Со ваквиот твој став, ми изгледа дека поддржуваш и оправдуваш асимилација. По твое испаѓа дека Грците биле во право кога им забранувале да говорат негрчки јазик на негрчкото население на нивна територија, дури и по дома, па така сега имаш погрчени Македонци и погрчени Албанци, кои се прават поголеми Грци од родените Грци на Атика и Пелопонез.
Како може Влав кој не зборува влашки јазик, туку мајчин му е македонскиот или српскиот, да биде дел од словенска култура?
Како може Ром, дојден од Индија, покрстен, не го зборува и не го разбира повеќе ромскиот јазик, туку мајчин му е македонски, да има нешто заедничко со словенска култура и обичаи?
Ирците, кои се доведоа во ситуација до губење на својот јазик, за сметка на англискиот, сакаш да кажеш, дека ја загубиле својата келтска култура и ја прифатиле германската?
Не те разбирам сосема. Појасни попрецизно!
Не оправдувам асимилација.
Јазик можеш да смениш поради потреба од егзистенцијални причини, асимилација насилна и на многу други начини.
Затоа целиот етнички национализам како идеологија кога аплициран во екстреми, ниту е логичен ниту е корисен, туку историски гледано скоро секогаш има водено до зажарувања емоции, поделби и војни.
Не биле у право Грците кога асимилирале. Издејствувале неправда спрема народот словенски таму. И како што и самиот потврди неколку децении подоцна, гледаш тотално други чувства и перцепција.
За да разбереш колку нема смисла национализмот воопште земи го нашиот пример.
Македонските словени се гледани како дел од бугарскиот народ најмалку од средновековието па се до помеѓу воениот период, каде што после 44та гледаш јасен како бел ден македонски национализам, кои тврдат дека немаат ништо со бугарите.
Јас ти ги објаснувам само процесите во општеството за да разбереш колку самата дебата нема смисла додека од самиот тој национализам си патиме.
И сега кој наратив ќе го бранеш ?
Оној кој Груевски ти го кажа за Војникот на Коњ ?
Оној од кога почнале да ги индоктринираат нашите предци во Југославија дека со бугарскиот народ немаме ништо заедничко и дека ни се најголеми непријатели ?
Оној претходно на нашите преродбеници кои улече во Бугарски школи, пишувале за бугарштина у Македонија и биле горди на тоа ?
Или оној наратив за време на вардарска бановина дека сме Јужни Срби на кои само малку јазикот им се побугарчил?
Примерите што ги кажуваш за Власи, Ирци или Роми не се соодветни, бидејќи во случајот на Роми на пример, тие биолошки се разликуваат така да си ја знаат лозата, додека истовремено имаш Власи у Македонија кои си ја несомнено негуваат словенската култура и се најголемите патриоти
, едноставно ептен се инкорпорирани во културата.
Едноставно нашиот случај е дека ништо посебно во културата не те издава дека си нешто различно од Словен, освен турскиот менталитет, храна и обичаи.