Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Арсовска дефинитивно не можат да ја контролираат и тоа е една од подобрите работи што се дешаваат на политичката сцена јас сум изненаден како им пркоси на цело вмро,најдобра опција е да оформи нејзин политички субјект и да проба да земе некој пратеник на следните парламентарни.Проблем е што нема некакови си блескави резултати од нејзиното водство на градот али тоа е разбирливо поради блокадата од цела партиска машинерија на вмро но споредбено немаат некаков политички успех нит Таче како премиер нит пак Мицковски како лидер на опозиција некој не го ферма 2%.
 
Ова е втор пат Данела и Косана "машки" да се фатат за гуша со најкриминогените структури меѓу Албанците, со кои никој друг не сакал да се расправа од 2001-ва наваму. Прво беше со оној што пукаше при инцидентите на протестите лани, сега со овие Дарлишта кои се една од најпознатите "командантски" фамилии од УЧК во државава. И за тоа треба да им се пружи рака и максимално да се подржат. Мицковски ова вика дека ќе го прави на ДУИ ако добие власт, ама засега неговото е само на зборови, овие го прават и на дело.
 
Ѓубрето во градот не било исчистено, бидејќи се чистело ѓубрето во институциите кое 20 години земало плата, а не одело на работа.

Ја би уште една година да гледам полни контејнери, само да се продолжи да се чистат паразитите во институциите.

Директорката на Комунална хигиена не им го продолжила договорот на лица кои 20 години земале плата, а не оделе на работа, од нив добила закани по животот

Директорката на Комуналното претпријатие Скопје, Косана Мазнева вели дека добивала сериозни закани по животот од страна на група на вработени кои 20 години земале плата, а не оделе на работа. Тие единствено биле задолжени за „наводна“ трета смена во претпријатието која поскапо се плаќа, работеле и прекувремени часови, а воопшто не оделе на своето работно место. Мазнева не им го продолжила договорот на овие лица.

Таа обвини дека оваа група им се заканува на останатите вработени да не излегуваат и да работат и затоа вели таа, на 40 степени во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје.

Арсовска: Откривме луѓе кои во Германија си возат камиони, а од тука си земаат плата

„Да се расчисти со оние кои не одат на работа, а земаат плата“, рече Данела Арсовска на денешната прес-конференција заедно со директорката на ЈП Комунална Хигиена Косана Мазнева.

„Треба да се стави крај на овие луѓе кои земаат плата, а не доаѓаат на работа. Наместо да кажете дека ние конечно дојдовме да ги разобличиме овие и да не дозволиме никогаш повеќе да не се случува. Замислете, ние откривме луѓе кои си се во Германија си возат камиони, а од тука им стигнува плата од претрпијатието“, рече Арсовска.

qAgcrGH.png

Бидејќи познавам луѓе кои се или во роднинска врска или се познаници или пријатели со партиски паразити кои се на платен список по јавните претпријатија, можам да потврдам дека има вистина во ваквите тврдења на нашава скопска медочуварка.

Има корисни идиоти со партиски книшки вработени во скопските јавни претпријатија кои никогаш не се имаат појавено на работа, а земаат плата затоа што воопшто не се појавиле на работа и ништо немаат сработено.

Не планирам да ја бранам нашава скопска медочуварка, и знам дека клати врата - земај плата е од поодамна воспоставен принцип за партиски вработувања во северенфиромистан, но за ова можам да потврдам дека е чиста вистина.
 
А што е проблемов што албанците ја почитуваат жртвата на семејството Јашари?

Toa го забележа, а не виде дека на седиштето на ДУИ го нема македонското знаме. Таа партија чии интереси застапува, на која држава?

1689018423644.png

Плус, каде им е верзијата на македонски јазик на нивниот сајт? Нели имаа и Македонци помеѓу нивното членство?
 
Последно уредено:
Арсовска дефинитивно не можат да ја контролираат и тоа е една од подобрите работи што се дешаваат на политичката сцена јас сум изненаден како им пркоси на цело вмро,најдобра опција е да оформи нејзин политички субјект и да проба да земе некој пратеник на следните парламентарни.Проблем е што нема некакови си блескави резултати од нејзиното водство на градот али тоа е разбирливо поради блокадата од цела партиска машинерија на вмро но споредбено немаат некаков политички успех нит Таче како премиер нит пак Мицковски како лидер на опозиција некој не го ферма 2%.
Не ја контролира Мицковски ниту Таче, но ја контролира ефенди Будапешт. На година ипол ќе најди вака некоја тема колку да не ја заборават, инаку само Инфомакс и нејзините дома ја фалат досега. Не сум од ск, ама од што имам со пријатели и познаници од СК, ниту еден не е задоволен од нејзината работа.
 
Чекајте ЧЕКАЈТЕ, простите сдсмовчиња и вмровчиња се фатија за тоа дека ѓубрето од контејнерите не било собрано? Кретени глупи, цела држава е во смет, нема м2 од овие сироти 25 000 м2 без отпадоци и ѓубре. Ни димитар, ни мицко, ни грујо, ни артан, ни еу, ни бугарија не ти се криви и не те тераат да го фрлиш шишето од кола или плочките и шољата покрај патот на ридот. Очигледно не се сите такви простаци ама штом има толку ѓубре значи многу голем дел се. Штом луѓето кур ги боли каде и во каква околина живеат, заеби корупција, криминал, име, историја, скроз небитно е.

Сега го косеа автопатот Штип-Миладиновци од страните беше преполно со ѓубре дури се изненадив колку има. Исто шетам по еден рид од мое маало нагоре, и покрај асфалтираниот пат е нон стоп ѓубре, плочки, шишиња, кондоми...

Од сите состојби во државата, ова ми е нај triggering. Многу битна тема која уопште не се дискутира и не знам дали само јас го имам тој впечаток за тоа колку е алармантна ситуацијата.
 
Ne se slozvam so tebe, gubrina koj sto frlaat gubre ima sekade niz cel svet, ama tamu nikoj ne veli “Штом луѓето кур ги боли каде и во каква околина живеат, заеби корупција, криминал, име, историја, скроз небитно е”. tuku instituciite si ja brkaat rabotata I go cistat gubreto.
 
Чекај сакаш да кажеш дека неморале името да го сменат и да потпишат разноразни предавнички договори и да чекаат странци да им дојдат да ги средат пошто мислат дека се неспособни?
 
Гледајте на позитивна страна, ова со стаорците е знак дека Скопјемце се повеќе личи на големите урбани центри како Њу Јорк, Чикаго, Париз, Рим. :icon_lol:
 
Не ја контролира Мицковски ниту Таче, но ја контролира ефенди Будапешт. На година ипол ќе најди вака некоја тема колку да не ја заборават, инаку само Инфомакс и нејзините дома ја фалат досега. Не сум од ск, ама од што имам со пријатели и познаници од СК, ниту еден не е задоволен од нејзината работа.
Ако Будапешт ја контролира тогаш која е целта на Будапешт?
Не е дека само од неа е некој незадоволен туку како што пишав од никој политичар народот не е задоволен со исклучок на освен албанците од Ахмети.
Она што ја одделува Данела од останатите е тоа што не попушта под притисоци односно не прави политички компромиси за мир во куќа ко што прават сите останати политичари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom