Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.168
Поени од реакции
4.316
Нит ми е господар ниту пак го почитувам као човек.
Инаку ова веројатно у 2001 ради екстремизам, не верувам сега да е на црна листа.

Али вие сте интересни ботињи :LOL: , албанофоби до гуша, додека криминалите на дпмне ги замижувате, а груевски и мијалков ја пљачкаа државата 10 години
Хмммм....а како „изгледа„ твојата албанофилија?...ако не е тајна, оф корс...:icon_lol:
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Хмммм....а како „изгледа„ твојата албанофилија?...ако не е тајна, оф корс...:icon_lol:
остај ти со твојта бош реторика, али стварно е интересно како на дпмне сте игнорантни.
Нишо чудно да сте биле дел од оние сендвичи шо јадеа на контрапротести хахеххееххее
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.808
Поени од реакции
2.772
Нит ми е господар ниту пак го почитувам као човек.
Инаку ова веројатно у 2001 ради екстремизам, не верувам сега да е на црна листа.

Али вие сте интересни ботињи :LOL: , албанофоби до гуша, додека криминалите на дпмне ги замижувате, а груевски и мијалков ја пљачкаа државата 10 години
Аман, немој да зборуваш, здивот ти мириса на ку*от на Али Ахмети.
Груевски и Мијалков се минато, испазарени со власта и се на слобода благодарение на оваа власт. :)
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.168
Поени од реакции
4.316
остај ти со твојта бош реторика, али стварно е интересно како на дпмне сте игнорантни.
Нишо чудно да сте биле дел од оние сендвичи шо јадеа на контрапротести хахеххееххее
Младиќу,

лично, немам ништо со ДПНЕ, така да џабе „набадаш„...мислим...како последица од возвишената ти интелектуалност.

А ДПНЕ веќе сум ја критикувал повеќе пати...тоа што сега, вие „бањати интелектуалци„ (бањати барем по 3 пути дневно...) сте на власт, тоа е последица од кукавичлукот од „сердарите„ и од „војводите„.

Просто кажано, кога немаш што да кажеш, на неистомисленикот кажи му дека е вмро-вец...:icon_lol:
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Младиќу,

лично, немам ништо со ДПНЕ, така да џабе „набадаш„...мислим...како последица од возвишената ти интелектуалност.

А ДПНЕ веќе сум ја критикувал повеќе пати...тоа што сега, вие „бањати интелектуалци„ (бањати барем по 3 пути дневно...) сте на власт, тоа е последица од кукавичлукот од „сердарите„ и од „војводите„.
Епа и јас немам ништо со СДСМ па еве така ти оди реториката. Јас сум про ЕУ ориентиран, али као шо гледаш опозициските партии се Путинчовци, па нема друга опција.

Буквално нема друга партија која моментално у вакво зафркнато време си ја уништува сопствената репутација за да истера тежок процес низ кој државата поминува.

Секако, народот тоа не го цени бидејќи, као шо викаат англичаниве: They can't see the forest for the trees.

Сите останати само пумпаат чист популизам, најлесен начин да водиш политика и најдеструктивно.

Ти и да не си дпмне, секако реториката ти е ко Левица :lolzz: , пак деструктивно, нема некоја голема разлика.


Просто кажано, кога немаш што да кажеш, на неистомисленикот кажи му дека е вмро-вец...:icon_lol:
Ова управо за тебе важи, само изброј колку пати кога немаш конструктивен аргумент, почнува роботскиот вокабулар: комуњар, северџан, сдс, па комуњар два пати итн итн :D .
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
СДС имале политичка репутација и ова го правела за доброто на Македонија. :pos:
Партијата заглавена во корупција бетер од ДПМНЕ, таа ги лажеше пред камери нема да смени име и милион други работи, дека ќе добиеле бесплатно здравство ако сменат име и он бил политички писмен и верувал во тоа, a се друго неписмени вмровци :pos:
Искористија трагични судбини за личен корист и нив ги фатија на камери и снимки како крадат, како ги нарекуваат шуто и рогато и они биле про еу и затоа за СДС. Озаконија корупција со Бехтел и Енка со ЕУ знаменце, закон кај што никаде го нема во ЕУ за вакви проекти. Секој ден скандали со корупција, апла неспособност.
И оваа партија ќе го одвела во ЕУ пошто жртвувала репутација
Ама народот глуп неможел да види шумата од дрвјата
Ама немал ништо со СДС туку само про ЕУ :pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Озаконија корупција со Бехтел и Енка со ЕУ знаменце, закон кај што никаде го нема во ЕУ за вакви проекти. Секој ден скандали со корупција, апла неспособност.
Лол, еве бот. Му кажале Мицкоски и Апасиев дека имало корупција у Бехтел и Енка бидејќи го кочат проектот оти знаат дека е добар за државата и тој поверувал :lolzz:.

Каде е корупцијата со Бехтел и Енка на дело ?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.064
Поени од реакции
8.632
1689942383156.png

Не гледам некоја битна разлика помеѓу корупцијата во Македонија и истата во ЕУ-членките: Унгарија, Бугарија и Романија.

Зошто?
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Лол, еве бот. Му кажале Мицкоски и Апасиев дека имало корупција у Бехтел и Енка бидејќи го кочат проектот оти знаат дека е добар за државата и тој поверувал :lolzz:.

Каде е корупцијата со Бехтел и Енка на дело ?
Со закон доделија тендер на една компанија во мирни услови за изградба на автопат кој е преплатен. Еве ти излезе Гир тогаш и рече дека ова не е ЕУ закон и дека не треба да се користи знаменце.
Класичен рекет плаќање на САД. Не се објави ни договорот ни ништо било тајна, еј договор за изградба на автопат било тајна ама ете ти интелектуалецот што верува дека гласал за бесплатно еу здравство секако нема да најдеш ништо сомнително. If else класичен, бот е комплимент за тебе.
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Со закон доделија тендер на една компанија во мирни услови за изградба на автопат кој е преплатен. Еве ти излезе Гир тогаш и рече дека ова не е ЕУ закон и дека не треба да се користи знаменце.
Класичен рекет плаќање на САД. Не се објави ни договорот ни ништо било тајна, еј договор за изградба на автопат било тајна ама ете ти интелектуалецот што верува дека гласал за бесплатно еу здравство секако нема да најдеш ништо сомнително. If else класичен, бот е комплимент за тебе.
Така работат Бехтел и Енка, деловна тајна е договорот. Имаат добра историја позади нив во регионот и затоа се избрани. Бидејќи знаат да ја завршат работата.
Цената не е преплатена. Цената се прави врз база на проектната документација.

Класичен спин на опозицијата е дека нешто било претплатено ако не си ја видел проектната документација.
Исто така договори кои се деловни тајни за градежни проекти се дешавале и претходно, само што тогаш очигледно не ти било битно, сега те нас'скаа мицкоски и апасиев и некако ти стана битно :lolzz: .

Смешковци.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Така работат Бехтел и Енка, деловна тајна е договорот.
Замисли Грујо да се сетеше на ова и да го набавеше мерцедесот под услови на деловна тајна. :sramezliv:
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Така работат Бехтел и Енка, деловна тајна е договорот. Имаат добра историја позади нив во регионот и затоа се избрани. Бидејќи знаат да ја завршат работата.
Цената не е преплатена. Цената се прави врз база на проектната документација.

Класичен спин на опозицијата е дека нешто било претплатено ако не си ја видел проектната документација.
Исто така договори кои се деловни тајни за градежни проекти се дешавале и претходно, само што тогаш очигледно не ти било битно, сега те нас'скаа мицкоски и апасиев и некако ти стана битно :lolzz: .

Смешковци.
Еве која изградба на автопат до сега во Македонија е деловна тајна?

Во Романија вака државата им додели директно на нив тендер да изградат 580км автопат за 3.2 милијарди. Од 3.2 скокна на 5.4 милијарди за накрај да ги молат да намалат и на крај да го откажат зашто е прескапо. Бехтел изгради 52 км автопат од договорените 580 и си зеде 1.5 милијарди главно пенали. Околу 30 милиони за километар. Што е рекорд најверојатно. Тука 1.3 милијарда плус најавија 300 милиони минимум за оштети на народ. 1.6 мининум за 110км автопат, плус копање на ресурси безпари од тука и којзнае што не. Инаку не беше деловна тајна и во Романија ако добро ми текнува.
Супер договор, баш донесен според ЕУ стандарди од нели партијата што сака да не внесе во ЕУ.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.128
Поени од реакции
15.079
Golemiot majstor , negovata ekselencija mason dr.Živko ke ne ubeduva deka svetot e rozov i ubav....

„Еуромакс oдлучно против рудници на смртта!“


- 21 јули, 2023
Од
Макфакс


И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале.
dobivaj vesti na viber
Еуромакс Ресоурцес е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; против небезбедни брани за течни јаловишта, загадување на надземните и подземните води, дополнителни загадувања на плодните почви и воздухот; против застарено и неконтролирано користење на експлозивни материи, неподнослива бучава и неконтролирано создавање на облаци од прашина; Еуромакс е против принудно дислоцирање на постојни живеалишта и раселување на регионалното население, девастирање на природата и животната средина по истек на периодот за активна експлоатација… Да, ние сме одлучно против сите форми на шпекулативни и коруптивни договори помеѓу политичко-економски структури, секој вид на политичко влијание и притисок врз независните судски органи; против разни структури-странски служби, конкурентски бизнис компании или политички партии кои за своите лукративни интереси финансираат формирање и активности на лажно загрижени „граѓански активисти“ чија добро платена задача е да шират дезинформации и шпекулации. Тие злонамерно креираат хистерија и страв од катастрофични сценарија што треба да резултира со комплетен застој и назадување на државата, деструкција и економски колапс, континуирана политичка нестабилност и подгревање на целосната недоверба на граѓаните во капацитетите на системот, во секого, во се и сешто…. Токму затоа, ние сме апсолутно против сите форми на користење говор на омраза, сеопшти повици за радикален бунт и линчување на неистомислениците, против сите агресивни националистички изблици на етничка и религиозна дискриминација.

За жал, морам да констатирам дека во изминативе пеколно топли денови во нашата држава, со неподносливо болна леснотија и со нагласено дилетантска трагикомичност кулминираа хистерично на отворена сцена поголем дел од горенаведените зла.
Ваквата енормна доза на негативна енергија и фрапантна површност и неодговорност кај мноштвото на овие актери, само ја засилија мојата лична посветеност за аргументирано презентирање на ВИСТИНАТА за мега-Проектот, рударскиот комплекс Иловица-Штука.
Да, сите ние од Еуромакс Ресоурцес недвосмислено сме одлучни ЗА реализација и долгорочно функционирање на рудникот за Подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш!
Современиот рударски комплекс Иловица-Штука е стручно проектиран и ќе биде менаџиран по сите највисоки светски стандарди со примена на најнови техничко-технолошки методи и потврдено добри практики. Приоритетно се залагаме за целосно безбеден и еколошки одржлив индустриски капацитет со огромни придобивки за економијата, раст на извозот во просек над 200 милиони евра годишно, значително зголемени приливи на девизни средства што ќе придонесе за подобрување на структурата на билансот на плаќање и одржување на стабилниот курс на денарот, раст на БДП со приближно 4% годишно…. Веднаш во првите две години од изградба, Еуромакс ќе инвестира околу 350 милиони евра, од кои над 180 милиони евра ќе бидат исплатени на домашни компании кои активно функционираат во сектори како градежништво, транспорт, механизација, опрема, информатичка технологија итн. Во текот на целиот период од оперативното работење на рударскиот комплекс ќе се исплаќаат кумулативно по 75 милиони евра секоја година на повеќе локални кооперанти за тековно одржување, снабдување со неопходни производи и разни сервисни услуги. Зборуваме за најширок опфат на домашни компании кои се занимаваат со земјоделство и прехрамбена индустрија, угостителство, текстилна, хемиска и дрва индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање… Во согласност со актуелните законски прописи секоја година ќе се уплаќаат приближно од 25 милиони евра во државниот буџет, а над 3 милиони евра годишно ќе се слеваат директно во буџетите на локалните управи на оштините Босилово и Ново Село. Само вака реално ќе се обезбеди стабилно финансирање на локалните управи за да ефективно се реализираат нивните дефинирани проекти за заштита на животната средина, водоснабдувањето, локалната инфраструктура, поддшка на земјоделството, реновирање и изградба на нови училишта, културни и спортски објекти.
Затскриени под маските на граѓанскиот активизам, добро платените кочничари на развојот упорно манипулираат со јавноста. Се обидуваат да ја игнорираат реалноста дека само богати и економски развиени земји можат ефикасно и приоритетно да инвестираат во заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето, во образованието, културата…. или воопшто во креирање на квалитетни параметри за достоинствено и среќно живеење.
Рударскиот комплекс Иловица-Штука ќе создаде потреба од околу 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии, со што значително ќе се помогне на нашата држава за ефикасно намалување на долгогодишниот девастирачки тренд на економски мотивираната миграција. Секој рационален човек знае дека за да се постигнат подобри и повкалитетни животни услови и атрактивни перспективи за младите генерации, не се доволни само декларативни заложби. Неопходни се конкретни акции и дела. Само големи инвестициски проекти, отворање на нови капацитети во реалното стопанство, производство и извоз, можат брзо да создадат позитивни промени и напредок.
Јасно и прецизно – сите ние од Еуромакс Ресоурцес сме одлучно против рудници на смртта, но уште поодлучно ЗА Проектот Иловица-Штука како современ рудник за подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш!
Колумна на д-р. Живко Груевски
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.858
Поени од реакции
10.257
Живко неколку години работи како главен лобист вработен во Еуромакс, неговото излагање е платена пропаганда
 

Kajgana Shop

На врв Bottom