Бидејќи нема муслимани нешто на форумов, ете површно објаснување поточно извадоци од Куранот по кој се водат муслиманите бидејќи кај нив од овде произлегуваат и правните закони и уредувањето на општеството!
Забрането им е на муслиманите според Куранот. За нив свињата е нечиста. Така е запишан зборот на Аллах преку неговиот пророк Мухамед.
Има цитат во Куранот:
"Он ви забранува, навистина, и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго име, а не во името на Аллах. А оној што ќе биде присилен, не со желба и не од навика, тогаш, нема грев. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!"
-
Куран, Сура 2 Ел-Бекара (Крава)
Затоа имаат како и евреите начин на убивањ и спремање на животното - халал ако сте слушнале.
"Кажи: „Во она што ми се објавува јас ништо не наоѓам забрането за никого освен мртво животно или крв што тече или
свинско месо, - ова, навистина, е гнасно или одвратно, - или нешто при чие колење не е споменато името Аллахово. Освен оној кој е присилен, не сакајќи и не поминувајќи преку потребното - та, Господарот твој, навистина, е Простувач и Сомилосен!"
-
Куран, Сура 6
Секое друго спремање на храната е харам или незаконско според Куранот и исламските закони.
"
Забрането ви е: и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго а не во името Аллахово, и она што е задавено и погодено, и она што е урнато, и со рог прободено, или од ѕвер начнато - освен ако го имате заклано пред да е усмртено, и она што е заклано на жртвеници, и да ја претскажувате иднината со фрлање стрели. Тоа ви е се порок.
Денес, неверниците, изгубија надеж во верата ваша; та, не плашете се од нив, туку од Мене плашете се! Денес ви ја надополнив верата ваша и го исполнив благодатот Мој кон вас, и задоволен сум Исламот да ви биде вера. Ако некој се најде во неволја, кога гладот мете, не сакајќи да падне во грев... па, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
-
Куран, Сура 5