Ајде да се вратиме на почеток.
Јас прашав зошто е објективно добро да се вметне некој малцински народ во уставот.
Ти ми одговори дека неможиме да гледаме објективно за прашањево и ми одговори дека вметнување(броење) на народите во уставот може да предизвика домино ефект затоа што некое малцинство може да зажари реторика на дискриминација.
Што значи, ти ми кажа една објективно лоша причина зошто не треба да вметнуваме(броиме) малцинства во устав.
Токму така. Незнам како си разбрал, меѓутоа јас можам строго да го критикувам нашиот устав како е уреден на тоа прашање. За жал, така одлучиле пред триесет и нешо години, а и тоа само по себе си црпи некои мимикирања на како одела уставната реторика во сфрј.
Ајде сега друго прашање:
Зошто е добро бугарите да се внесат во устав?(Има ли друга причина освен еу?)
ЕУ е ОГРОМНА причина сама по себе, така да секој твој обид да го минифицираш тој бенефит ќе биде обичен спин.
Кога веќе бараш друга, чисто субјективно, но размисли малку зошто уствари бугарите не се во уставот.
Историски гледано, повеќе од јасно е дека предоминантно после втората светска војна, во Македонија, бугарофилскиот елемент овде бил сериозно сегрегиран.
Оние што покажувале бугарски чувства биле бркани, убивани и праќани на Голи Оток.
Имало сериозна пропаганда низ школскиот систем да се замразат бугарите.
Презимињата од -ов им биле намерно ставани на -ски да бидат "дебугаризирани".
За сето тоа главен виновник е српската политика се разбира и општо коминтерната, меѓутоа еве дури и да не веруваш у тоа бидејќи не си ја разбрал доволно нашата историја, да негираш дека постоеле луѓе кои сакале да се идентификуваат како Бугари после втора светска војна у Македонија е рамно на тоа да тврдиш дека 2+2 се 5.
Е сега, fast forward до нашата за прв пат, независна Република Македонија.
Имаш устав во кој броени се Србите, Албанците, Босанците, Турците, Власите и тн, меѓутоа Бугарите никаде ги нема.
Ако претходно комунизмот бил за обвинување, после 91ва да не го ставиш соседниот народ што е најсличен на тебе според сите можни обележја, со евидентни испомешани истории без никаков сомнеж, е буквално лечење комплекси. Тоа само индицира дека ние сме тие што нешто криеме. Ако ти ова го гледаш као малку тогаш океј.