Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Потрошувачка на бензин да, намалена. Но не и на дизел, ниту на други горива.
Дизелот се користи претежно за транспорт на карго и тешки возила.
Оттука логички е неговата употреба да е иста ако се има предвид фактот дека засега се продаваат само лесни електрични возила (возила за лична употреба).
Фактот дека бензинот е во намалена побарувачка зборува доволно за влијанието на ел. возила.
Слично како со керозинот на графикот.

Следни на отстрел се дизелите.
Транспортот на карго е следен.
Авионите ќе почекаат.

Нема ни да се деси било каков транспорт освен на приватни возила значајно да се префрли на батерии.
Ќе се деси.
Развојот на батериите е како развојот на полупроводниците. Експоненцијален. Цената им се намалува, густината им се зголемува, во игра се еден куп технологии, инвестициите постојано се зголемуваат, побарувачката расте итн.

друго проекција дека ќе возиш под 20К годишно за да 8 години да ти трае колата. Па да ја смениш пошто замена
Видовме дека ел. возила без проблем може да возат под гаранција без да има потреба на смена на батерии по 200 000+км. Од твој извор.
да споредиме колку загадува генерирањето на електрична енергија ширум светот.
Споредбата е битна само колку енергија троши електричното возило.
Ете и на твојот линк, и овие 2та погоре од кој едниот од американската агенција за заштита на околината вика дека се далеку помали емитери на јаглерод отколку останатите.

Патем, пад од 70% на користењето на бензин е сериозен пад и добар показател колку се добри електричните возила и колку се користат. Норвешка навистина е пример за останатите.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Не можеш да декларираш дека комерцијален транспорт ќе мигрирал на батерии со некое линкче од проект на Тесла... Уствари можеш, ама никој нема да те разбере озбилно. Пошто не си озбилен.

Норвешка дала скоро 2 милијарди евра за субвенции, за да замени милиони евра вредност на еквивалентно потрошено фосилно гориво. Тоа е пример, да. Пример за пребогата држава каде може и да се фрлаат пари.
Батериите се иднината, ама не литиумските. Треба многу подобра технологија на батерии за почнување на смена на парадигма.

Сето тоа за да има еколошки ефект е условено од добивање на електрична енергија без загадување. Се утепа од реплицирање на слични или исти постови на темава, ама не најде време да посочиш статистики за загадувањето од создавање на електрична енергија.

Преносот кај електрични возила бил најефикасен, ама нема врска што батериите му биле наполнети од струја направена со горење лигнит јаглен во ТЕЦ каде термалната енергика „многу ефикасно“ се претвара во електрична енергија. Итн, итн... Ти реков дека береш цреши.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Сето тоа за да има еколошки ефект е условено од добивање на електрична енергија без загадување. Се утепа од реплицирање на слични или исти постови на темава, ама не најде време да посочиш статистики за загадувањето од создавање на електрична енергија.
Од претходниот пост:
In the worst case scenario, an electric car with a battery produced in China and driven in Poland still emits 37% less CO2 than petrol.
Кина и Полска најголем дел од својата енергија ја добиваат од јаглен. Затоа и се земени како најлош случај.

EPA:
EVs convert over 77% of the electrical energy from the grid to power at the wheels. Conventional gasoline vehicles only convert about 12%–30% of the energy stored in gasoline to power at the wheels.
комерцијален транспорт ќе мигрирал на батерии
Веќе е во почетна фаза.
Не е само Тесла. Има и други.
Тесла Семи е веќе во производство и има долга листа на купувачи.
Јас можеби не сум озбилен, ама Мерцедес, Форд, Тесла и други се.

Аргументот дека и транспорот на карго е следен за електрификација е овој:

Развојот на батериите е како развојот на полупроводниците. Експоненцијален. Цената им се намалува, густината им се зголемува, во игра се еден куп технологии, инвестициите постојано се зголемуваат, побарувачката расте итн.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Прво ти побарав статистика за загадување. Не СО2.
Знаеш, вистинско загадување не измислено. Чадови, пм честички од секакви величини, саѓи, катрани, хемии, отрови, радијации, итн. Колку ЗАГАДУВАЊЕ се ослободува при производствто на струја?

Второ, колку е ефикасна конверзијата на енергијата во електрична енергија во електраните? Термоцентрали, нуклеарни централи, итн. Зошто од таму добиваме електрична енергија, обновливите извори се со маргинален учинок.
Те прашувам колку е ефикасна конверзијата на енергијата во електраните, да видиш сам колку ступиден небитен аргумент е тој за ефикасноста на електричните мотори наспроти моторите на фосилни горива.

Фокусирај се, две работи:
- колку загадување се добива при обезбедувањето електрична енергија за воопшто да можеш да ги наполниш „еколошките“ батерии
- колку е ефикасна конверзијата во електраните
 
Па читај наназад бе Ванлок.
На неколку пати е пишано тоа.
Навистина не сакаш да го споредуваш аеро загадувањето при горење нафта со се останато. Уште полошо е со загадувањето на водата.
Значи тоа е сржта на проблемот. Загадувањето од нафтата е неспоредливо поголемо од било што.
Најгнасниот начин на производство на ел. енергија е јагленот, далеку помал загадувач споредено со нафтата.
Уделот на јагленот во производството на струја во повеќето земји е под 50%.
Во повеќето развиени земји, сулфатите, азотите, микро честичките и сл одат во филтер од централите на јаглен.

Најбитниот дел од тоа загадување е да се премести надвор од населените средини. Електричните возила го прават токму тоа. Уште една битна придобивка.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Сакаш ти да извадиш статистика, или морам јас?
Автоматски споено мислење:

Најбитниот дел од тоа загадување е да се премести надвор од населените средини. Електричните возила го прават токму тоа. Уште една битна придобивка.
Ова всушност е единствената придобивка.
Другото се приказни и политички агенди.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Сакаш ти да извадиш статистика, или морам јас?
Ај те молам. :)

Патем, супер што расчистивме со останатите делови од дискусијата. Електричните возила се иднината.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Од она што го гледам јас во моментов најбрз пат до остварување на преоптимистичките еколошки норми е драстично намалување на потрошувачката на запад. Затоа што реално еве да земиме ние немаме толкава потрошувачка на енергија како тие на запад, а да не правиме муабет за африканските земји кои трошат уште помалце енергија од нас.

Драстично намалување на потрошувачката е можно или со зголемување на цените на производите или со намалување на платите, или и двете во исто време.

Кога ќе го сфатат ова западните потрошувачи ќе летаат партали од овие што заговараат борба против глобалното затоплување.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.404

Најголемите загадувачи на околината денес се товарните бродови и танкерите, а не автомобилите и средствата за копнен превоз.

Повели побарај колкави количини на издувни гасови исфрлуваат товарните бродови и танкерите наспроти автомобилите и средствата за копнен превоз, ќе откриеш дека целата агенда за напуштање на автомобилите и средствата за копнен превоз на погон на мотор со внатрешно согорување, е една од најголемите измами на 21-от век.

Да, треба масовно да се инвестира во намалување на глобалното загадување, но треба да се започне со најголемите загадувачи, а тоа се поморските транспортни и превозни средства.

А ако им кажеш на најбогатите и најразвиените светски економии да го секнат бродскиот транспорт или да го направат екстремно скап, а со тоа и крајните производи кои ги транспортира бродскиот транспорт да станат неподносливо скапи, тогаш слободно можеш да се збогуваш со капитализмот и илузијата наречена слободна трговија.

Иницијативата на Кинезите наречена Појас и пат би била изводлива преку копнени превозни и транспортни средства, ама па од тоа тешко дека некој од западните брегови на северниот Атлантски Океан ќе види заработувачка, а европејците ќе мораат да се помират со зависноста од копнен увоз кој ќе доаѓа од Русија, Белорусија, Турција, а да, и од Украина.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.706
Поени од реакции
42.293
којзнае што им спрема кралот Чарлс на енглезиве. Вчера им активирал некој часовник што одбројува до 2030та, тогаш ќе кажеле збогум на загадувањето демек.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Како да завртиш електричните автомобили во денешната изведба, не се никакво решение на проблемите. Не се смена на парадигма, не се ни блиску.

@Human создавањето на електрична енергија создава неспоредливо повеќе загадување од тоа од моторните возила. Притоа слободно рачунај дека конверзијата на топлинска во електрична енергија дека е многу помалку ефикасна отколку моторите на внатрешно согорување во автомобилите. А како што гледаш најголем дел од електричната енергија се генерира со горење на фосилни горива. Нафтата што толку ја спомнуваш, не учествува ни со 3%
Еве на ниво на планетата просек од кои извори се генерира електрична енергија. Првиот линк што ми искочи на пребарување.

Патем, супер што расчистивме со останатите делови од дискусијата. Електричните возила се иднината.
Да... Засега прилично далечна иднина.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Од она што го гледам јас во моментов најбрз пат до остварување на преоптимистичките еколошки норми е драстично намалување на потрошувачката на запад. Затоа што реално еве да земиме ние немаме толкава потрошувачка на енергија како тие на запад, а да не правиме муабет за африканските земји кои трошат уште помалце енергија од нас.

Драстично намалување на потрошувачката е можно или со зголемување на цените на производите или со намалување на платите, или и двете во исто време.

Кога ќе го сфатат ова западните потрошувачи ќе летаат партали од овие што заговараат борба против глобалното затоплување.
Еколошките норми, особено овие последните години за емисиите на јаглерод се тешка глупост. Не може преку ноќ да направиш транзиција на нешто што цел век ти ја изградило не индустријата, туку цивилизацијата.
Не дека не треба да ги има, туку треба да бидат реални.

Не знам бе, некако многу голема побарувачка имаат. :D

Најголемите загадувачи на околината денес се товарните бродови и танкерите, а не автомобилите и средствата за копнен превоз.
Дистрибуција на емисиите на јаглерод низ секторот за транспорт.
Колите - 40%
Камионите - 23%
Бродовите - 11%
HTML:
<a href="https://www.statista.com/statistics/1185535/transport-carbon-dioxide-emissions-breakdown/" rel="nofollow"><img src="https://www.statista.com/graphic/1/1185535/transport-carbon-dioxide-emissions-breakdown.jpg" alt="Statistic: Distribution of carbon dioxide emissions produced by the transportation sector worldwide in 2021, by subsector | Statista" style="width: 100%; height: auto !important; max-width:1000px;-ms-interpolation-mode: bicubic;"/></a><br />Find more statistics at  <a href="https://www.statista.com" rel="nofollow">Statista</a>
Да... Засега прилично далечна иднина.
10 милиони продадени за една година и раст од приближно 50% зборува поинаку. :)

@Human создавањето на електрична енергија создава неспоредливо повеќе загадување од тоа од моторните возила.
Зборуваме за секое загадување освен СО2, така? Ситуацијата со СО2 е ваква. Приближно тука се.
Загадувањето со останатите лоши хемикалии е вака отприлика.
Процентуално е помало.

Битното тука е што, ова загадување директно влијае врз луѓето и најбитно е да се дислоцира што подалеку од населените средини.
Уделот на јагленот во производството на струја е се помало и помало.

https://www.swarthmore.edu/environmental-studies-capstone/comparison-against-other-fossil-fuels
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
СО2 навистина не го гледам како загадување, не без емпириски податоци (не претпоставки, не теории хипотези, и не пропаганди).
Она што е реално, е дека загадувањето од создавање електрична енергија е големо. Не само тоа, туку и загадувањето од индустријата е големо, меѓу другото и загадувањето од создавањето на електрични автомобили, литиумски батерии, итн. Загадувањето секако е големо.
Загадувањето од патничките автомобили е исто така реално, но е ништожно во однос на се друго што загадува (што набројав, и што не набројав).

Загадувањето - наводно - се намалува со замена на класични со електрични автомобили, но тоа е во ништожен обем во однос на целокупното загадување што се случува.
Се фаќаш за сламки. Ти покажувам дека најголемиот дел од струјата се добива од јаглен, ти ми кажуваш удделот на јагленот се намалувал. За стотина од процент се намалува годишно? Кога ќе престане да се употребува јаглен?

Ништо значајно нема да се смени во догледно време. Не додека не се случи нешто револуционерно. На пример додека не се направат исплатливи реактори на фузија прво и првенствено. Но како што стојат работите попрво ќе видиме нови генерации на батеријска технологија, отколку тоа. Кога ќе добиеме подобри батерии, тогаш ќе добиеме пофункционални електрични автомобили, но и тогаш тие нема глобално да го намалат загадувањето, не значајно. За тоа ќе треба револуција во технолгијата на созадавање електрична индустрија.

Тоа кажано, едно резиме за твоите мислења на дискусијава во последниве денови: Апсолутно го дрвиш, како што му замери на колегата поназад. Игнорираш глобала додека се фокусираш на детали. Од дрвата не ја гледаш шумата, или како што веќе ти кажав - береш цреши.
За иста работа навиваме ама треба и реални да бидеме (за да не не прават будали тие со полтички агенди). Олабави се малку.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Не знам бе, некако многу голема побарувачка имаат. :D
Исто како микробрановите, арни се кога брзаш :)
Инаку во многу земји имаат попуст на регистрација за електрични, и плус има субвенции од државите, затоа се барани. Се возев внатре во Тесла и внатре е мизерија, нула комфорт, минималистичко и со рандом ефтини пластики и доста тесно. За истите пари има да се возам во SUV што има маска како табла во Боинг, да не правиме муабет што лежечките нема ни да ги приметувам :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom