Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Ако не се изгласат уставните промени имам чуство дека ова е последен воз за нас. Веќе нема да не толерираат, што значи ке влеземе во уште поголема политичка и економска криза, а можно е и враќање на визите. Сето ова и промена на името па поголеми загубари од нас нема :D
 
Во Илинденското востание учествувале ли Бугари или само Македонци ?
Во НОб
Прегледај го приврзокот 386340

Турскиот башибозук што колеше и убиваше каури во Илинденско востание, денес пее песни на Мечкин Камен.
Нема дно кое не го пробивме.Како е можно бе ова да му го прават на својот народ клетнициве од СДШ?Ако не сакаат Патриотски Македонски песни барем влашки песни да се пееја.Не заслужуваме држава проклетија од народ.
 
Имало ли Бугари во Илинденското востание, е нерелевантно денес. Ние не треба да прифаќаме веќе ништо од тоа што го бараат од нас, од сосема други причини. Поради уникатното искуство што го нагрбачивме.

Али ако баш сакате, сметам дека таа работа е малку покомплицирана, пошто, чинам, ние и Бугарите не збориме за баш иста работа. Они го викаат Илинденско-преображенско востание и тука вклучува настани кои ние не ги земаме в предвид. На страна од тоа што они мислат дека ние сме Бугари.

Комплицирана е секако. Точно е тоа дека не збориме за иста работа. Кај нас ги мешаме работите.

И не, нема врска тоа дали ќе го гледаш у пакет Илинденско-преображенско или само Илинденско. Тоа е само политички конструкт.

Туку, во самото Илинденско востание, во тој историски контекст, од тие што учествувале, биле сметани за локални Бугари.

Види вест од некоја архива од тој период, како го пренасале, ќе видеш дека сите така ги викаат.
 
Шо сакаш да кажиш не врти од околу.Ево јас ќе те прашам НОБ Бугари го водеа,да или не?
 
Комплицирана е секако. Точно е тоа дека не збориме за иста работа. Кај нас ги мешаме работите.

И не, нема врска тоа дали ќе го гледаш у пакет Илинденско-преображенско или само Илинденско. Тоа е само политички конструкт.

Туку, во самото Илинденско востание, во тој историски контекст, од тие што учествувале, биле сметани за локални Бугари.

Види вест од некоја архива од тој период, како го пренасале, ќе видеш дека сите така ги викаат.
Тоа е точно. Ама како ја објаснуваш транзицијата од Илинден до НОБ?
 
Туку, во самото Илинденско востание, во тој историски контекст, од тие што учествувале, биле сметани за локални Бугари.

Од кого „биле сметани за локални Бугари„? Од самата тогашна држава Бугарија или од Абориџините?

Живо ме занима...
 
Од цел свет. Види архиви по Интернет како го пренасале востанието од странски медиуми. Не е ова као пред 500 века да се случило.
Имаш пишани документи, кои јасно даваат увид каква била тогашната генерална перцепција.
 
И кај се тие бугари за време на НОБ?Имаш објаснување или не ти се свиѓа прашањево?
 
Од цел свет. Види архиви по Интернет како го пренасале востанието од странски медиуми. Не е ова као пред 500 века да се случило.
Имаш пишани документи, кои јасно даваат увид каква била тогашната генерална перцепција.

Не спорам дека постојат пишани документи, па нека се тоа и официјални државни архивски документи, кои, земајќи го во предвид односот од нашиве соседи кон нас како Македонци, напросто тие документи се неверодостојни и тенденциозни, пишувани во корист од тогашните властодржци, нивната „идеологија„ и државни стратегии.

Она што најмалку ми е веродостојно, тоа се новинарски написи од страна на ликови, кои ем не се дел од оваа „географија„, ем известуваат за нешта кои нив лично не ги засегаат, туку на историските настани, како Илинденското, гледаат „од пристојно растојание„, без да ги познаваат состојбите „на терен„ малку поподробно.
 
Тоа е точно. Ама како ја објаснуваш транзицијата од Илинден до НОБ?

Тоа е голем временски распон и ужасно турбулентен историски контекст со сериозни политички и воени поместувања од 1903 до 1941, за да уопште можеш да направиш некоја глатка транзиција.

Но, доколку го гледаш НОБ изолирано само по себе:

Во никој случај НОБ не би требало да се гледа во некоја етничка смисла. Тоа ги буни работите во нашиов наратив.

Повеќе треба да го гледаш на ниво на граѓанска војна помеѓу оние кои паднале под влијание на југословенските комунисти и оние кои биле на фашистичка страна.

Оние што си го имале својот про бугарски пристрас, останале да си го имаат.

Мислам, дури и првото заседание на АСНОМ да го анализираш, ептен е индикативно истото.
 
Зошто НОБ не би требало да се гледа низ некоја етничка смисла?
 
Бидејќи не треба. Нема врска НОБ со етникуми, као што има со тоа дека е анти фашистичко. Идеолошки е.

Зошто требало да се гледа според тебе ?
 
Тоа е голем временски распон и ужасно турбулентен историски контекст со сериозни политички и воени поместувања од 1903 до 1941, за да уопште можеш да направиш некоја глатка транзиција.

Не е голем временски период, напротив многу Илинденци доживеале да го видат и НОБ. Павел Шатев бил еден од Солунските Атентатори, па потоа бил и министер за правосудство после завршетокот на WW2.
Друг пример е Андон Ќосето, кој бил десна рака на Гоце Делчев и ја вршел прљавата работа, за да непосредно пред да почине од природна смрт на 98 годишна возраст (1953) пишува писмо во која ја честита слободата на Македонија во рамки на тогашна Југославија

Писмото е испратено до Колишевски

. „Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее - еднаш засекогаш, под еден покрив. Андон Ќосето“

Не ти држат вода тезите
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom