Ѓаволот-старата змија

Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.290
Јас ќе се напраам дека не сум го прочитал постов и
ќе се повлечам во моите одаи...
...
Ама затоа, сите романчиња со Блек Стена и Загор Те-неј ги имам прочитано.
Хехе нека биде така како што велиш..:coffee:
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Хмммм...и како се изведува „помирувањето со себе си„? Имаш некој штос, досетка, метода?...
...е добро,ќе се направам дека не гледам како иронично се смешкаш па ќе го напишам токму тоа што го доживувам со себеси
..."помирувањето со себе си" е:
-патот по кој сум одлучил да одам до сега имаше многу крстосници.Понекогаш сум знаел да го одберам вистинскиот пат за себе,но многупати сум талкал со километри за да сфатам дека не е вистинскиот пат за мене.Па ајде назад на раскрсницата и одбери нов :)
...луѓето што ги сретнував по мојот пат беа пречекани секогаш со отворено срце.Многу штета,малку ќар од нив што би рекол народот.Но од секоја злоба,од секоја пакост и завидност,од сите убави и неубави моменти знаев да го извлечам најдоброто за мене.Макар и по цена на многу болка,солзи и пот...
...книгите што биле прочитани,и што сеуште се читаат ги доживувам и живеам...не ги читам
...научив да бидам искрен спрема самиот себе и да го слушам гласот на разумот и на моето срце...го пронајдов мирот во "чистите сметки",пријателе
...сеуште иронично се смешкаш?:)
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.700
Како успевате да се помирите???
ДУШАВА талка...
Понекогаш ќе помисли,
стигнала на крај од патот.
Животни раскрсници - безброј.
Исто толку пати сум се враќал на почетокот.
Ѓаволот ли ме водел во погрешна насока?
И не се смирува веќе...
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Како успевате да се помирите???
ДУШАВА талка...
Понекогаш ќе помисли,
стигнала на крај од патот.
Животни раскрсници - безброј.
Исто толку пати сум се враќал на почетокот.
Ѓаволот ли ме водел во погрешна насока?
И не се смирува веќе...
... немој да престанеш да одиш
...немој да престанеш да го сакаш секој нов ден
...не ја одбивај болката од себе
...знам дека е морбидно и тажно,но така раснеме и успеваме во секоја убавина потполно да се радуваме и да ја чуваме во нашите срца ;):)
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
...е добро,ќе се направам дека не гледам како иронично се смешкаш па ќе го напишам токму тоа што го доживувам со себеси
..."помирувањето со себе си" е:
-патот по кој сум одлучил да одам до сега имаше многу крстосници.Понекогаш сум знаел да го одберам вистинскиот пат за себе,но многупати сум талкал со километри за да сфатам дека не е вистинскиот пат за мене.Па ајде назад на раскрсницата и одбери нов :)
...луѓето што ги сретнував по мојот пат беа пречекани секогаш со отворено срце.Многу штета,малку ќар од нив што би рекол народот.Но од секоја злоба,од секоја пакост и завидност,од сите убави и неубави моменти знаев да го извлечам најдоброто за мене.Макар и по цена на многу болка,солзи и пот...
...книгите што биле прочитани,и што сеуште се читаат ги доживувам и живеам...не ги читам
...научив да бидам искрен спрема самиот себе и да го слушам гласот на разумот и на моето срце...го пронајдов мирот во "чистите сметки",пријателе
...сеуште иронично се смешкаш?:)
Алал да ти е...нема потреба од смешкање, оти очекував дека ќе напишеш некоја световна мудрост, која има сосема поинаква содржина од начинот на кој поимот „помирување со себе„ е разбран во склоп од учењето од Црквата.

Напишаново од тебе е само школска класика за начелото „учење по методот „обиди и грешки„„.

Тоа не значи дека си го нашол вистинскиот пат, ако веќе си згрешил и си седнал пред крстосница од која почуваат некои други патишта...
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Koe bese vtoroto???
Прво...
Ако си Син Божји, кажи овие камења да станат лебови.”
4. А Он му одговори и рече: „Напишано е – »Не само од леб ќе живее човекот, а од секој збор што излегува од устата на Бога.«“

Второ...
5. Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на храмовата стреа,
6. и Му рече: „Ако си син Божји, скокни долу, зашто во Писмото стои: »На ангелите Свои ќе заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш некако ногата од камен.«“
7. А Исус му рече: „Напишано е исто така -»Не искушувај Го Господа, Твојот Бог«.”

Трето...
8. Го одведе ѓаволот потоа на многу висока планина, и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава,
9. и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.”
10. Но Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: »На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само нему да Му служиш!«“
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Алал да ти е...нема потреба од смешкање, оти очекував дека ќе напишеш некоја световна мудрост, која има сосема поинаква содржина од начинот на кој поимот „помирување со себе„ е разбран во склоп од учењето од Црквата.

Напишаново од тебе е само школска класика за начелото „учење по методот „обиди и грешки„„.

Тоа не значи дека си го нашол вистинскиот пат, ако веќе си згрешил и си седнал пред крстосница од која почуваат некои други патишта...
...не барам признанија и тапкање по рамо за моитe дејанија @PROROKOT
...дали е школски пример или не е, воопшто не е важно колку е важно да ги "изживееме" нашите желби и амбиции,нашите стравови и болки
...прибежиштето во верските книги и писанија е само привид на помирување со самиот себе
...а тоа не не прави помали и поневредни верници од оние што строго се држат по тој кодекс.Но,во исто време и ги разбирам и прифаќам оние што размислуваат и дејствуваат во тој правец.
...искрено,ми смета таквиот пристап кон нештата,бидејќи и Религијата е човечка творевина...несовршена,склона на манипулации и извитоперувања
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
...не барам признанија и тапкање по рамо за моитe дејанија @PROROKOT
...дали е школски пример или не е, воопшто не е важно колку е важно да ги "изживееме" нашите желби и амбиции,нашите стравови и болки
...прибежиштето во верските книги и писанија е само привид на помирување со самиот себе
...а тоа не не прави помали и поневредни верници од оние што строго се држат по тој кодекс.Но,во исто време и ги разбирам и прифаќам оние што размислуваат и дејствуваат во тој правец.
...искрено,ми смета таквиот пристап кон нештата,бидејќи и Религијата е човечка творевина...несовршена,склона на манипулации и извитоперувања
Не можам да се сетам зашто ваквите текстови ми наликуваат на оние од @alf...

Ем се стремиш кон „вистинскиот пат„, ем релативизираш до бесвест...

Или како што би рекол сам Бог-нека ти биде според верата твоја...
Автоматски споено мислење:

Верник си ти или само глумиш верник?
Како ти се чини-сум или не сум?...
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Како ти се чини-сум или не сум?...
Ќе ти кажам, ако ти ми одговориш на едно прашање од твојата вера/догма.

Зошто ѓаволот се користи со писмата за да го наведе на грев т.с. придобие и Исус со истите писма се користи да му затвори уста?

Прво...
Ако си Син Божји, кажи овие камења да станат лебови.”
4. А Он му одговори и рече: „Напишано е– »Не само од леб ќе живее човекот, а од секој збор што излегува од устата на Бога.«“

Второ...
5. Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на храмовата стреа,
6. и Му рече: „Ако си син Божји, скокни долу, зашто во Писмото стои: »На ангелите Свои ќе заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш некако ногата од камен.«“
7. А Исус му рече: „Напишано е исто така -»Не искушувај Го Господа, Твојот Бог«.”

Трето...
8. Го одведе ѓаволот потоа на многу висока планина, и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава,
9. и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.”
10. Но Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: »На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само нему да Му служиш!«“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom