Фан Клуб: Челзи

Член од
9 декември 2010
Мислења
592
Поени од реакции
318
So it begins...

Luzerov ako gi gubi ovie navidum lesnite sto treba da se ocekuva vo natprevarite so Arsenal, Brentford, Totenhem, Man City, Njukasal, Brajton, Man Utd, koi doagaat edna po druga so negoviot fenomenalen 25% win rate. :vozbud::vozbud::vozbud:
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.764
Поени од реакции
12.789
Ако потрошија мега тон пари за да играат пак 3-5-2. И нека се јебе и Покетино во газот.

Што кој кур е со таа формација не ми е јасно. Што е и со стравов.
Ако со Вест Хем беше пеналот битен што го испушивме, денеска што е ?

И со Лутон не бевме вау. Ниту во купот.

Не баш сјајен почеток.
 
C

confusion

Гостин
Не сум толку во паника зошто проблемиве што ги имаме не се ради неквалитетни играчи туку промашена формација и тактика. Али во случај после паузава, Маурицио да продолжи со истата тактика и формација, ондак треба да се размислува за нов менаџер, колку и да звучи смешно.
Имаш 4 крила, крило ти игра лев бек, а централен бек, ти игра лев бек, каша попара. Чилвел е непрепознатлив а ни е еден од најдобри играчи, не е случајност.
За Каиседо ќе се воздржам да коментирам, стојам на зборот дека не вреди ни 40м и дека после Кукуреља, не треба ни да помислиме да купуваме играч од Брајтон. Таму ги учат, играјте фудбал како знаете, бидите свои, ако изгубиме, изгубиме, голем кур Брајтон сме. Во Челзи неможеш да си така ноншалантен и да си играш твој фудбал зошто имаш притисок да донесеш резултати и да се бориш за титулу, за разлика од нула притисокот кој го имаат во Брајтон.
Се што треба е да се не се комплицира нешто што е многу едноставно, имаш млади и пробивни деца на крила, играј ги.
Санчез
Густо - Силва - Колвил - Чилвел
Лавиа - Каиседо - Енцо
Палмер - Џексон - Стерлинг​
Кога ќе се врати Бадиашил, треба под хитно на местото на Колвил зошто преценетиов енглез треба малце да размисли дали е Челзи материјал, премногу е лабав.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.725
Поени од реакции
52.660
Само што не играат 3-5-2 туку играат 4-2-3-1 со Колвил како лев бек и Чилвел како лево крило. Со што таа лева страна е скроз некорисна во натпреварите. Јасно ми беше во првите два натпревари, ама воопшто не е јасно зошто продолжи со тоа и на другите. Секако тимот нема магично да почне да игра како уигран тим и потребно е време, цело лето го трубам тоа. Ама многу е битно да им дадеш на сите најдобра шанса за да успеат, а тоа почнува со играње на секој играч на позицијата во која е најдобар. Последниве две сезони во Челзи освен голманот сите други играчи во одредени натпревари имаат играно надвор од својата позиција. Се надевам ќе видиме подобрувања после паузава. Бадиашил и Броја ќе бидат достапни, исто и Лавиа. А и Карни и Рис би требало брзо после тоа да се вратат. Повредата на Нкунку е најлошото нешто што можеше да се случи.
 
C

confusion

Гостин
@Донев се согласувам али ако треба да се крстиме во тоа да не ни се повреди играч за да имаме солидна игра, ондак сме оплескале многу повеќе од што мислиме. Потребно е да не се биде тврдоглав и инает како магаре, ова се провлекува на неколку последни менаџери на Челзи со измислување формации и позиции на играчи од ракав. Со Ливерпул игравме претпазливо ама сите утакмици после нив е срамотно менаџирање, ем не се уигруваат, ем играат формација што МОРА да се смени, ем се на промашени позиции на теренот и неможат да се состават со топка. Чилвел ни е еден од најдобри играчи а моментално изгледа како островски Кукуреља.
Апсолутна катастрофа, изјавава на Покетино после мечов уште повеќе ме нервира.
 
Ќе додадев дека секако не е ни добро се да се базира на еден играч. Ама така делува, дека целиот концепт во пријателските натпревари беше фокусиран на Нкунку и кога почна сезоната целосно се смени начинот на кој играа.

Како и да е, мора да се има на ум дека просечната возраст на тимот е под 23 години. Без Силва како стартер, тимот сигурно има просечна возраст пониска од некои тимови кои играат во младински категории. Ќе излага на виделина често сезонава неискуството, наивноста и се друго што носи тоа само по себе. Затоа и се додека завршат во горниот дел од табелата, ок сум. Ама мора да видам јасна идеја за тоа како треба да игра тимот, како да се градат овие млади играчи и што би можеле да очекуваме во иднина. Без тоа, како да си фрлил уште една сезона во вода. Верувам дека ќе го видиме, премногу е рано за да се суди.
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
592
Поени од реакции
318
Ne e problem formacijata koja defanzivno e 5-4-1 i ofanzivno 4-2-3-1 so Kolvil na lev bek, problemov e vo pristapot i samata taktika, sto bea site tie centarsutevi na slepo, koga nema nikoj vo 16-rec, izmenite vo site 3 natprevari kasni 5-10 minuti so izmenite.... ako se igra preku Dzekson koj poveke vreme pominuva okolu 16 da ja razvlece odbranata zosto uporno gi forsiraat tie centarsutevi, pristapot na igracite koga treba da brkaat negativa i nivnata psiha e diskutabilna.
Ne mi se dopagjase nitu Cukumeka kako levo krilo vo odbrana/10 vo napad nikakva produktivnost edinstveno golot sto go dade pred da se povredi.

Patem Sancez mora na klupa premnogu labilen e tipov, so negovite lucidni pasovi i isfrlanja na topka so raka ili noga.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.042
Поени од реакции
1.989
По рецепт на Вест Хем стрпливо си ја чекаа шансата и после све во дефанзива и по дифолт кога ќе се игра против Челзи некој ќе има животна уткамица. Јеитс и Боли вака немаат изиграно во кариера, Пујол и Гатузо во прајм.

Дали забележавте ама после пауза на полувреме Челзи излегува во полошо издание, слично беше и со Вест Хем, незнам дали е случајност уиграност, кондиција ама факт е дека Челзи игра полошо второ полувреме а треба да е обратно.

Формација како формација секој тренер си има филозофии, Пеп, Анчелоти си имаат свои претумбации што нема логика ама пак победуваат.
Проблем е што кај играчите како да имаат блокада или да се игра на сигурно, еве го денес како за пример, Џексон, Стерлинг кога имаат простор за шут они ќе додадат, кога треба да се додаде они ќе шутнат. Пред некое коло Чивел имаше чист гол пред себе он додаде.
Таквите ситуации не чинат добиена утакмица. Да се прими гол или промашен зицер се дешава ама вакви безидејни блокади се проблем и те како.

Само една позиција би коментирал а таа е на Енцо, мое мислење е дека не треба да игра толку офанзивно.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.042
Поени од реакции
1.989
После промашувањето на големо се збори негативно против Џексон на социјалните мрежи.
Го пишувам ова пошто ја спомнавте фанбазата пред некое време.

Играч што моментално сам пробува да направи нешто, превзема одговорност, не се штеди во ниеден дуел, сака да игра.
Срамота.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.340
Поени од реакции
1.652

Многу големи очекувања има фанбазата од Џексон, така да се повеќе ќе се разочаруваат дека може да е новиот Дрогба.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.042
Поени од реакции
1.989
Нов Дрогба по статистика или стил на игра?

Очекувања хм релативна работа, секој има различни. Јас зборам дека Џексон моментално ни е еден од подобрите играчи во тимот,
кој сака да превзема одговорност има добар осет за простор и пред се сака да игра директен фудбал.
Така да незнам од каде толку негативност кај фановите од едно или две промашувања.

Челзи моментално не функционира како колектив, океј ако Џексон изедначеше ќе имавме 1 бод од дуелот ама пак нема ништо да ја смени дамката од играта на Челзи како тим на домашен стадион.

Исто ми излезе твит од некоја страна каде што јавно се критикува Силва и неговото играње во прв тим.
Воедно он има реплицирано на тоа, дека превзема одговорност ама негира дека Челзи игра со 5 позади.

Играч што моментално ни е столб во одбрана, на 40 години ни игра без грешка.
 
После предсезонските утакмици се доби таков впечаток дека ќе решета по 20+ гола по сезона но јасно е дека не е таков тип на напаѓач. Улогата на Џексон во тимов би била многу покорисна кога би играл со уште еден врвен шпиц у напад, или да биди џокер ко што е Нкетиа во Арсенал.

Иначе е срамотно да се критикува одбраната, поготово Силва. Најголем проблем е стерилноста у напад, ниту се стварат шанси ниту има енергичност во нападите. Во ниту еден момент вчера не помислив дека Челзи би дал гол, до толку се безидејни, а за првото полувреме сум без коментар, ме фати дремка додека гледав најискрено.
 
C

confusion

Гостин
Нити е проблем Џексон во тимов, ниту игра лошо.
Проблемот е Покетино и само он, затоа што нема муда и има лузерски пристап.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.042
Поени од реакции
1.989
После предсезонските утакмици се доби таков впечаток дека ќе решета по 20+ гола по сезона но јасно е дека не е таков тип на напаѓач. Улогата на Џексон во тимов би била многу покорисна кога би играл со уште еден врвен шпиц у напад, или да биди џокер ко што е Нкетиа во Арсенал.

Иначе е срамотно да се критикува одбраната, поготово Силва. Најголем проблем е стерилноста у напад, ниту се стварат шанси ниту има енергичност во нападите. Во ниту еден момент вчера не помислив дека Челзи би дал гол, до толку се безидејни, а за првото полувреме сум без коментар, ме фати дремка додека гледав најискрено.
Ги немам гледано предсезонските освен хајлајци сеедно малку битно.
Предсезона не е мерило за ништо, поготово не за премиер лига и нејзиниот квалитет.
На база на 4-5 предсезонски натпревари да се ствара некаква слика за било кој играч не е фер.

Но еве ќе ти одговорам и самиот Дрогба на 27 години во овој Челзи нема да даде 20+ гола а не па Џексон.

Челзи моментално нема игра што ќе му обезбеди на напаѓач да он даде 20 гола во сезона и самиот си го кажа тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom