Знам дека е каша, затоа и барам совет анонимно, кај што никој не ме знае, не знам што да кажам..
Почни од некаде. Ете разграничи си имаш/немаш другар(ки)?
Пријатели?
Познаници?
Одвој време за старите другари… понуди помош(на пр.) најди им се… не мора се искачања по кафиќи да бидат!
Ако имаш вистински другари, пробај да ги разбереш! Во право се сите што ти викаат дека на денешно време, нема секој време(или пари) да губи по кафиња. Луѓето си имаат обврски.
Пријателите исто дружи ги, бар еднаш неделно некој(а) ќе биде слободен…
Зависи колку луѓе имаш во кругот… ама нереално е да очекуваш сите да ти бидат достапни секој ден за глупости!
Викни ги на гости, отиди им ти. Купи вино, грицки.. изгледајте некој филм, серија…
Отидете за викенд некаде, прошетајте…
Некој кречи дома(пр.) па што да не! Наместо изговор да не се видите, нека биде баш изговор да се видите!
Сега вие жените не знам како сте во тој аспект, ама ние кога треба дрва да се сечат, цепат, редат, кога се бере грозје, кога се вари ракија…. или нешто да се премести, мебел ова
Колку и да е напорно, тие поводи(бар јас со другарите) ги гледам од светлата страна! Оти цел ден на маката ќе има заебанции, вриштење, смеење, урлање, и не само што ќе се заврши работата, туку обавезно после тоа има софра од домаќинот сето убаво да се залее…
Така да, бар оние што ги имаш сега, не ги запуштај! Негувај ги! Ете почни од веќе постоечките другарства и пријателства, и пробај да го смениш ставот…
Излавање по кафиќи, ресторани и онака не е накај/после 30тата