ПРЕВЗЕМЕНО ОД БУРЕВЕСНИК
КОЈ ГО УЧЕШЕ ЗАЕВ!?
ЧУДОВИШТЕТО И ПОСЕРКО, во долгогодишна коалиција со АЦА АНТИЌ од ЗАЈАС, ја уништија Македонија. Она што остана од неа, го наследи муртинскиот марихуански наркобарон ЗОРАН ЗАЕВ, лажго и измамник каков мајка ретко раѓа! Нему му остана нашата надеж која бескрупулозно ја потроши и ја уништи. После отпорот и шареникаквата револуција, ЗАЕВ го уништи тоа што го наследи, ја уништи нашата НАДЕЖ!
Името Република Македонија, во друштво и колаборација на КОЧО АНЃУШЕВ и ЗОРАН БАШАНОВИЌ, го продаде на Грција, за милиони евра, за понекоја вила на море за него, брат му, братучедот. На најблиските послушници и слуги им подели концесии, привилегии и однапред наместени тендери, на ПОСЕРКО му овозможи слобода и задржување на украденото во замена за глас ЗА од ОСУМ ПРАТЕНИЦИ кои велепредавнички гласаа за промена на името на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
На ЌУРКА КОВАЧЕВСКИ, инсталат од ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, му ја препушти СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, да ја докусури заедно со докусурувачите од ДУИ. И тие како и ЌУРКА веќе немаат каде. Огнените од внатре ги растурија, ги разнебитија, им ги скршија плановите, ги раситнија, теренски ги изложија пред обичните смртници Албанци кои како и сите нивни сожители во Северна Македонија немаат: патишта, пруга, стабилна струја, вода, канализација и сето она што ЕУ го има одамна!
Деновиве, на плус 40 Северна Македонија гори повторно под товарот на насилните уставни измени, со наводна неопходна потреба Бугарите да бидат внесени во Уставот. Велам НАВОДНА затоа што главен носител на тие измени е измамникот и лопужа БУЈАР ОСМАНИ, според несреќен сплет на околности, министер за надворешни работи БАШ ВО МОМЕНТ кога морале да ги направат овие уставни измени! Министер е затоа што нема Македонец со МУДА како ЗАЕВ, да изврши ново велепредавство слично на промената на името. Оти ова велепредавство не носи само внесување на Бугари во Уставот, туку носи уште мал милион СКРИЕНИ непогодности за Македонците. Освен булументата околу Заев, Ќурка, Груби, Османи и Антиќ, ретко кој друг знае што се крие за овие предстојни уставни измени. Веќе видовме дека Преспанскиот договор само на ЗАЕВИ и на АНЃУШЕВ им донесе профит и бенефит. Договорот со Бугарија за наводно добрососедство секако дека не ни носи ништо добро. Ако си добар со соседот, не ти треба договор! Или си во добри или во лоши или си во никакви односи т.е. не си во односи!
Инаку, во прилог на слика го имате Израелецот АСАФ ЕИСИН, човекот што го учеше ЗОРАН ЗАЕВ како добро се лаже, како се заведуваат широки народни маси, како се држи говор, како се става рака на срце кога се лаже, како се гледа во очи додека се лаже а да не се трепка, во кои делови од земјата каков говор се држи, во која ТВ ИНКА како се настапува, како се реагира кога наспроти себе имате политички противник, а како се подгрева оптимизам кај истомисленици!?
Во периодот кога ЗОРАН ЗАЕВ го водеше ОТПОРОТ, 2014/2017, секоја втора недела одеше на еднодневна настава во Белград кај АСАФ ЕИСИН. Агенцијата за учење на лажење, манипулации, злоупотреби и заведување широки народни маси е долги години ангажирана во Србија од Александар Вучиќ. Ама, за разлика од Вучиќ кој има етнички чиста власт, ЗОРАН ЗАЕВ беше во коалиција со политичкото крило на терористичка ОНА, под работен наслов ДУИ. Па брзо се врати во назад во селото, со роднините да си ,,работи,, марихуана!
На ред е ЌУРКА. Нему аѓенција за лажење од Израел не му треба, оти е ученик на Ѓерманците, Унгарците, Австријците и Грците. Преку татко му Таче им силни конекции со САД, од времето кога Македонија ја ограбуваше ЛОРЕНС БАТЛЕР, ,,кључар,, од Куманово. Таче како градоначалник го испрати од Македонија, прогласен за почесен граѓанин на Куманово, му врачи и КЉУЧ!
Прегледај го приврзокот 386112