Не ми е јасно како голманот е последен играч од сложувалката. Првиот играч што го набрка Пеп кога дојде во Сити беше голманот. Не му ни даде да тренира со тимот. Им важи Харт за клупска легенда. Клоп заради недостаток на пари, првин се обиде да се крпи со Миноље и Кариус, виде колку е саат, и штом ги добија парите од Кутињо, искешира за голман.
Пеп си донесе прво одбрана што му огдовара на играта, Вокер, Менди, Лапорт, па и Едерсон. После тоа што постојано земаше се подобри и подобри дефанзивци е друро. Клоп во Ливерпул не крпеше зошто немаше пари, туку прво ја скоцка одбраната, го купи Ван Дајк 80-90 милиони, со што ја комплетираше четворката назад Арнолд-Матип-Ван Дајк-Робертсон, па го донесе Алисон. Не е дека немал пари, можеше комотно Алисон да го земе пред Ван Дајк. Ако добро се сеќавам, Ван Дајк го земаа у јануарски рок, Алисон следно лето. Онана си ја врши работата супер. Против Вулфс не се приметуваше нешто многу тоа пошто стоеа ниско нивните играчи, вчера се примети зошто е донесен, во прво имаше бар 3-4 топки со кои мораше да се направи вишок и да се искреира нешто, неискористени поради недоволниот квалитет, пред се Бисака, кој доби неколку паса такви, ама мора да прими топка, мора да се намести на десна нога, тука веќе противникот се враќа и покрива, плус некои долги топки, ко таа за Гарначо која на крај заврши со пас до никој, или догите топки за Рашфорд кои беа узалудни затоа што Рашфорд бега од дуел игра, дали од страв или не може да процени лет на топка, повеќе ми делува на првото, секогаш скока метар-два пред противничкиот дефанзивец, а топката паѓа баш кај што е поставен дефанзивецот. Ова се се маани кои ги има тимот, а треба да се отстранат, за она што е наголем квалитет на Онана да биде искористено. Еве ти и против Вулфс и вчера, пак тешко изнесуваме топка од наша половина, милион топки ни собраа и едните и другите на 40-50 метри, пак немаме никаква контрола од на средина, нешто што нели требаше да се реши со доаѓањето на Онана. Имаш подолг хајлајтс на Јутуб од Арена, види го, се што Јунајтед доби ко шанса за гол беше после грешка на противникот при наш пресинг. Јунајтед ништо не може да искреира од наша половина до противнички гол.