- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 41.249
- Поени од реакции
- 122.843
Пеп од аспект на титули ќе заврши пред Ферги, нема сумња у тоа, ама за тие што пратат фудбал подолго време и ги фатиле ерите и на Ферги и на Пеп знаат што значи стариот првенствено за Јунајтед, потоа за ПЛ, а на крај и за светскиот фудбал. Не е секогаш се во титулите, Фергусон знаеше да направи играч од телиња како О Шеј, Вес Браун и да не набројувам натака, нешто што за Пеп е мисловна именка. Мене ваквите работи ми се интересни и за мене во тоа е убавината на фудбалот, многу полесно е да дојдеш во готов тим со неограничен буџет и да ги млатиш другите. Да не биде дека го омаловажувам Пеп, и тој прави играчишта, ама купува стрикно готови производи кои само ги избрусува и претвара во одлични играчи. Она на Ферги за мене е покул и појако, од ништо да направиш нешто. Башка многу би сакал да видам како би фунционирал Пеп во тим со ограничен буџет и кај што во моментот на доаѓање би имал раштиман оркестар, нешто како што начекаа Клоп и Покетино во Пул и Челзи.

Од Џон факинг Стоунс изгубениот минатава сезона направи Бекенбауер. Го создаде најдоброто трио на средина. Го продаде Ето па после и Ибра, го стави Меси лажна 9ка и го направи голгетер. Бускец, Педро, Тиаго, Фоден, Пике, Кимих итн., играчи што им даде шанса од втор тим или ги формираше целосно во тоа што станаа/сеуште се.

