Го фатија ДПНЕ за јајцата. Сега храбрите патриотчиња ќе си гласаат за промена на уставот затоа што батали државата ако ни ги земат штабовите.
Oдложена одлуката на Апелација за одземање на штабот на ВМРО-ДПМНЕ
Апелациониот суд Скопје ја извести јавноста дека е одложена одлуката за предметот „Талир 2“ поради ангажман на бранителите во други кривични предмети.
-Апелациониот суд Скопје ја информира јавноста дека Јавната седница за предметот заведен под број КЖ-232/23 , со работен наслов „Талир 2“, се одложи на барање на одбраната на обвинетите Н.Г. и К.Б., двајцата од С., а поради ангажираност на бранителите во други кривични предмети, како што беше наведено во писмениот подесок од 26.06.2023 година. Јавната раправа е презакажана за 29.09.2023 година со почеток во 9.30 часот, велат од Апелација.
За случајот „Талир 2“ поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски доби затворска казна од 6 години затвор, додека поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски, доби условна затворска казна од две години ако во рок од пет години не стори ново кривично дело за случајот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на партиското седиште на партијата.
Во првостепената пресуда судот бара конфискација на главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и уште на 30 штабови ширум државата.