Слободно земи дизел 2,0 хди. Еден од најдобрите дизел мотори некогаш направени, без проблем оди до 500 00 км со правилно одржување. И ц4 и 307 се базирани на истата платформа и генерално едино разлика има само во каросериските делови и тие од ентериерот. Така да повеќе е прашање на вкус и што ти се допаѓа повеќе.
И двете коли не се воопшто склони кон корозија така ако имаат корозија 100 % биле удрени па правени.
Од бензинците од 1.6 па нагоре, 1.4 е преслаб и многу тром. Ако има плин воопшто не ја гледај колата. Делови имаш секаде и нови и половни со цени за секој џеб, одржавањето е ефтино, масло на 2.0 хди оди 5-40 кое е доста ефтино, филтерите се доста ефтини исто...делови од типот на јабучици, спони и сл, се смешно ефтини по 500 до 1000 ден. зависи од квалитет.