Може а и не мора да се промени политиката на САД за наредните избори. Но не е тоа поентата, нема оваа војна да трае вечно, ќе посакаат порано или подоцна да и стават крај на војната можеби како резултат на нов конфликт, (има еден куп замрзнати конфликти дури и овде на балканот) и ќе се олесни позицијата на Русија. Не е состојбата во светот статична, се менува светот многу брзо и тоа на штета на Западните хегемони. Иако се обидоа да закрпат некои дупки и да се концентрираат на Украина, дури и Кисинџер на 100 години го пратија во Кина.
Не е ова одржливо на долг , па и на среден рок, можеби намногу игледи е повторно да се потпали на Блискиот Исток, Сирија, Ирак, Иран... Може и русите да иницираат таков конфликт, оние американци во Сирија што крадат нафта може секој момент а се најдат на менито. Или пак Палестина - Израел. Кина - Тајван, итд. За Тајван прашање е кога Кина ќе процени дека е најбезболно да го преземе островот, а воено е способна и денес. Неверојатно е тоа што се случува со подемот на Кина, но тоа е друга тема.
Во Украина не може да победат, се гледаше тоа и претходно но сега навистина не гледам како успеваат да ги убедат билмезите дома и надвор што навиваат за нив. Освен тие што ги плаќаат се разбира.
Военоиндустрискиот комплекс им е скоро непостечки надвор од САД. Германија и Франција имаат понешто, ама немаат инфраструктура за масовно производство на артилерска муниција. Слично е и со САД, имаат производство за специјализирани и напредни техники но слаби со основни работи како масовно производство на артилериско оружје, артилерска муниција, производство на тенкови им е скоро непостоечко, итн.
Мислам еј, гледај што им дискутираат политичарите на највисоко ниво:
Тоа е тоа, и не гледам како би можело кај нив во САД нешто да се смени во политичката клима... Не без некаков облик на народна револуција и расчистување со олигархијата. А тоа не гледам како е можно да се случи со ваков степен на контрола и на раслоеност и поделба меѓу луѓето. Тука гледаме колку социјалните инжинери со културниот марксизам детално си ја одработиле работата. Не само американското туку целото западно општество е сјeбaно и поделено по милион основи.
Методот е едноставен, секое едно малцинство во било која сфера на животот - тоа се промовира и се привилегира на сметка на мнозинството. Етничка основа, малцинствата се привилегираат на сметка на мнозинството. Сексуална основа, лгбт и сите малцинства од аспект на сексуална определба - тие се привилегираат и промовираат на сметка на мнозинството. Било какви морални и етички норми што не се одлика на мнозинството, се промовираат наместо она што е меинстрим. Целта е поделба, и поделба, и поделба.
Не Трамп, дури и некој многу поекстремен од Трамп некако магично да дојде на позиција на ПОТУС - ништо нема да може да направи. Целиот политички систем им е така скроен да тие од позадина што ги влечат конците, тие ја контролираат политиката на државата. Се разбира во сопствена корист, а на штета на државата и на штета на луѓето.