили, ресторани и дуќани мора да има даваат 3 пати пониска цена на домашни туристи од Македонија, за да се поврати и помогни домашниот туризам. Во Турција е паметна работа што странците ги шијат со цени секаде, а на Турците им се нудат нормални цени, додека кај нас и во Хрватска цените се изгор и за домашни туристи.
Заглавени сме во лавиринт од неправди во политика од домашни непријатели, од околните држави и од Европска заедница, мора да почнеме од некаде против тиранијата што ни се врши, секој еден да придонеси, бидејќи секој чека на другите.
Братска Турција? Заостанат е балканот само заради нивното владеење 500 години на овој простор.

Хрватска? Па нели е членка на ЕУ? За да бидеме и ние дел од ЕУ, мора идентитетот да го промениме бидејќи не сме признаени како македонци. Останува само Црна Гора, Украина и Русија + Азија и Африка.

Сериозно ајде, парата врти. Бугарите пазаруваат во Струмица, Делчево, Крива Паланка. Грците (односно македонците егејци) во Гевгелија, Дојран, Битола. Со ставот "Да му умре козата на комшијата" не може да напредуваме како држави. Заради кловновите наречени политичари, се мразиме едни со други наместо да се почитуваме.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.457
Поени од реакции
4.289

Политичарите не јадат гомна по фесбуци со monkeydonians, cшљрбљомани, шпљоњи и ќаури.. немам видено турчин да збори така. Нека му црканат сите кози на соседот, заостанати сме заради лондон, парис, вашингтон и саксобурзиве.
 
Заостанати сме заради погрешни политики на државата. Еве, Бугарија да се извини за сите злосторства во текот на двете војни и фашизмот. Исто така, да престане да не убедува дека сме бугари, кога самите знаеме што сме. Само ова е доволно за да почнеме да ги сакаме.

Во однос на спорот Грција - Македонија, треба и двете нации да си признаат дека територијата на Македонија колку што е Вардарска, толку е и Егејска и дека треба да прифатиме концепт сличен на Швајцарија, дека некогаш и сега живееле словенизирани македонци, погрчени македонци, турци и евреи.

Ако бидеме реални, во моментална Грција нашите македонци се населени од Солун кон север, а јужно од Солун секогаш била населена со погрчени македонци. Но, и двете нации водат инат дека (Македонија е само грчка), односно дека (целата Македонија е само наша). Никој не признава дека имаме нешто заедничко.

Ова е само еден пример како можат да се решат работите кон подобро. А за да се реши проблемот, потребна е едукацијата кај населението. Просечен грк и просечен македонец од литература имаат прочитано само билтен од кладилница. Истите врска немаат што се случувало пред 100-150 години. Сите информации ги добиваат на телевизија, после шоуто на Лила и мозокот им се пере лесно (гледајќи вести). Немаат интерес да читаат литература.
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.457
Поени од реакции
4.289
Никој не признава дека имаме нешто заедничко.
И? Ти слободно декларирај се дека имаш заедничко со јунанистански арапи и вулгарни фашисти.
днос на спорот Грција - Македонија, треба и двете нации да си признаат дека територијата на Македонија колку што е Вардарска, толку е и Егејска и дека треба да прифатиме концепт сличен на Швајцарија, дека некогаш и сега живееле словенизирани македонци, погрчени македонци, турци и евреи.
Кога акрополот и сите нивни руини ќе се напикаат во дробилка за камен, тогаш ќе биде готово
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.987
Поени од реакции
17.855
Јас досега од моето искуство во Грција ниту еднаш не сум имала лошо искуство од домаќините кај шо сум престојувала, и во приватен смештај кога ќе престојувам и во хотел. Не мислам дека многу се замараат кој од кај дојде и кој дојде, тие на тоа гледаат како бизнис и не ги засега ништо друго.
Бугарија не сум била, а во Албанија исто така позитивно искуство во поглед на гостопримство.
Така ако гледаме ние не треба да мрдниме потаму од Дојран и Охрид оти со пола свет сме замерени, дај опрајте се.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.802
Поени од реакции
9.457
Мореморе шобешеонатолку мржња помеѓунас ебаго. Ако беше за така одПрилепданемрдниме.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.487
Поени од реакции
58.912
Ова дека не било убаво да се иде у Грција на одмор важи ли за купување куќа/стан таму?
Фамилијарно планираме да купиме имот за некои 2-3 недели па да си знам :)
Само и само доколку ја почитуваш точкава од подоле.

Трета работа македонските сопственици на хотели, вили, ресторани и дуќани мора да има даваат 3 пати пониска цена на домашни туристи од Македонија, за да се поврати и помогни домашниот туризам
Така да, ти слободно купи, со среќа нека ти е, и следното лето ќе ти пишам да ми резервираш апартман/студио за 20 евра од ноќ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom