Ај мал апдејт… (знам дека реков веќе не пратам, ама ова се проверени информации!)
Уствари ај прво да му посакам среќа и успех на Ибањез
Дечкото беше еден од нас, гинеше за нас, трофеј ни освои по 15 години прв пат!
Поклон до земја!
Искрено посакував да замине во Премиер и да има кариера како што заслужува! Меѓутоа парите на арапите пресудија…
Ај што го продадоа на највисоката понуда, туку многу поинтригантен ми е твитот на Мурџо: Сега ќе можеш мене и момците да не частиш вечера..!
Што значи детето било на минималец кај нас!!
Фридкине и Пинто у уста да ве е*ам!!!
Дефинитивно заслужи клуб кој ќе го цени повеќе од нас! Се надевам еден ден ќе се врати во европа(ќе имаме процент од наредна продажба).
И нормално дупка на лев бек сезонава
На трансферите…
Марко Арнаутовиќ сакал да игра за нас и кај нас да ја заврши кариерата! Сакал да игра и Куп УЕФА! Го посакува трансферот жустро!
Болоња е проблемот..
Имале испратено официјална понуда од 3.5мил евра, Болоња експресно одбила!
Му бара 10!
И тоа ќе беше во ред ако Арнаутовиќ немаше 34 години
Па јебем ли га, како забегаа со цениве! На човеков ова ќе му биде последен трансфер у кариера.. Нема пари од “наредна продажба”!
Да добар е! Да во форма е! Ама ипак е 34год.
И јес да има напаѓачи што длабоко во триесетата играле и тоа на ниво, реални да бидеме, во него има уште две-три сезони фудбал, и знак прашање дали и сега може да ора 90 минути!?
Извесно е дека ќе пратат и подобра понуда, но познавајќи го Пинто дека не преплаќа играчи, а ова е реална цена…
Остануваме во милост Господова
За бразилското дете, хаос станало! Маркос Леонардо сака да дојде, дури притиска…
Контактот го направил еден од директорите на Сантош кој бил играч на Рома во 80’-тите! Речиси и да било се договорено и прифатено.
Кога стигнала понудата од Рома, фановите на Сантош збеснале! Прво не знаеле дека е на продажба, никој не ги информирал ни па навестил такво нешто(?!) Многу популарен и сакан играч им бил, дете од академија!
Таков силен притисок, буквално бунт кренале, што директорот(Пауло Роберто Фалкао) сам си поднел неотповиклива оставка и извинување до навивачите!
Шта речи освен “бразилци”
им врие крвта нив…
(Додуша Леонардо бил само капката што ја прелила чашата, оти и други трансфери и распродажби направиле што не им биле по ќеиф
Можеме само да учиме од нив со каква страст навиваат за својот клуб!
Навивачи како навивачи ќе си легнат на брашното. Маркос Леонардо ќе биде продаден сакале они или не. Па на крај и играчот одлучува!
Меѓутоа за да ги одоброволат навивачите, управата ја отфрла понудата на Рома од 10мил € како многу ниска
Значи и тука ќе не дерат!
Е сега, да купиш бразилче на невидено е секогаш коцка, и затоа и никој не ги преплаќа! Буквално десетици доаѓаат во европа секоја година, и потоа се губат, исчезнуваат по серии Б, Ц1 или источни европи! Од 100 бразилци, дали еден ќе се погоди! И затоа одат за едноцифрени суми, и ретко, ретко повеќе!
Во принцип, јас би бил прв против ваков трансфер! Но… има едно големо НО што ме премислува!
Фалкао бил Романиста во срце, и тој бил човекот што го препорачал детево!
Има нешто тука…
И за крај, потребата од везни играч…
Од сигурни извори, ПСЖ ќе ни помогне
Нашите клубови се како брат и сестра!
110% ни праќаат играч на позајмица!
Е сега, нема пребирање…
Сеуште не е одлучено дали тоа ќе биде Ренато Санчез или некој друг.
Стискаме палци и праќаме срценца
И некако ми се подгреваат надежите…
Со некоја луда среќа, има шанса да завршиме со Ренато у среден ред. Арнаудовиќ, Маркос Леонардо у напад, и да не го заборавиме Абра кој би требало да се врати негде Фебруар ако се биде како што треба! Значи избор и ротација на претек, тамам да ја освоиме таа фамозна Куп УЕФА!
Ја да се прашам, би им го дал у свап-дил и Белоти на Болоња. Сигурно не би се противеле, а ние да одиме со некое дете од примавера до февруар! Ваљда има нешто поасално таму(?) ипак шампиони беа лани, а и кој да дојде, полош од Белоти не може да биде!