Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.495
Поени од реакции
33.644

2023-07-30 18.10.13 nitter.net 95fca02365d9.png

Добар thread за тоа зошто е пред се позициона војна и зошто украина прави некои „ако помине-помине“ нелогични потези. Посебно е добро објаснет делот со мамката за overextending на Русија и проблемот кој сега го има САД/Европа.
Интересна воена и геополитичка анализа. Доволно добро е за оваа тема.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.143
Поени од реакции
22.699
Situation southwest of Donetsk: Ukrainian Army made new advances north of Pryyutne and is slowly aproaching to the town.

photo_2023-07-30_18-16-58.jpg

Situation on Zaporizhia front: During the last two days the situation in the axis of Verbove was stabilized following the arrival of new Russian reinforcements which managed to increase and reinforce the areas around the defense line. Moreover, Russian Army repelled Ukrainian attack southwest of Robotyne.

photo_2023-07-30_18-21-13.jpg
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.372
Поени од реакции
6.977
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.789
Поени од реакции
8.486

Прегледај го приврзокот 386041

Интересна воена и геополитичка анализа. Доволно добро е за оваа тема.
Не мислам дека му е точна претпоставката дека Американците ги тераат Украинците со сила да си ги потрошат расположливите сили за Русија побрзо да влезе во фазата на окупација каде што ќе треба да троши ресурси за реизградба и борење со партизани кои западот ќе ги инвестира. Во оваа фаза на војната после толку подршка, капитулација на Украина има да ги разниша НАТО и ЕУ до темел.

Влијанието во Африка, Јужна Америка, Блискиот Исток па и централна Азија и Кавказот има да им испари преку вечер. Секако тука е прашањето и за Тајван кое би било следно на агенда. И да се повлечат од Украина зошто чини премногу, за што би им требало повлекувањето? да не ќе се реорганизираат? патот на кој што се е е доста фиксиран и они ќе си го тераат до крај нема тука нешто многу простор за маневар.

А Русите колку и да имаат трошоци за реизградба на Украина, они сепак ќе ги наследат и природните ресурси на Украина со дали 50% од популацијата. Само од продажба на струја и жито најверојатно ќе прават доволно профит за да ја финансираат реизградбата. А и после војната секако бројот на нарачки за оружје ќе им се дуплира.

Ако сакаа Русите да ги искрварат преку трошоци за Украина и бескрајни терористички напади требаше да им дозволат уште минатата година да ги окупираат. Сега кога најголем дел од тие што би се бореле се веќе мртви или на фронт тоа е тоа од каква било герила, се што можат е да вршат ситни терористички напади на ниски функционери. Повлекување сега би значело тотален пораз.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.478
Поени од реакции
27.294

Тоа им беше планот (на САД), поделија оружје на ќоро и сакато, па после пошто коцката беше фрлена мораа да ја прават оваа импровизација. Русија ја игра оваа игра со максимален профит до сега.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.478
Поени од реакции
27.294
@Lokvan , @jamajka , @poimanemam - темава не е за ВМРО, шарените куртончиња, северџаните, комуњарите и предавниците. Мерете си ги во приватни пораки.
Пак кажувам, избриши ме мене од коментарот, пошто јас ниту провоцирам, ниту пишувам за Македонска политика таму каде што не и е местото (а богами ни таму кај што и е местото). А башка што курот тука си игра со вас, вон сите правила, лик кој очигледно е дупли профил и е тука стриктно да провоцира, немаш баш интегритет поинаков да казнуваш, освен од позиција на сила.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.143
Поени од реакции
22.699
Situation on Luhansk front: Ukrainian Army launched a counterattack and retook full control over the village of Novojehorivka. On the other hand, troops reached the outskirts of Nadiya where clashes with Russian Army are currently taking place.

photo_2023-07-31_14-36-48.jpg
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.495
Поени од реакции
33.644
Видеото со тенкот, сега со многу подобар превод.

Автоматски споено мислење:

Постарото видео од друг агол, кога мислевме дека влегле во минско поле (и не знаевме за лудиот Аљоша на другата страна од појасот дрва).

Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.425
Поени од реакции
5.137
Не мислам дека му е точна претпоставката дека Американците ги тераат Украинците со сила да си ги потрошат расположливите сили за Русија побрзо да влезе во фазата на окупација каде што ќе треба да троши ресурси за реизградба и борење со партизани кои западот ќе ги инвестира. Во оваа фаза на војната после толку подршка, капитулација на Украина има да ги разниша НАТО и ЕУ до темел.

Влијанието во Африка, Јужна Америка, Блискиот Исток па и централна Азија и Кавказот има да им испари преку вечер. Секако тука е прашањето и за Тајван кое би било следно на агенда. И да се повлечат од Украина зошто чини премногу, за што би им требало повлекувањето? да не ќе се реорганизираат? патот на кој што се е е доста фиксиран и они ќе си го тераат до крај нема тука нешто многу простор за маневар.

А Русите колку и да имаат трошоци за реизградба на Украина, они сепак ќе ги наследат и природните ресурси на Украина со дали 50% од популацијата. Само од продажба на струја и жито најверојатно ќе прават доволно профит за да ја финансираат реизградбата. А и после војната секако бројот на нарачки за оружје ќе им се дуплира.

Ако сакаа Русите да ги искрварат преку трошоци за Украина и бескрајни терористички напади требаше да им дозволат уште минатата година да ги окупираат. Сега кога најголем дел од тие што би се бореле се веќе мртви или на фронт тоа е тоа од каква било герила, се што можат е да вршат ситни терористички напади на ниски функционери. Повлекување сега би значело тотален пораз.
Да те прашам, ти навистина веруваш дека по 2014 во Киев се носат некакви (политички или било какви други) одлуки?
Сметаш дека РФ е некаква заостаната држава која не знае дека овие имаат добро смислен план да ако ова не им успее ќе продолжат со некакви партизанско движење и слични работи!? (само да додадам заостаната држава нема најголем арсенал на јадрено оружје, не е вистинска сила во истражување на Вселената и уште редица технпологии... па и во општествена област, да речеме пред 2-3 децениии исфрлија КОБ, според многумина една од можните концепции за развој во 21 век)

Не верувам дека по поразот на нато силите (често викани украински сили) во Украина западот ќе престане да не изненадува со нови интересни работи, според многумина се до моментот додека не се спукаат со... многумина се надеваат дека ова ќе заврши со замрзнување или некаков квази мир, кој по потреба би се употребувал за вршење притисок врз РФ, при што забораваат дека против претсадателот на РФ Путин е покренато обвинение за воено злосторство, дека на РФ и се украдени над 300 милијарди девизни резерви на нивната народна банка и уште дузина други непремостливи работи кои водат кон иден судир!

И за крај би рекол дека сметаш, ќе дојде до пораз на нато силите, РФ ќе си се смири и се ќе си тече по старо, забораваш дека многу вода протече (стотици илјади загинаа)... РФ со крв си ја плаќа својата слобода и суверенитет... дека најавениот мултиполарен свет е реалност (добро за Северџганите не е сеуште ама кај и да е и тие еден ден ќе се разбудат и ќе видат дека светот се изменил)... сакам да речам дека светот кој постоеше до 24 фебруари 2022 се смени, повеќе не постои... низ крв и се гради еден нов свет за кој многумина па и јас мислам дека ќе биде не само нов туку и подобар!
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.072
Поени од реакции
9.340
Видеото со тенкот, сега со многу подобар превод.

Автоматски споено мислење:

Постарото видео од друг агол, кога мислевме дека влегле во минско поле (и не знаевме за лудиот Аљоша на другата страна од појасот дрва).

Т-80 на Руска страна, се познава што има (релативно) добра брзина во рикверц.

Дронот и коментаторот се во соседен сектор, немаат директен контакт со тенкот, веројатно посадата е во контакт со дронот од другото видео. Изгледа еден од гласовите е во контакт со некој на другиот сектор.

Технички не е баш сам бидејки повикуваат автоматски фрлач на гранати, артилериска подршка и наведувани ПО проектили.

Секако добра соработка и среќа на посадата.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.495
Поени од реакции
33.644
Би било убаво да искочи верзија со оригиналната резолуција на видеото од дроновите.

Технички не е баш сам бидејки повикуваат автоматски фрлач на гранати, артилериска подршка и наведувани ПО проектили.
Псссссст! ;)

Инаку на постарото видео не видовме артилериски оган окулу Украинците, со онаква прецизност скоро сигурно со АТGM беше гаѓан противничкиот оклоп. Освен ако не биле наведувачки проектили, во кој случај ќе гледавме ласерско нишанење со дронови. Или така нешто... Не знам, само лаички размислувам на глас.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.072
Поени од реакции
9.340
Би било убаво да искочи верзија со оригиналната резолуција на видеото од дроновите.

Псссссст! ;)

Инаку на постарото видео не видовме артилериски оган окулу Украинците, со онаква прецизност скоро сигурно со АТGM беше гаѓан противничкиот оклоп. Освен ако не биле наведувачки проектили, во кој случај ќе гледавме ласерско нишанење со дронови. Или така нешто... Не знам, само лаички размислувам на глас.

Интервју со командантот на тенкот.

Целата посада, еден е Јакут.

Kajgana Shop

На врв Bottom